Автор: Николоска Биљана
Post Views: 176 Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од...
На охриѓани не им гори под нозе
Post Views: 197 Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира.Атмосферата во Битола...
Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода
Post Views: 207 Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода. „Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила...
Директорите на струшките училишта потпишаа меморандум за мир и толеранција
Post Views: 174 Младинскиот Центар од Струга ги собра сите директори на струшките јавни и приватни образовни установи. Целта на средбата беше потпишување меморандум, со кој директорите треба да се залагаат за мир и толеранција во училиштата во престојниот предизборен период. Меморандумот значи отпочнување на една значајна соработка помеѓу струшките училишта, вели Бранкица Затаракоска од МЦ Струга.„Иницијативата покрената од директорите на училиштата, поддржана од граѓанските организациии и општина Струга, дојде до идеа да оформи меморандум за зедничко делување кој што сите директори...
Проект-печат на Иванов
Post Views: 156 Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади...
Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера
Post Views: 193 Денес во Охрид почна работниот дел од парламентарните разговори во рамки на дијалогот Жан Моне кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми за кои се дискутираше на денешната дебата е Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон јакнење...
Струшкиот Совет ја одржа последната седница
Post Views: 162 Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам и мајтапење на законските прописи. Затуроски додава...
Се чека нов извршител
Post Views: 188 „Не знам каде веќе да се обратам“. Вака отпочна разговорот со Весна Петреска која се обрати до нашата редакција, немоќна да се справи со проблемот со кој се соочува веќе цели 5 месеци. Имено, како што кажа Петреска, поради долг на кредитна картичка, постапката стигнала до извршител. Година и два месеци, извршителот, секој месец повлекувал една третина од платата на нејзиниот сопруг, со цел да се исплати долгот кон Шпаркасе банката. Петреска вели дека тие го подмириле долгот кон банката но парите не стигнале до доверителот. Од вкупно 97 000 денари колку што му биле...
Презентација на проектот „Посвојте парк“
Post Views: 157 Со доделување на сертификатите на учениците, учесници во „Зелената Академија“ отпчна првата активност на проектот „Посвојте парк“. Станува збор за мошне важен преокт од областа на екологијата, чија што цел е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија, како и тоа да се инспирираат сами да преземат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа замјава во насока на еколошка свест, вели Катерина Василеска проектниот координатор од „Локалната агенција за развој“. „После оваа активност, „Зелената академија“ која што...
Платата во МЈП „Проаква“, доцни
Post Views: 172 МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава .„Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените земаат плата, нас ни остана наследено...
Музиката во Охрид под контрола
Post Views: 175 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста.„Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е предвидена...
Привилегирани советници
Post Views: 163 Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време. „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...