Автор: Николоска Биљана
Post Views: 49Ден за дружба меѓу учениците од различни етникуми во Средното општинско училиште „Нико Нестор“, Струга. Под маска, добра забава и дружба учениците од ова училиште покажаа дека во училиштето владее соживот и сите немили настани остануваат во минатото, како што нагаси директорот Никола Затуроски.„Нико Нестор од 2008 година навака како училиште ги нема тие инциденти повеќе што се наназад. Затоа би сакал и вие лично како медиуми да се заложиме максимално да ја пренесуваме информацијата и позитивниот дух на нашево училиште дека владее разумот пред се толеранцијата и години наназад...
Сторителот на семејно насилство надвор од домот
Post Views: 61Сторителот на семејното насилство надвор од домот. Ова го предвидуваат новините на Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Досега жртвата на семејно насилство беше згрижувана, потенцира заменик министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибраими. Со законските измени насилникот ќе добие забрана да се приближува до домот, да и телефонира на жртвата, или да се приближува до работното место. Ибрахими признава дека во досегашното искуство за решавање на проблемот со семејното насилство, имало големи пропусти во работата на Центрите за социјална...
Посебниот линиски превоз, проблем во Струга
Post Views: 49Проблем со посебниот линиски превоз во Струга. Околу 150 средношколци од СОУ „Нико Нестор“ и „Ибраим Темо“ деновиве од свој џеб плаќаат превоз од училиште до дома и обратно на релација Охрид – Струга. Родителите се револтирани, бараат одговор од директорите да појаснат на што се должи ваквата состојба, а дел од нив како што кажаа за ТВМ веќе размислувале своите деца да ги префрлат во охридските средношколски центри. Директорот Никола Затуроски, смирува и во име на двата средношколски центри тврди дека до понеделник проблемот ќе биде надминат.„Вие знаете дека се спроведува...
Седум децении слободно Вевчани
Post Views: 61Синоќа во Вевчани беше одбележан големиот македонски и вевчански јубилеј 70-те слободни години и 7 децении заедничка изградба и препород на земјата и на Вевчани. По тој повод во вевчанскиот дом на култура се одржа свечена академија на која говореше градоначалникот Цветомир Угриноски. Тој во својата реч потенцираше се што во овие 7 децении е направено за Вевчани, како и за тоа кои се приоритните проекти за реализација на општината во иднина. На сите заслужни вевчанци кои во изминатите 70 години вложиле дел од себе за опстојувањето, изградбата и афирмацијата на Вевчани им беа...
Малолетничкото престапништво во пораст
Post Views: 56Малолетничкото престапништво во пораст. Тоа го зборува извештајот за 2013 година од државниот Совет за превенција на детско престапништво, кој изнесол фрапантни податоци. Точно тоа бил мотивот и идејата на струшките пратеници во Собранието на РМ да организираат една трибина во Струга во присуство на сите претставници кои се засегнати од појавата на малолетничко претстапништво, со цел да се осознае колку е алармантна состојбата во општината на ова поле. „Според извештајот сакам да детектирам дека најслаба алка на ова поле е Локалната самоуптрава која покажува мошне слаб...
Две сообраќајни незгоди во Струга
Post Views: 54Две незгоди во Струга. За нецел саат екипата на телевизија ТВМ на пат при враќање од Вевчани, се најде на лице место на две сообраќајни незгоди. Едната на регионалниот пат Струга – Дебар, во Враништа веднаш пред самата црква Св Петка, другата пак на раскрсницата во село Мислешево, во која за среќе немаше повредени само е причинета мала материјална штета. Во незгодата која се случи во Враништа повредени се две лица, кои се префрлени во Општа болница Струга, каде им била укажана соодветна помош а потоа еден од нив поради сериозноста на повредите е префрлен во Специјалната...
Крвава ноќ во Вевчани
Post Views: 67Крвава ноќ во Вевчани. Вевчанци се во шок и неверување по двојното убиство кое се случи синоќа во 21 часот и 30 мин. Крвавиот инцидент на летната бавча во кафеаната Пјаца каде што беше убиен сопственикот на угостителскиот објект Владо Попески на 43 годишна возраст и неговиот дваесет години помлад пријател Матеј Ѓурчески, вевчанци, со огорченост го коментираат. Тие и денеска сеуште не можат да си дојдат на себе после синоќешниот злостор. „Цело село го потресе настанот, има двајца мртви и двајца ранети. Нашето село е мирно и досега не се памети таков злочин. Ова што го...
Почнува ракометната еуфорија во Струга
Post Views: 56 Ракометна еуфорија од вечерва во Струга. Започнува Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2014“ на отвореното ракометно игралиште на „Женска плажа.“ Турнирот ќе почне со ревијален натпревар меѓу домаќинот РК Струга и екипата на Металург – јуниор, по што следува свеченото отворање. Претседателот на организациониот одбор на турнирот Лилјана Затуроска, на ракометните репрезентативци им посака добар престој во Струга и успешни натпревари. „Со оглед на тоа дека учествувааат реномирани екипи на овој меѓународен ракометен турнир со тоа покажуваме дека овој традиционален струшки...






