Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Спасовски: Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира, доколку мигрантската криза добие на интензитет

Post Views: 148 Не постојат закани од нов мигрантски бран на „балканска рута“, истакна Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. Тој за време на генералното собрание на шефовите на полициите од државите на ЈИЕ во Охрид порача дека Македонија е подготвена во секој момент соодветно да реагира доколку мигрантската криза добие на интензитет. „Немаме никакви најави кои што можат да не загрижуваат во смисла на енормно згоелмување на бегалци кои што би можеле да бидат на нашата границата. Ние сме подготвени, бидејќи таа мигранска криза може да добие на интензитет во секој момент...

Продолжи со читање

Спомен плоча со имињата на првите албански просветители

Post Views: 162 24 имиња на првите албански просветители од времето на 1940-1950 година, да се стават на спомен плоча, во атарот на струшкото О.У. „Браќа Миладиновци“. Идејата ја предложи советникот на Нова Демократија Хинор Кица, на 48 та седница на Советот, по барање на поранешни просветни работници од Струга. Советниците се најдоа затечени од овој предлог, бидејќи истиот на бил спомнат на координацијата пред седницата.„Е сега зошто ние закаснавме, се работи за технички проблем не успеавме на координацијата да ги известиме другите советници за подеталните информации. Ова беше технички...

Продолжи со читање

Влезот во стариот дел преку Горна Порта, блокиран од тешка механизација

Post Views: 243 Влезот во стариот дел на Охрид преку Горна Порта, деновиве го блокира тешка механизација, реагираат мештаните од овој дел на градот. Поесбно возачите посочија дека чекаат и по неколку минути додека помине камионот натоварен со градежни материјали или со градежен шут. Исто така мештаните стравуваат дека поради тежината на товарот што го носат камионите, патот може да попушти. Од Секторот за комунални дејности, раководителот Томе Нанески појаснува дека за старото градско јадро пропишани се одредени правила кои мора секој инвеститор или изведувач да ги применува. „Возила...

Продолжи со читање

Скребатно во знакот на Ѓомлезијадата

Post Views: 206 Вкусно ѓомлезе подготвено на традиционален начин под сач, се печеше на распламтен огин. Денес по четврти пат на излетничкото место Скребатно се одржа годинешниот натпревар, или препознатливата ѓомлезијада. Секогаш добро е да се потсетиме која е тајната на приготвувањето на овој македонски специјалитет. „Не е тешко ниту мачно кога со задоволство се прави ѓомлезе“, вели  Билјана Китевска.„За да се направи ѓомлезе треба да се знае тајната на постарите од старите времиња. Треба вода брашно и сол. Ѓомлезе што се става пециво јогурт е гибаница“.Ѓомлезето добро оди со сирење....

Продолжи со читање

Струга ќе назначи комунални редари

Post Views: 222 Во Струга под итно треба да се постави ред во комуналните дејности. За таа цел советот на општина Струга  даде зелено светло на одлуката за воспоставување на комуналниот ред, за што пак општината има потреба од назначување на комунални редари. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски, рече дека мерките за спроведување на комуналниот ред се важен сегмент за спроведувањето на законот.„Ако до вчера се жалевме дека немаме соодветни законски решенија по однос на комуналните инспекции и дека имаме одредени активности кои што не можеме да бидеме истовремено ставени во...

Продолжи со читање

Еколошките вредности на Дебрца ќе бидат сместени во музеј

Post Views: 192 Малку е направено за искористување на еколошките вредности во Дебрца. Исто така затајува и нивната промоција, пренесува првиот човек на оваа општина Зоран Ногачески. Но, градоначалникот открива дека оваа слика на почетокот на месец мај ќе се промени, односно, општина Дебрца отпочнува проект за заштита на биолошката разновидност во пограничните подрачја. Проектот ќе се реализира со Р. Грција, а носител е општина Дебрца заедно со Шумарскиот факултет и НП „Јасен“, а од грчка страна општина во близина на Солун, Терми и нивниот национален институт за биологија. „Важно...

Продолжи со читање

Европско првенство во параглајдинг

Post Views: 401 Јато параглајдери ќе го преплават небото над  Охрид од 1 до 8 јули. НП „Галичица“, подготвен за Европското првенство во прецизно слетување. Организатор е прилепскиот параглајдинг клуб „Делта“, во соработка со НП „Галичица“. Пет годишната соработка со прилепскиот клуб резултира со создавање на идеални услови за развој на параглајдингот вели Зоран Ангелоски, првиот човек на паркот. Веќе се одредени двете стартни места на падините на Галичица и тие локалитети уредени се согласно стандардите кои се потребни за овој спорт, додава тој.„Во текот на изминатите неколку денови...

Продолжи со читање

Доцни ларвицидното прскање против комарци, во Охрид

Post Views: 179 Време е за дезинсекција во Охрид. Заради обилните дождови одложена е ларвицидната дезинсекција информираат од Центарот за Јавно здравје. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека дезинсекцијата била планирана за март месец, но истата ќе се направи за околу една недела. Таа убедува дека граѓаните навреме ќе бидат превенирани од болестите кои може да ги пренесе комарецот. „Оваа ларвицидна дезинсекција се изведува со биолошки препарат а не со хемиски, препаратот е одобрен од СЗО и Бирото за лекови, не е штетен за околината нити за останатите инсекти, еколошки. Ќе...

Продолжи со читање

Други зборуваат за програмите за 2013

Post Views: 144   Струшките советници не попуштаат. Ниту пред истекот на нивниот мандат, кога станува збор за забелешки кои според нив  се од суштинско значење за граѓаните, на денешната 48 редовна седница тие го изразија својот револт поради неприсуството на изготвувачите на програмата за 2013 год, од двете ЈП „Комунално“ и МЈП „Проаква“. Љуљзиме Зулали од ДПА вели дека ваквиот однос од нивна страна е крајно несериозен, посебно посочувајќи го ЈП „Комунално“, за кое претпријатие имала неколку сериозни забелешки и не е задоволна од одговорот на нивниот претставник. Зулали посебно го...

Продолжи со читање

Цените на услугите да се намалат

Post Views: 170 Локалните ЈП да ги намалат комуналните услуги. Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Паноски денес јавно ја покрена оваа иницијатива, поради намалувањето на цената на нафтата и нафтенте деривати, чија висина првично беше причина за зголемување на цената на услугите. Паноски дури смета дека треба да се размислува да се воведе конкурентност на пазарот на услугите, во интерес на граѓаните.„Комуналец да ги намали цените на комуналните услуги, нискоградба исто така и секако и Градски гробишта Јавното Претпријатие да ги намали цените, посебно услугата...

Продолжи со читање

Танасоски: Белвицата не е загрозен вид во Охридското Езеро

Post Views: 501 Охридската пастрмка сеуште останува загрозен вид во Охридското Езеро, додека пак белвицата ја има и не претстои опасност од нејзино исчезнување, тврди концесионерот на Охридското Езеро, Ристе Танасоски. Тој укажува дека состојбите со рибниот фонд во езерото за жал сеуште не се средени поради институционалната неусогласеност за повеќе прашања кои последнава година прераснаа во сериозни проблеми. „Кога ние дојдовме во 2012 не можевме да изловиме ниту килограм до два, тоа е реалното. Кога ја увидовме состојбата ни беше кажано да почекаме 3 години и почекавме и кога...

Продолжи со читање

Ногачески: Ја почитувам волјата на граѓаните

Post Views: 220 Градоначалникот на Дебрца го поддржува најавениот протест против изградба на регионална депонија во с Годивје. Протестот е најавен за 22ри април со блокирање на патниот правец Охрид Кичево. Општина Дебрца едногласно на последанта седница на совет даде отпор на Владината одлука за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура во село Годивје. Градоначалникот Зоран Ногачески денеска на прес конференција истакна, дека тој како прв човек на општина Дебрца во целост ја почитува волјата на граѓаните изразена преку референдумска одлука. „Никој, ниту советот...

Продолжи со читање