Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

sednica struga

Советот на општина Струга ја одржа 12 тата седница

Post Views: 59Советничката говорница во салата за седници на општина Струга, денес не беше многу користена од страна на градските избраници. Дневниот ред на дванаесеттата седница со 16 точки, плус дополнително предложените 4 точки, поминаа глатко, со исклучок на предлог одлуката за работното време на струшките занаетчии која беше одложена за некоја наредна седница. Претседателот на струшкиот Совет Абдула Ќазимоски, вели дека нема седница без да се замеша политиката, па таков бил и денешниот тек на седницата.„Во одредени ситуации бев малку разочаран, бидејќи знаете дека кога се работи за...

Продолжи со читање

drim struga

Струга интензивно ќе го развива риболовниот туризам

Post Views: 84  Концесионерот на реката Црн Дрим, Пастрмка – Струга отпочна со издавање на дозволи за риболов. Секој граѓанин од земјава и надвор од неа кој сака рекреативно да лови риба треба да исполни два услови за да дојде до потребната дозвола, вели претставникот на концесионерот на реката Црн Дрим Емил Матоски. Тој нагласи дека сите оние кои ќе извадат дозвола, помагаат во заштитата на риболовниот ревир на реката Црн Дрим.„Дозволата за нашиот риболовен ревир изнесува 1100 денари, но претходно треба да биде регистриран член на риболовната федерација, што со чланарина во нашето...

Продолжи со читање

sednica

Ќе се гради пешачка патека Ташмаруништа – Струга

Post Views: 52Предложени се 16 точки на дневен ред по кои е предвидено да работи Советот. Струшките советници ќе треба да се произнесат по предлог – одлуката за утврдување на работното време на занаетчиските дејности во Струга. Исто така ќе расправаат по точките за разрешување и именување на нови членови на управните одбори  на ОУ во Делогожда и за ЈП Комунално Струга, а на дневен ред се најдоа и кварталните извештаи за работата на Јавните Претпријатија, Проаква, Хигиена од Лабуништа и ЈП „Октиси“ од Октиси. Утре советниците ќе треба да одлучуваат и за изградба на пешачка патека...

Продолжи со читање

diskriminacija

Дискриминација при вработување во Струга

Post Views: 60Зголемен е бројот на случаи на дискриминација при вработувања, обелоденуваат од НВО Езерка, Струга. Недолични интервјуа се прават за продавачка или за вработување во обложувалница, вели Драгица Павлеска Попеска од ова невладина организација. Според неа ова појава во приватниот сектор била се повеќе изразена барем според изјавите кои ги слушнале од жртвите на дискриминација, кои доаѓале во нивната канцеларија. Колку години имаш, е најчесто поставуваното прашање, потенцира Попеска.„Во државниот сектор се конкурира ама на конкурсот не пишува да биде помлада од 30 години или...

Продолжи со читање

petta privatna gimnazija

Стручното образование голем предизвик за идните средношколци

Post Views: 85Македонија за развој на стручното образование ќе користи искуства од Словенија. Денес во петтата приватна гимназија во Струга, директорите на Центарот за стручно образование од Македонија и Словенија, пред учениците, родителите и наставниот кадар на образовните институции од охридско струшкиот регион држеа предавање за тоа кои се бенефитите од гимназиското и стручното образовнаие. Директорот на Петтата приватна гимназија Ает Кариманоски, вели дека тоа во многу ќе помогне во определбата на родителите за тоа какво образование сакаат за своите деца. „Родителите и децата треба да...

Продолжи со читање

dijaliza

Што се случува со струшка дијализа?

Post Views: 57  Новиот концесионер Орка Холдинг го презеде работењето на одделот за дијализа при Заводот за нефрологија во Струга. Ваков е впечатокот на пациентите кои со години таму вршат дијализа. Концесионерите кои добија лиценци за работа во овој сегмент од здравството презедоа низа обврски како: изградба на нови простории и целосна реконструкција на постојните, обезбедување современа апаратура и замена со нови на нефункционалните столови. Но во струшка дијализа според кажувањата на пациентите, барем засега нема ништо од тоа. Единствено во моментов на пациентите им бил обезбеден...

Продолжи со читање

komitet struga

Кој е рецептот за реновирање на Комитетот во Струга?

Post Views: 54Пропаѓа зградата на некогашниот комитет во Струга. Сместен во центарот на градот, во близина на Центарот за култура, од едната страна на реката Црн Дрим, овој објект наликува како оние од хорор филмовите. Пуст и напуштен, искршени стакла, пајажини насекаде, склад за дрва,  и што се уште може да се набројува, доколку намерно или случајно поминете од тука.Стружани сеуште паметат како пред 3 децении изгледаше овој објект. Но сега го гледат како место кое ја нагрдува туристичка Струга. Има и такви кои дирекно посочија кој според нив е виновникот што објектот е во така лоша...

Продолжи со читање

zemjodelci

Почуствувај го здравиот рурален живот

Post Views: 57Почуствувај го здравиот рурален живот, проект на Македонија и Албанија. Двата соседи одржаа работилница на која го презентираа истражувањето кое треба да помогне во селекцијата на производите во студиите за мапирање на традиционалните производи во Македонија и Албанија. Вкупно 4 производи, два од македонска и 2 од албанска страна треба да бидат предмет на брендирање во следната фаза од имплементацијата на проектот „Почувствувај го здравиот рурален живот“, како што истакна претседателот на Федерацијата на фармерите на Р. Македонија Андрија Секуловски.Се зборува за неколку...

Продолжи со читање