Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Време е за зимски одмор

Post Views: 11 Градчето Банско, Р. Бугарија, сместено е во најубавиот дел на Пирин планина. Негова местоположба нуди одлични услови за планински спортови и туризам. Она што е спeцифично за ова место е хотелската база која е надолго и нашироко распространета низ целиот град но и околу него. Приказната за развојот на туризмот во Банско, започнува со влезот на капитални инвестици за изградбата на елитни хотели, апартмани, населби за одмор и модерни трговски објекти. Најголемиот луксуз во туристичката понуда на ова место го нуди групацијата „Bugariа Holiday“. Туристичката агенција...

Продолжи со читање

Спортските риболовци реагираат

Post Views: 8 Спортските риболовци реагираат за изловот на пастрмката и белвицата за време на нивниот мрест. Претседателот на СРК „Св. Апостол Петар“, Радован Димитриески, вели дека тоа го нема никаде во светот. За него е нејасно зошто се дозволува лов на белвица 6 дена,  во шпицот на нејзиниот мрест.„Од 15 ти октомври до 1 ви декември со помош на експертите и со одлука на министерството се вршеше лов на белвица со мрежи кои се помали од предвидените. Со тоа се нарушија многу закони“ -вели Димитриески.Димитриески е категоричен дека нема да молчат и дека со сите сили ќе се борат...

Продолжи со читање

Петрески: ДУП-от за „Св. Стефан“, законски

Post Views: 8 Градоначалникот Александар Петрески тврди дека во врска со изготвувањето и донесувањето на ДУП  за дел од туристичкиот комплекс Св Стефан исполнети се сите законски прописи.  Тој смета дека реакцијата од Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам има политичка позадина. „Јас стојам цврсто на ставот дека е направено се согласно законските прописи и дека сето друго што се обидуваат советниците на ВМРО- ДПМНЕ да го направат е кочење на развојот на Охрид и спротивно на законските прописи. Најавив и тогаш некои кривични пријави веќе се испратени за сите тие, за...

Продолжи со читање

Врвни експерти од интерна медицина достапни на охриѓани

Post Views: 16 Охридските интернисти одлично си ја познаваат својата работа. Тие денес беа пофалени од Проф. Д-р Татјана Чапароска субспецијалист пулмолог, која деновиве пресојува во нашиот град, поточно во охридската општа болница.  Д-р Чапароска во нашиот град е испратена од страна на Министерството за здравство со цел, таа, на помладите доктори да им пренесе дел од своите искуства. Чапароска задоволна од приемот на целокупниот персонал, како и од организационата поставеност на интерно одделение во општата болница.„Помалку имаме пациенти кои се испраќаат од центрите како што е...

Продолжи со читање

Свети Климентовата награда во рацете на поетот Ѓорѓо Димоски

Post Views: 8 Свети Климентовата награда годинава во рацете на истакнатиот поет Славе Ѓорго Димоски. Ова највисоко општинско признание, наградата Патронот на градот – Св Климент Охридски, на Димоски му е доделена за неговиот особен придонес во современата македонска литература и поезија. На денешното  претставување на имињата на годинешните лауреати, градоначалникот Александар Петрески истакна дека Свети Климентовата награда ќе биде врачена во вистинските раце на едно маркантно име во литературата, кој зад себе има над триесет годишен поетски и есеистички опус.„Творештвото на...

Продолжи со читање

Безбедни училишта

Post Views: 8 Ќе се подигнува нивото на безбедност во охридските образовни институции. Оваа најава доаѓа од раководителот на одделението за образование при локалната, Серафим Наумоски. Тој нагласи дека дека во тек е постапката за избор на Агенција за обезбедување, чии што ангажман ќе биде платен со буџетски средства на општината предвидени за тоа. Наумоски потенцира како во моментов е организирано обезбедувањето од нивна страна во училиштата.„Одреден број на училишта имаат обезбедување односно видео надзор, кај одредени училишта немаме, меѓутоа општината чинеше напори во текот на...

Продолжи со читање

Гасификација во Охрид?

Post Views: 12 Градските власти во Охрид најавија гасификација. Градоначалникот Александар Петрески тоа го планира како една од мерките за справување со енергетската криза, поради која, многу институции посебно образовните се дават во долгови поради обезбедување на неопходните енергенси за греење.„Планираме дел по дел во градот да воведуваме гасификација, т.е. првата област ќе биде околу Григор Прличев училиштето  каде што ќе поставиме мобилна цистерна за гас од каде што од исто место ќе се грее и Григор Прличев и детската градинка, гимназијата, економското училиште, општината и...

Продолжи со читање

Јавните претпријатија на колена

Post Views: 13 Јавните претпријатија  се на колена или во тешка состојба. Тоа е генерална слика за работењето на овие п-јатија во целата држава  ане само во Охрид, смета градоначалникот Александар Петрески. Тој кажа дека за бројните проблеми со кои се соочуваат ЈП било разговарано и на ЗЕЛС и со министерите и смета дека треба сериозно да се пристапи кон нивно решавање. Петрески воедно посочи и  кој, според него, е виновникот за ваквата состојба. „Кои се пред се не само од прекумерни вработувања туку од разни закони кои штетно влијаат врз работењето на претпријатието“-истакна...

Продолжи со читање