Автор: Николоска Биљана
Post Views: 187 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства.„Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска банка...
Охриѓани не се вознемирувајте, МВР подготвува показна вежба во Охрид
Post Views: 178 По повод 7 ми мај, Денот на македонската полиција за прв пат во Охрид ќе се одржи показна вежба на 5 ти мај. Подготовките за истата веќе почнаа. Уште денес охриѓани слушаат татнежи кои доаѓаат од градското пристаниште, во тој дел парадира и хеликоптер а таму и небото е обоено со жолто црвен чад. „СВР почнувајќи од денес па се до 5 ти мај годинава на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показна вежба.Од СВР Охрид соопштуваат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко тактички средства и...
Охрид е безбеден
Post Views: 153 Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот. Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување...
И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов
Post Views: 157 На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар. „Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за идните...
Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата
Post Views: 184 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку.„Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме вработени,...
Проф. Марина: Постоењето регионална депонија е насушна потреба
Post Views: 165 Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба. „Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една резерва...
И оваа сезона улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница
Post Views: 162 Улицата „Македонија“ и престојнава туристичка сезона останува сообраќајница, открива првиот човек на градот, Јован Стојаноски. Денес во Охрид беше презентирана тренинг програмата за адаптирање на оваа улица во пешачка зона. Градоначалникот кажа оваа програма сеуште е во рана фаза која се состои од размислување и проектирање на идниот изглед на улицата „Кеј Македонија“, додавајќи дека општина Охрид досега го завршила само тендерот за изработка на режимот за сообраќај. “Во рамките на тренинг програмата за урбан холистички пристап, понатаму треба да предизвика и донесувње...
Охрид одбележува 140 години од раѓањето на војводата Христо Узунов
Post Views: 175 Охридскиот војвода Христо Узунов е еден од македонските великани чии идеали се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација, од востание на востание се до конституирањето на слободна независна и самостојна Р. Македонија. Денес училиштето кое го носи неговото име, со низа свечености го одбележува патрониот празник, а општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов. „Се поклонуваме пред славниот охридски војвода Христо Узунов и неговото револуционерно дело и чинот и саможртва. Во тешката...
Се распаѓа споменикот на револуцијата во Струга
Post Views: 300 Споменикот на револуцијата во Струга претворен е во невидена руина. Местото на градскиот плоштад, каде до пред само некоја година постарите стружани враќајќи се од пазар да се одморат и да се напијат голтка вода, а помладите да се состанат и разменат по некој муабет, не само што ја грди сликата на градот туку претставува општа опасност по безбеднодта на луѓето. Расфрлан отпад насекаде, искршени плочки и фрлени во фонтаната која одамна не е во функција, отворени дупки долги дури и по два метри а длабоки по половина метар, шахти, искршени столчиња и што уште не, се дел...
Египќанско ромските организации од Македонија и Албанија, потпишаа меморандум за културно просветна соработка
Post Views: 171 Египќанско ромските организации од Македонија и Албанија, потпишаа меморандум за културно просветна соработка. Првиот состанок на овие организации се одржа во Охрид. Претседателот на здружението на охридските роми Нијази Таип, изјави дека ова е само еден почекток на соработка на крајезерските градови, кој понатака ќе се прошири и во останатите општини во нашата и соседната земја. „Имаме заеднички проекти, пример ќе се договориме за заеднички настап на Охридско лето, ќе ги презентираме носиите на Албанија и нашата, па планираме со играорните групи да размениме некои...
Пролетната дератизација во Охрид ќе се спроведе во месец мај
Post Views: 169 Пролетната дератизација во Охрид ќе се спроведе во месец мај, информираат од Центарот за јавно задравје. Како што е познато глодарите покрај штетата која ја предизвикуваат, се и преносители на околу 40 различни болести кај човекот, дирекно или преку вектори. Според Законот за заштита на населението од заразни болести, за дератизација на населбите и околината е надлежна Општината, со стручна и техничка помош на Центарот за јавно здравје. Годинава, исто како и минатата година, системска дератизација ќе се изведе на околу 3000 шахти во градов, вели епидемиологот Јованка...
Како купувањето на интернет да биде побезбедно
Post Views: 176 Во денешно време се повеќе се слуша гласот на потрошувачите, кои што бараат дигиталните играчки посебно оние за децата да бидат со многу пострикни и појаки стандарди во поглед на базата на податоци. Денес на Факултетот за туризам и угостителство, претставници на организацијата на потрошувачи на Македонија одржаа јавна трибина на која пред студентите презентираа начини, како да го направиме дигиталниот пазар пофер за потрошувачите. Претседателката на ОПМ Маријана Лончар Велкова се осврна на тоа што значи интернет купувањето кај нас, а што во светот. Таа нагласи дека...