Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Отворен ден во ФЗО, Струга

Post Views: 6 Отворен ден во ФЗО, Струга. Осигурениците  остварија директни средби со претставниците на Фондот за здравствено осигурување од подрачната единица како и со Бојан Цветковиќ, директорот на Секторот за управување со човечки ресурси. Цветковиќ покрај што бил запознат со работата на службите, пријатно бил изненаден како што и самиот кажа од коментарите на осигурениците кои изразиле задоволство од работата на подрачната единица во Струга во секој поглед.„Фондот е транспарентен, отворен во секое време за секое прашање, можам да ги кажам и тел броеви кои можат да ги свртат...

Продолжи со читање

О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење

Post Views: 7 О.У. „Јосип Броз Тито“, доби нафта за греење. Од денес наставата се одржува во загреани училници. Сепак од школото напоменуваат дека мора да се води економија бидејќи станува збор за 8 тони нафта, количина која доколку се грее нормално во зимската сезона е доволна за два месеци. Се врати детскиот џагор во О. У. Јосип Броз Тито Струга. Во текот на вчерашниот ден пристигна нафта за греење. После два дена без настава, учениците повторно седнаа во училишните клупи. Децата велат дека денес веќе се чуствува топлина во училниците и за прв пат после долго време ги соблекле...

Продолжи со читање

Започна вештачкиот мрест на пастрмката

Post Views: 3 Струшкото мрестилиште Шум подготвено е да ја прими икрата од охридската пастрмка наменета за вештачиот мрест. Со околу 20 илјади зрна икра вчера во струшкото село Радожда отпочна мрестот на охридската пастрмка.„Ние сме подготвени годинава да примиме над 2 милиона икри се надеваме дека имајќи ги во предвид предусловите, заштитата, вложувањата и интересирањето на државата и она што се прави сега ќе успееме да го зголемиме производството односно рипчињата што ќе ги произведеме да бидат најмалку 80% повеќе од минатата година“. Директорот на Државниот инспекторат за...

Продолжи со читање

Тодоров: Концесијата ќе ги подобри условите на дијализа

Post Views: 6 Отуѓувањето на еден сегмент, односно центарот за дијализата од струшкиот Завод за нефрологија нема негативно да се одрази врз работата на институцијата, тврди министерот за здравство Никола Тодоров. Според него концесионерите ќе ги подобрат условите во центрите за дијализа, во полза на пациентите но и на вработените.„Вработените нема од што да стравуваат затоа што спеоведовме постапка во која комплетно ги гарантираме правата на вработените. Тие можат да изберат дали ќе преминат во новата здравствена установа на концесионерот или ќе останат во постојната здравствена...

Продолжи со читање

Во Вевчани ќе се гради ски центар

Post Views: 6 Вевчани ќе добие современ ски центар. Истиот предвидено е да се изгради на планината Јабланица во месноста Јанков Камен, кое се наоѓа над Вевчани. Според најавите на градоначалникот Цветомир Угриноски, во тек е изработка на проект за овој ски центар и истиот ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство.„Овде веќе престојуваа екипи ги разгледаа терените на кои што треба да се изградат ски центрите, хотелите и викенд населбите. Во текот на месецов ќе биде објавен и тендер и нормално по законските прописи ќе трае 45 дена после што ќе се знае и изведувачот на...

Продолжи со читање

Струга во знакот на врвниот ракомет

Post Views: 7 Bо очи на големиот меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“ организаторите уште еднаш потсетија на големината на оваа врвна ракометна манифестација. „Ланската година славевме јубилеј 40 години и тогаш ветивме на Струга и македонската јавност дека овој меѓународен ракометен турнир сакаме да го сврстиме меѓу петте најдобри европски ракометни турнири и она што сме го зацртале како цел со сигурност ќе го оствариме“.Градоначалникот на Струга Зијадин Села смета дека спортските манифестации дополнително допринесуваат во развојот на туризмот, бидејќи класичниот туризам...

Продолжи со читање

Отчет на Села за првите 100 дена

Post Views: 5 Промена на режимот на сообраќај, отстранување на паркинзите кои беа на самите сообраќајници, ослободување на шеталиштето од металните конструкции, осветлување на дрвениот мост на реката Црн Дрим со многубоен систем, редовно миење на градските улици, уредување и ставање на функција на фонтаната на градскиот плоштад, се само дел од реализираните активности на градоначалникот Зијадин Села, кој успеал да ги спроведе за 30 дена а не за 100 дена како што ветил во предизборната кампања. Но Села на денешната прес конференција по повод 100 дена од неговото делување посебен...

Продолжи со читање

Утре во Струга започнува ракометниот турнир

Post Views: 7   Струга се наоѓа пред големо ракометно уживање. Утре на Женска плажа започнува 41 от меѓународен ракометен турнир „Струга 2013“.  Подготовките околу годинешното издание на меѓународниот турнир се одвивале речиси 8 месеци, со цел оваа традиционална ракометна манифестација да биде организирана во најдобро светло, изјави претседателот на турнирот Лилјана Затуроска.„На ова отворено ракометно игралиште покрај охридското езеро како што забележувате сеуште сме во припрема за утрешниот настан кој што ќе се случи, припремите се при крај значи имаме ново асфалтирано...

Продолжи со читање