Автор: Николоска Биљана
Post Views: 5842 то издание на Ракометниот турнир Струга 2014 ќе се одржи од 13 до 16 ти август на отворениот терен на „Женска плажа“. Организаторите најавуваат дека турнирот ќе го отвори македонскиот победник на Х – фактор Адриа, Даниел Кајмакоски. Претседателот на организациониот одбор, Лилјана Затуроска и годинава ветува интересни утакмици, а докажаните струшки љубители на ракометот веќе ги одбројуваат деновите до почетокот на турнирот.„Сметаме дека изминатите две години се направи многу на полето на меѓународниот турнир се воздигна на едно повисико ниво така да планираме тоа да стане...
Есејот пријателство без граници
Post Views: 57Празник на културата во Струга. Месецот јуни не само за Струга туку и за македонските писатели е месец кој се прославува во чест на браќата Миладиновци. Деновиве се одржува осмата меѓународна литературна манифестација „Година на есејот.“ Вевчани, Струга и Охрид се местата каде се одржува оваа манифестација, годинава насловена како „Есејот пријателство без граници“.„Сите писатели есеисти и теоретичари вљубени се во Струга, како Мека, како дух, покрај оној големиот мамутски фестивал Струшки вечери на поезијата Струга навистина да го осветли тој пат да ги собери од повеќе земји...
Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија
Post Views: 77Училишно рандеву на 5 та приватна гимназија. И годинава по 5 ти пат учениците од оваа гимназија, свечено го одбележаа крајот на учебната година. Во една беспрекорна организација, со богата културно- уметничка програма, денес во хотел Дрим беа сумирани резултатите постигнати во текот на цела учебна година. Училишното рандеву е место каде што ги доделуваме наградите и прославуваме, вели директорот на гимназијата Ајет Кариманоски. Тој воедно оваа пригода ја искористи да се пофали дека за новата учебна година воведуваат три нови смерови во рамките на нивниот образовен...
Брод од Првата светска војна крие Охридското Езеро
Post Views: 71Артефакти од Првата светска војна крие Охридското Езеро во струшкиот дел. Годинава на нивно откривање работи струшкиот музеј „Др Никола Незлобински“. Директорот на установата д-р Сашо Цветкоски нагласи дека набрзо ќе има промоција на овој атрактивен проект кој е поврзан со еден Европски настан, односно вклучување на музејот во одбележување на 100 годишнината од Првата светска војна. „Тоа е една потопена композиција брод со некоклу придружни елементи и тоа е многу интересно, тоа укажува дека фронтот и дел од фронтот и овде поминувал, значи и овие наши предели биле вклучени...
Предмети од најстарата историја на градот, за прв пат пред стружани
Post Views: 81Археолошките пронајдоци од Устието на Дрим и куќата на Караџулевци, ќе бидат изложени пред стружани. Станува збор за добро сочувани предмети од праисторискиот период, но и модерни керамички предмети од хеленистичкиот период. Првиот човек на струшкиот музеј Д-р Сашо Цветкоски вели дека тоа ќе биде една од најбогатите музејски поставки досега прикажани во јавноста за што ќе бидат испечатени и каталози, кои пак ќе бидат сведоштво за овој настан. „Пошто се работи за локалитет од праисторија, наколно живеалиште, тоа е прво наколно живеалиште што е истражувано околу брегот на...
Моштите на Св Ѓорги ја осветија Струга
Post Views: 50Благословот на Св Ѓорѓи ја освети Струга. Овој град вчера беше во знакот на Еордијата во чест на светиот великомаченик Георгиј Победоносец, заштитникот на овој град. Илјадници верници од сите краишта на земјава и годинава ја продолжија древната традиција која последниве 5 години повторно е возобновена со благослов на митрополитот Тимотеј. Еордијата во Струга е еден уникатен духовен настан кој што е многу повеќе од литија, вели сестра Варвара од манастирот Св Ѓорѓи Победоносец, Рајчица. Додава дека тоа е едно сеопшто славење на Св Ѓорѓи, кој трае три дена и не случајно го...
Пронајдено возилото и дел од накитот од оружениот грабеж во Струга
Post Views: 78Трагите од крв сеуште стојат на плочките од струшката чаршија и потсетуваат на вчерашната драма која се случи при грабеж на златарата „Циркон“. Имено синоќа околу 18 и 30 часот, пет маскирани лица, вооружани со огнено оружје извршиле разбојништво во струшката златара „Циркон“, при што одзеле разновиден златен накит. Сторителите на разбојништвото на излегување од објектот испукале неколку куршуми, при што како што изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, тројца се повредени, еден со прострелна рана во ногата и се наоѓа во болницата „Св Еразмо“, надвор од животна...
Ангелов: Македонија да стане граѓанска држава
Post Views: 65Во посета на Струга денес беше Стојанче Ангелов пртседателот на партијата „Достоинство“. На средбата со граѓаните, Ангелов нагласи дека станало збор за еден од најголемите проблеми кои што ги мачи стружани и околината. Тоа е Законот за територијална организација донесен во 2004-та година, со кој што според него е направена една голема неправда на овој град бидејќи со вештачки додавањето на села со мнозинско албанско етничко население, се сменила етничката структура на Општината, така да стружни трпат големи штетни последици со овој погрешен потег и погрешен закон во 2004 та...







