Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Ќе се асвалтира ли Плаќе?

Post Views: 533 Патот од Речица до Плаќе, плаче за два и пол километри асфалт. Мештаните на Плаќе години наназад си го бараат ветеното, да се дозавршат двете предвидени фази на проектот за асвалтирање на овој патен правец во должина од 5 километри. Претседателот на М.З. Славко Симоноски вели дека ова е голем и сериозен проблем, кој никако да се надмине. Но и водоснабдувањето на селото е исто така акутен проблем, поради кој не може да се развива руралниот туризам за кој мештаните имаат своја визија за развој, додава тој.„Вториот проблем ние го имаме со водоснабдувањето за кој...

Продолжи со читање

Македонија има квалитетно гориво

Post Views: 426 Македонија има квалитетно гориво. Тоа го гарантираат претставниците на македонските лабаратории за нафтени деривати. Директорот на Дирекцијата за оператива во Окта АД Скопје, Ице Рикалоски вели дека главната цел на сите лабараториите во регионот е да бидат акредитирани, со што се гарантирал резултатот за квалитетот на горивата. „Државите од сите учесници на симпозиумот во лабараториите ги имаат усвоено најновите европски стандарди за квалитет на горива и сите по законска директива или норматива мораме да ги задоволуваме тие квалитети. Нашата контрола,...

Продолжи со читање

Отворен елитниот објект на АДОРА Инженеринг

Post Views: 264 Продолжува приказната на Чифлиганец и АДОРА Инжинеринг во Охрид. Вчера, на големиот празник Илинден, со пригодна свеченост, во употреба беше пуштена стамбената зграда во Билјанини Извори, сместена на самиот влез во Националниот Парк Галичица. Нина Кепеска, портпаролот на компанијата истакна дека во објектот е вграден трудот на тимот на Адора инженеринг. „Многу често охриѓани велат дека ова е најубавата градба во Охрид многу препознатлива, вклопена во амбиентот на многу добра позиција и што е најважно се краси со врвен квалитет според сите светски стандарди им нуди...

Продолжи со читање

Историјата во Плаќе се повтори

Post Views: 385 Во Плаќе охридско, одбележан големиот Илинден. По повод востанието на Рашанец во 1903 како и останатите настани поврзани со овој датум, мештаните на Плаќе и годинава со пригодна свеченост го одбележаа 2 ри август, потсетувајќи на денот кога нашиот народ се крена на востание против 5 вековното турско ропство. Претседателот на М.З. Плаќе, Славко Симоноски раскажа за подвигот на Плаќанската чета која во далечната 1903 на 31 август била нападната од турскиот аскер.„Во борбите на 31 август 1903 год Палќанската чета бележи загуба на Васил Домазетов кој во тој налет...

Продолжи со читање

Во Охрид одбележан Денот на Европа

Post Views: 251 Охрид е еден од градовите во земјава каде се прославува Денот на Европа 9 ти мај. Одбележувањето започна со интонирање на македонскта и европската химна. Најмладите во боите на Европа, денес на градскиот плоштад играа, пееа, се дружеа, а беа поставени и штандови на кои беа презентирани европските членки преку бројни ликовни творби а исто така и нивните знамиња. Децата очигледно добро се потрудиле да научат што значи денешниот ден, а посебно открија детали за земјата која ја претставуваат. „Денес се одбележува денот на ЕУ. Денот на ЕУ се прославува затоа што на...

Продолжи со читање

Што му остана на Комунално, Струга?

Post Views: 234 Што му преостанува во иднина да работи на ЈП „Комунално“, прашуваат од Здружението за развој и активизам „Аква“, Струга. Засега имаме лош квалитет на услугите, а граѓаните на Струга мора да ги заинтересираме со цел да помогнат, заеднички да делуваме кај советниците за да се подобри јавната хигиена и управувањето со отпад, вели Димитри Голабоски од извршната канцеларија на здружението. За него неразбирливо е како може Комуналното претпријатие од Струга постојано да се соочува со тешки економски состојби и тие состојби да ги решава со делегирање на надлежности и со...

Продолжи со читање

Спасовски: Нашата земја има капацитет за заштита на вип личностите и објектите

Post Views: 232 Обезбедувањето е ризична професија, која бара максимален ангажман, посветеност и концентрација на лицата кои работат во оваа област. Во борбата против криминалот, тероризмот, фанатизмот, се соочуваме и со најгрозоморните, непоимливите начини на дејствување на човекот. Заканите кон безбедноста се менуваат секојдневно, а тоа само по себе бара инвентивност во смисла на изнаоѓање на нови методи и техники, но и задржување присебност во моменти кога се чини дека е тоа невозможно“, рече министерот Оливер Спасовски, на отварањето на Првата научна конференција за...

Продолжи со читање

Жешка атмосфера во Охрид

Post Views: 241 Пред само неколку часа од најавениот митинг на СДСМ, Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, сакаа на лидерот на СДСМ да го потсетат на се она што направил за Охрид за време на неговото владеење.„Тука сме денес пред најавениот протестен митинг во Охрид да го потсетиме Бранко Црвенкоски што тој сторил за Охрид и охриѓани.Колку фабрики беа обезвреднати а потоа затворени или продадени,за време на неговото владеење. Да го потсетиме што направи неговиот старо-нов градоначалник во неговото осум годишно владеење.Не изгради ништо, ниту едно фудбалско игралиште,ниту еден...

Продолжи со читање

Да се заштити базилика

Post Views: 252 Семејството Филеви и дел од нивното соседство се борат за спас на ранохристијанската базилика и видиковецот на ул Климентов Универзитет, во чија што непосредна близина никнува објект. Павел Филев вели дека во име на градот, со цел да се сочува еден вреден културен експонат, цели 5 години тропа по вратите на институциите. Додава дека ги алармирал сите релевантни фактори во државава кои се надлежни за една ваква состојба, вклучувајќи го и директорот на републички инспекциски служби а со допис се обратил и до премиерот на РМ. Филев категоричен дека никогаш не...

Продолжи со читање

Концесија или јавно-приватно партнерство

Post Views: 286 Што ќе донесе ЈПП за три комунални дејности на ЈП „Комунално“, Струга? Подобар квалитет на услугите или повисоки цени. Мислењата на стружани околу оваа проблематика поделени. Како што ТВМ веќе информираше, кванташкиот пазар, пајак службата и рециклирањето на комуналниот отпад, отидоа во рацете на два ДОЕЛИ од Велешта „Бени Маркет“ и „Албафокс“  и една на „Сити Логистик“ од Скопје.Додека во Македонија на прсти можат да се избројат успешно спроведени постапки за јавни приватни партнерства, Комунално од Струга за нецела година ја спровело постапката за вакви...

Продолжи со читање

„Работно лето“, во Охрид

Post Views: 241   Изборот на Александар Петрески по трет пат за кандидат за градоначалник е вистинскиот, изјави Бранко Црвенкоски лидерот на социјалдемократите.Според него, Петрески е најдокажаниот градоначалник кој во невозможно тешки услови  ја презел власта и успеал покрај сите притисоци и опструкции од централната власт, да покаже дека доколку сака, и ако се знае се може, па така за Охрид досега направил многу дури и работи кои не се под негова капа.„Јас сум убеден дека и Аце и охриѓани во наредниве четири години ќе имаат можност прв пат да видат како и новата Централна власт...

Продолжи со читање

Шокароски меѓу трпејчени

Post Views: 309 Дволичното и коруптивно владеење на СДСМ, најизразено во Трпејца, обвинува пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Харалампие Шокароски. Тој денес повторно меѓу трпејчани. Од таму порача, високиот партиски врв на СДСМ да дојде и да отседне во прекрасната Трпејца, па да им објасни на мештаните за непринцииелното и волунтаристичко однесување на староновиот кандидат за градоначалник Александар Петрески.„Да им објаснат на трпејчани зошто господинот Петрески дволично од една страна издава решенија за рушење на нелегални објкти а од друга страна не сака да ги спроведе што самиот ги...

Продолжи со читање