Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

д-р Башуроска: Младите се почесто страдаат од висок крвен притисок

Post Views: 207 Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ годинава се вклучува во одбележување на неделата на хипертензија односно висок крвен притисок, во соработка со фармацевтската куќа „Крка“. Директорката на Заводот, д-р Елена Коваческа Башуроска вели дека почнувајќи од утре 16 мај од 10 до 14 часот во кардиолошкиот центар ќе се вршат бесплатни прегледи на кои ќе се мери крвен притисок, ќе се прави ЕКГ а ќе се делат и здравствени совети од стручен медицински тим. „Предвидовме неколку дневни активности со цел подигнување на свеста на граѓаните за важноста на рано откривање,...

Продолжи со читање

Слоу Фуд формира конвивиум во Охрид

Post Views: 219 Заштита од исчезнување на традиционалната и регионалните кујни, поттикнување на земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население се целите на светското Слоу фуд движење кое 10 години е присутно и во Македонија. Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители Слоу Фуд се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата. „Филозофијата е концепирана н атри клучни зборови,...

Продолжи со читање

Еден дожд, извади на површина се

Post Views: 174 Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.„Туристички центар како Охрид да се остави без  изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот. Вчерашната...

Продолжи со читање

Покрај реката Црн Дрим се трупа смет

Post Views: 157 Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони,  ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е  неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со регулирано...

Продолжи со читање

Јапонците со реални намери

Post Views: 190 Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец  да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски.„Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што...

Продолжи со читање

Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат

Post Views: 230 Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад. „Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин Секулоски...

Продолжи со читање

Заев: Не треба да се гради Али пашината џамија ако нема одобрение за градба

Post Views: 202 Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости. „Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да...

Продолжи со читање

Отворен новиот луксузен хотел Unique Resort & Spa во Охрид

Post Views: 541 Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од хотелот. „Хотелот...

Продолжи со читање

СРД „Св. Апостол Петар“ : Езерото не е зрело за стопански риболов

Post Views: 195 Борбата на спортските риболовци за Охридското Езеро продолжува. Претседателот на срд Св. Апостол Петар, Радован Димитриески вели дека конечно надлажните признаа и докажаа дека не се способни да го заштитат рибниот фонд на Охридското Езеро. Додава дека тоа е единствената причина поради која езерото е издадено под концесија.„Надлежните институции кои требаше досега да ги спречат рибокрадците на успеаа во тоа и сега за да не се фрли вината на нив пред изборната кампања тие по секој случај го дадоа езерото на концесија, која според риболовната основа која е предвидена...

Продолжи со читање

4 пасоши зависат од средба

Post Views: 195 После 7 години престој во Виена, Австрија, Никола Колушески заедно со своите четири деца доаѓа во родното место, Лескоец охридско, односно во Македонија, за да извади пасоши за него и  децата. Неговата животна сторија е приказна за еден пожртвуван родител кој со  сите животни предизвици храбро се бори своите деца да ги истурка на прав пат. Како што и самиот кажува пред седум години се развел од неговата жена Невена бидејќи не им одел бракот. При тоа таа уште во тој момент се откажала од децата и му ги отстапила родителските права, со можност Никола да може да патува...

Продолжи со читање

Анѓушев: Најдоцна за две години македонските граѓани ќе плаќаат пониска сметка за стуја

Post Views: 219 За две години македонските граѓани ќе плаќаат пониски сметка за стуја, истакна вице премиерот за економски прашања во владата на Р. Македонија Кочо Анѓушев, на Регионалниот форум на преносни систем-оператори од регионот на Југоисточна Европа што денеска се одржува во Охрид. Анѓушев смета дека овој форум е првиот чекор на патот кон создавање на регионален пазар на електрична енергија. „Крајна цел на таа работа е да се намат цените на електричната енергија во регионот и тие да ги достигнат цените кои што се во Европа. Европа иако е поразвиена и побогата, денес има...

Продолжи со читање

Др Владо Кочоски кандидат за градоначалник на Струга

Post Views: 197 Доцна синоќа на седницата на Извршен Комитет, високото партиско раководство на владеачката партија ВМРО – ДПМНЕ. пресече. Нивниот избор за кандидат на градоначалник за Струга падна на др Владо Кочоски, истакнат хирург вработен во Струшката Општа болница.  На само еден ден пред истекот на законски предвидениот рок за предлагање кандидат за градоначалник, Кочоски очекувал дека изборот ќе падне на него. Додаде дека  има време за се и подготвен е да се справи со предизвикот кој стои пред него. Време е на Струга да и се врати некогашниот сјај, вели Кочоски. „За жал многу...

Продолжи со читање