Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Нов ласер на офталмолошко одделение

Post Views: 8   Максимална заштита на видот кај дијабетичарите. Тоа ќе го овозможи новата опрема на Министерството за здравство која е во вредност од 140 илјади евра, а е наменета за офталмолошкото одделение во општа болница Охрид. Деновиве оваа опрема веќе си го најде своето место во специјално за тоа адаптираната просторија на охридското офталмолошко одделение. Првиот човек на болницата Љубен Арнаудов, појасни колкава е важноста од поседување на оваа опрема, а посебно го истакна значењето на ласерот, кој ќе биде во функција за превенција на видот кај дијабетичарите, поточно да...

Продолжи со читање

МЗ 7ми Ноември заборавена од надлежните

Post Views: 6 Најнаселената МЗ „7ми ноември“, заборавена од надлежните, реагира претседателот Димитрија Митрески. Тој денес отворено проговори за проблемите со кои се соочуваат мештаните на оваа месна заеница. Најсензибилниот проблем според Митрески доаѓа од комуналната сфера. „Речиси сите куќи за време на врнежи од дождови па и снег се полнат со вода и никој не води грижа, посебно не луѓето кои катадневно се фалат дека нешто прават долгорочно и квалитетно“, вели Митрески.  „Меѓутоа канализацијата е поставена посебно за фекална посебно за дождовна.  На крај кога ги правеа шахтите...

Продолжи со читање

Позитивниот извештај, дипломатски успех

Post Views: 7 Европската Комисија застана силно зад Македонија. Нашата земја го доби најпозитивниот извештај до сега, по четврти пат Комисијата одлучи Македонија да почне преговори за членство во ЕУ. Сатисфакцијата е голема, вели пратеникот во Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски. Тој додава дека од голема важност е што со упорност, принципиелност, децидност и непроменет став успеале придавките „македонски“ да бидат врататени во извештајот,  бидејќи според него основна работа на секоја нација е нејзината самоопределба.„Она што мене ме...

Продолжи со читање

Плаќање данок преку интернет

Post Views: 9 Даночните пријави од 01 јануари 2013 та ќе се поднесуваат по електронски пат. Тоа значи примена на новиот систем, е-Даноци кој овозможува да користите современ, ефикасен и безбеден начин на комуникација со УЈП и истовремено да заштедите време и да ги намалите трошоците на финансиското работење,  информира Реина Стефаноска, шеф на службата во даночно одделение во Охрид. Таа додава дека ДДВ обврзниците имаат законска обврска ДДВ-пријавите и даночните биланси пропишани со Законот за данокот на добивка да ги поднесуваат до УЈП по електронски пат точно преку системот...

Продолжи со читање

Паркинзите под лупа на општината и СВР

Post Views: 4 Охридските таксисти се соочуваат со еден голем проблем. Тие не сакаа јавно да зборуваат пред камерата на ТВМ, но укажаа дека неколку месеци се неми сведоци на според нив невиден монопол од стрна на закупецот на паркинзите на градскиот плоштад. Додека возилата од неколку охридкси такси компании построени чекаат клиенти пред поштата, местото определено за нив, само една такси компанија  го собира медот. Станува збор за такси компанијата Сузуки, чии што сопственик воедно е 5 годишен концесионер во тој дел на централното градско јадро, согласно договор склучен помеѓу ЈП...

Продолжи со читање

Достоинствена работа

Post Views: 9 Достоинствена работа е работа која овозможува добар живот. Генерално земено во нашава земја не може да се каже дека имаме достоинствена работа, велат од Унија на Автономни Синдикати на Македонија. Претседателот на УНАСМ. Слободан Антовски признава дека вината лежи во нив и дека синдикатите во земјава мора да преземат заеднички активности во справување со проблемите со работниците посебно кога се работи со терминот достоинствена работа.„Недоволната плата која што ја има во Македонија, несигурноста на работното место, стравот дали ќе се преживее месецот, денот,...

Продолжи со читање

Добар повод за прием кај градоначалникот

Post Views: 10 Орденот „Златна есен-Сергеј Есенин“, кој годинава падна во рацете на поетот Славе Ѓорго Димоски е големо признание. Денес по тој повод, Димоски имаше посебен прием од страна на градоначалникот Александар Петрески, претседателот на Советот Душко Јаковчески, како и од раководителот на Секторот за образование Серафим Наумоски. Важноста на орденот е посебно значајна бидејќи доаѓа од Русија, земја која важи за една голема културна средина, каде литературата секогаш е во преден план, вели добитникот на орденот велестовскиот поет Димоски.„Со самиот орден мене ми е...

Продолжи со читање

Едноставно решение за дупката

Post Views: 9 Интензивно се работи на санација на дупката пред „Макси Д“. Како што веќе информиравме поради голем пропуст, аномалија  во изведба на атмосферска канализација при изведба на проектот за заштита на Охридското Езеро, дојде до попуштање на тлото на дел од раскрсницата кај „Макси Д“. Што всушност затекнале стручните екипи на НИСКОГРАДБА-ОХРИД, на лице место, кажува првиот човек на ЈП, Владо Цветкоски.„На овој потег всушност беше прекината атмосферската канализациона мрежа таа небеше тука доизведена значи во самата изведба не е направена собирна шахта и линијата е...

Продолжи со читање