Автор: Николоска Биљана
Post Views: 78Елена Смилеска Сметеноска е новиот претседател на подмладокот на охридските либерали, ЛИДЕМ. Таа беше единствениот предложен кандидат за оваа позиција, која на вчерашниот состанок ја доби довербата од 42 делегати. Сметеноска потсети кои се нивните главни заложби.„Чест е да се биде дел од либерално демократскито тим. Како такви ние сме биле во првите редови на кампањи за добивање возачка дозвола на младите на 16 години -вели Сметеноска. Сметеноска потенцира дека во тек е формирање на нова кадровска поставеност во ЛИДЕМ, кои ќе ја заменат досегашната и ќе внесат освежување во...
Нова невладина на египќаните
Post Views: 84 Бесплатни економско – правни совети за сите египќани на општина Охрид. Тоа го понуди НВО „Форца Египќани“, која е новоформирана организација и од денес започна со своите активности. Кон нив се приклучи и НВО „Светла иднина 2009“. Двете НВО, потпишаа меморандум за соработка. Претседателот на НВО „Форца Египќани“, Петрит Хусеин, накратко појасна кои ќе бидат нивните заложби.„Соработката се заснова за заеднички напаори за остварување на уставно загарантираните права и салободи на египќаните, двете страни се согласуваат за заеднички настап за проекти и т н“-нагласи...
Живот без пари
Post Views: 85Во една полураспадната трошна куќарка во с.Издеглавје, охридско, живее Мара Димоска. Таа секое утро се буди со мисла дали ќе се снајде за храна за да го помине денот. Баба Мара деновите ги минува во малечко собче со земјен под, каде има само еден кревет, искршена витрина и едно позајмено ќумбе каде понекогаш се вари компир. Животот е тежок, 8 години сама се борам а соселаните ме избегнуваат, низ солзи раскажува Димоска.„Не земам ништо веќе година дена и така се снаоѓам, живеам. Ми помага само еден човек бидејќи добро живеев со женаму, но и тој си има деца“-вели...
Ќебиња, донација за градинка
Post Views: 79Зимата доаѓа, ќебиња секогаш се потребни. Детската градинка Јасна Ристеска доби 40 ќебиња. Станува збор за донација од семејството Настоски, наменета за децата од предучилишна возраст. Директорката на установата Марина Петроска Тодоровска благодарна на овој хуман гестот. Таа изрази посебно задоволство од иницијативата и ангажирабоста која ја покажуваат фирмите и поединците а се со цел да се подобрат условите за престој и воспитување на децата.„Тоа го поздравувам од мое име и од целиот колегиум и од дечињата, веќе добивме донација теписи за новите простории а еве денес на...
Мона продолжува со лекување
Post Views: 80Охридската Општа болница помага во лекувањето на Симона Јовеска. Таа живее во темница и досега ја нема видено светлината на денот. „Надежта последна умира и се што треба ќе направам моето дете да прогледа и до година да ја пратам на училиште“, вели мајката на Симона, Гордана Силјаноска.Мајката на малечката Мона живее со надеж дека еден ден и нејзината ќерка ќе слезе пред зградата во која живее да игра со своите другарчиња и да им се радува на боите на денот. Токму таа надеж и дава сила да истрае и покрај својот инвалидитет неуморно да се грижи со голема љубов за своето...
Лајонистите и матичните лекари од Охрид во борба против дијабетесот
Post Views: 75Лајонс клубот Охрид од Охрид, во соработка со матичните лекари започна со спроведување на проектот за превенција и борба против дијабетесот. Оваа благородна акција доаѓа во месецот на дијабет кој се одбележува во светски рамки. На првата координативна средба помеѓу дел на членството на НВО Лајонс Охрид и општите лекари од Охрид, претседателот на клубот Михајло Арнаудов упати јасна порака, активно вклучување на докторите од примарната медицина за рано откривање на дијабетот кај пациентите, што пак би помогнало во утврдување на реалната бројка на дијабетичари во општинава....
Напролет ќе биде готова улицата Мите Богоевски
Post Views: 133Завршена е првата фаза на ул Мите Богоевски. А втората фаза се очекува да биде готова до напролет. Со тоа оваа улица ќе биде целосно комплетирана согласно сите стандарди, вели одговорниот на Фондот за Комунален развој Емин Селман. Раководителот, кажа дека веќе пристапуваат кон проектирање на улиците согласно ДУП от и уште денес очекуваат да го добијат изготвениот проект. „Се предвидува Мите Богоески да е со ширина од 10 метри со тоа што коловозната лента ќе биде со ширина од 6 метри и пешачките патеки ќе бидат со ширина од 2 метри. И ќе се постават нови рамници и нови...
Одбележани „Денот на акција“ и 7 ми Ноември
Post Views: 79 Учениците од прво до осмо одделение во О.У. „Братство Единство“, денес покрај училишните обврски беа дополнително ангажирани. Тие со различни активности го одбележаа денот на ослободување на градот 7 ми Ноември а воедно го одбележаа и светскиот „Ден на акција“, на еко-училиштата и еко-градинките. Некои засадија цвеќиња, други танцуваа, трети изведуваа игри без граници и сите беа задоволни од сработеното. „Ние денеска садевме разни цвеќиња и горди сме што го разубавивме училиштето. Jас бев вклучена во активноста за садење на цвеќиња и ќе допринесиме за уредување на нашето...







