Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Црвенкоски и Цаноски, непожелни во Струга – ОК ВМРО-ДПМНЕ

Post Views: 171 Се покажа дека Бранко Црвенкоски се откажа од Струга, обвинуваат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Претседателот на струшкиот комитет Перо Петковски истакна дека отсуството на Црвенкоски на протестот во Струга е само доказ дека општина Струга и нејзините граѓани на лидерот на опозицијата, не му значат многу.„Како свој повереник на негово место дојде пратеникот во оставка Игор Иваноски кој меѓу другото го кажа она што секој стружанец сакаше да го слуѕшне тоа е дека “Неговата партија ќе ја вратела Струга онаму каде што треба“. Можеби на негово место подобро би било да дојдеше во...

Продолжи со читање

Паркинзите во Охрид „солени“

Post Views: 173 Само три дена откако Сузуки М-Т ДОЕЛ, стана концесионер на една четвртина од паркинг местата во градот, цената од 30 ден се искачи на 50 денари за час. Охриѓани а и посетителите на градот се најдоа затекнати од поскапувањето. Тие сметаат дека  ваквиот потег во најмала рака е самоволе на концесионерот.  Стручни лица кои добро ја познаваат оваа проблематика за ТВМ кажаа дека  зголемувањето или намалувањето на висината на надоместок за услуга од јавен карактер треба да добие амин од  Советот на општина Охрид. На поскапувањето на цената за паркинг место во градот, жестоко...

Продолжи со читање

Тимска работа, спас за проблемите

Post Views: 175 Поставувањето на урбаната опрема и бучавоста, рак рана за општина Охрид. И годинава како впрочем и минатите години локалците заедно со државните инспекциски служби и претставници на СВР Охрид, денес во малата пштинска сала одржаа припремен тренинг, за справување со хроничните проблеми, пред туристичката сезона.  Акутните проблеми кои фрлаат дамка врз туризмот и имиџот на градот, можат да се решат со заеднички настап на сите инспекциските служби, вели раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танасоски. Тој признава дека во голем дел вината за состојбата лежи точно...

Продолжи со читање

Николоски и Шокароски неуморни

Post Views: 211 Н.У. Завод и Музеј од Охрид има со што да се пофали. Тие годинава сработиле дури 90% од зацртаната програма за 2012есета. Ова го истакна директорката на оваа установа Тања Паскали Бунташеска, пред пратениците на Собранието на Р.Македонија од редовите на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николоски и Харалампие Шокароски. Факт е дека тандемот на охридските пратеници Николоски и Шокароски е едне од ретките можеби и единствен во земјава од ВМРО – ДПМНЕ, кој секоја сабота ја поминува во својот роден крај и е присутен меѓу нивните сограѓани дали во институциите или меѓу граѓаните....

Продолжи со читање

Солиден буџет за проект

Post Views: 157 Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за...

Продолжи со читање

Заврши европското во параглајдинг

Post Views: 207 На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати. „Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи СпиркоскиСелекторот...

Продолжи со читање

Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник

Post Views: 370 Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник. Нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата, во четвртото плејоф коло. Капитенот на РК Крсте Андоноски, оптимист дека утре ќе слават и покрај тоа што смета дека нивниот противник е добра екипа со солидни играчи на секоја позиција, додека пак охридскиот тим бил со ограничен ростер на играчи. „Дека се моќна екипа покажа и нерешениот резултат во Битола со екипата со Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Ние сме со ограничен ростер, но...

Продолжи со читање

Меморијален Атлетски Митинг во чест на проф. Влатко Димитров

Post Views: 173 Во чест на врвниот атлетичар и истакнат проф. Влатко Димитров, утре, 28ми април ќе се одржи првиот Меморијален Атлетски Митинг. Основната цел за организација на овој настан е да се отпочне со уште една нова традиција со која барем малку ќе му се оддолжиме на професорот Димитров за неговите дела и неговата посветеност на атлетиката, рече претседателот на охридскиот атлетски клуб Пецо Неданов. „Нашата иницијатива наиде на големо рабирање од страна на АФМ и со нивна значајна помош решивме да ја започниме оваа традиција. Настанот ќе започне утре околу 12 часот со поздравни...

Продолжи со читање

Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите

Post Views: 143 Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите. Во рамки на неделата на имунизација, секоја година експерти од Центарот за Јавно здравје во детската градинка Јасна Ристеска, вршат едукативни предавања за важноста на имунизацијата која што тема во последно време е многу актуелна. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека загрижувачки е тоа што родителите не се заинтересирани да слушнат едно стручно предавање на кое се дава одговор на многу прашања. „Кај многу од родителите има поделба, оние кои што се...

Продолжи со читање

„Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите

Post Views: 181 „Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите кои ги врши ова претпријатие, открива директорот Ванчо Костоски. Ова е само една од многуте мерки кои менаџментот на ова ЈП ќе ги преземе во насока на подобрување на нивните услуги, а од друга страна, корисниците на услугите ќе заштедат дури 50% од досегашната давачка. „Една од поголемите ставки е нивелирање на површините какви што ги имаме, ако досега за оваа услуга корисниците плаќаа по 12 000 денари таа ќе се спушти на околу 6000 денари. Ги намалуваме бидејќи цената е повисока а имаме доста такви гробни...

Продолжи со читање

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 220 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја поминуваат...

Продолжи со читање

Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“

Post Views: 166 Мулти Зборко претставува дигителен едукативен ресурс наменет за деца од 5 до 10 годишна возраст. Станува збор за повеќејазична визуелна апликација која се применува во основното образование. Во овој проект се вклучени повеќе училишта во земјава, но ОУ „Григор Прличев“ е во главните три пилот училишта во кои што се реализираше, продуцираше и се правеа истражувањата за оваа апликација, вели професор Марина Танасоска. „Училиштата беа избрани според неколку критериуми односно се вклучени групи од повеќе етнички групи, освен од македонската етничка група вклучени се...

Продолжи со читање