Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

multikamp

Камп на мултикултурата

Post Views: 101Министерот за образование и наука Панче Кралев, денес во Охрид. Тој ги посети учениците и наставниот кадар во кампот на мултикултурата, кој од 29 ти септември годинава се оддржува во  хотел „Метропол“, во Охрид. Целта на проектот е да се промовира интегрираното образование во Р. Македонија, рече министерот за образование и наука Панче Кралев. Додаде дека кампови од ваков тип за прв пат се организираат во земјава и очекува проширување на иницијативата и на регионално и пошироко ниво. „Тоа што го видов овде морам да кажам дека сум импресиониран, така да вакви кампови се...

Продолжи со читање

korca

Охридско-преспанскиот регион, под заштита

Post Views: 127Вчера во Корча Р. Албанија е потпишана декларација за прогласување на биосферен резерват на подрачјето на охридско-преспанскиот регион. Градоначалниците на општините од пограничниот регион на Македонија и Албанија, ја поздравуваат оваа иницијатива. Нивниот став воглавно е идентичен, дека покрај тоа што ќе се заштитат природните убавини на регионот, голем ќе биде бенефитот за туризмот. Градоначалникот на Охрид, Александар Петрески вели дека со потпишувањето на договорот презеле обврски кои во иднина треба да ги исполнат.„Заштитата не се подразбира по мене  според стручните...

Продолжи со читање

emo

Охридско ЕМО не го дава својот имот

Post Views: 116„АД ЕМО Охрид почна да оди напред и нема да дозволиме никој да ни застане на патот на успехот“. Ова е ставот на извршниот директор на охридско ЕМО, Зоран Филоски, во врска со идејата на Локалната, во атарот на ЕМО да гради фабрика за преработка на отпад. Филоски вели дека Локалната не може и не смее имотот на ЕМО да го гледа како идна депонија на Охрид. Тој истакна дека сосема бил затечен од неодамнешните изјави на директорот на ЈП Охридски Комуналец, секако со амин на Локалната, кои дрско, без претходно да ги известат ниту писмено ниту усмено, дека размислуваат за...

Продолжи со читање

makedonija

„Македонија во Втората светска војна“

Post Views: 116„Македонија во Втората светска војна“. Ова издание на нашиот медиум го бележи своето прво претставување, нагласува редакторот на овој научен труд професор Владо Иваноски. Тој заедно со сега покојната Вера Весковиќ-Вангели, кажува дека со работа од 6 години и многу вложен труд, успеале да ја објават најобемната историска хронологија за Вардарска Македонија. „Идејата за ова дело кај мене и кај мојата колешка, како соработници на институтот за национална историја на Македонија тлееше многу време за да во 2000 година отпочне нејзината реализација“,„Значи основната цел нас ни...

Продолжи со читање

konsultacii vmro

Консултативна средба на ВМРО- ДПМНЕ

Post Views: 79Консултативни средби помеѓу охридските советници и пратеници на ВМРО – ДПМНЕ. Оваа средба е во насока да се зацврсти добро проверената пракса, координирано делување на локално и централно ниво околу бранењето на интересите на Охрид, вели координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Дејан Паноски. Тој додава дека интересот на Охрид е сериозно нарушен од узурпираното мнозинство во Советот бидејќи одлуките кои се носат во Советот не се во интерес на граѓаните туку се бранат личните интереси на поединци.„Тие одлуки допрва штетно ќе се чуствуваат во Охрид. Ние сакаме да...

Продолжи со читање

medie

Исфрлени на улица

Post Views: 83Охриѓанка со три малолетни деца исфрлена на улица. Медие Далип четири дена живее под отворено небо на детско игралиште во близина на социјалната зграда. Преспива во подрумите на зградата, јаде од народната кујна и ако некој нешто и поддаде, а нејзините ќерки пишуваат домашна работа на клупите од игралиштето. Медие Далип раскажува дека партнерот со кого живеела 8 години по смртта на нејзиниот сопруг,  без причина ја избркал од станот.„Јас со него заедно живеам 8 години, јадиме, пиеме заедно трошиме, се сложуваме, се случува и да се скараме,заедно одиме на работа и наеднаш не...

Продолжи со читање

socijalna

Упад во стан

Post Views: 80Провалник искористил згодна прилика и извршил упад во стан додека во него спиеле три малолетни деца. Вратата од станот била отклучена, така што провалникот  при влегувањето ги одзел клучевите од влезната врата на станот, како и клучот од главната врата на зградата. Сопственичката на станот за овој настан веднаш ја известила полицијата, така што екипа на СВР веднаш по пријавувањето  пристигнала на лице место на упадот и извршила увид. Видно вознемирена мајката на трите малолетни деца, поради објективни причини не сакаше да зборува пред нашата камера, но рече дека провалникот и...

Продолжи со читање

politicka akademija

Отпочна циклусот „Политичка академија 2012 година“

Post Views: 87Обука на идните потенцијални политичари. Денес во Охрид отпочна првата обука во циклусот „Политичка академија 2012 година“. „Политичка организација и комуникација на модерна народна партија“ е темата на политичката обука која е во рамките на академијата, организирана од фондацијата „Конрад Аденауер“,  Институтот „Павел Шатев“, во соработка со холандската фондација „Едуардо Фреј“. Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, говорејќи за главните цели и предизвици во модерната политика, подвлече дека политичкото дејствување, партијата го базира врз основа на трајни...

Продолжи со читање