Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Струшкиот Совет конечно живна

Post Views: 7 Струшкиот Совет конечно живна. Денес на продолжението од втората седница беа избрани Комисиите од советници како и Управните одбори на Јавните претпријатија. Мал револт покажаа двајцата советниците од ПЕИ, кои сметаат дека се недоволно застапени во Комисиите како припадници на торбшката заедница.„Ни е битно затоа што ние сме избрани од таа заедница и ја претставиваме таа заедница во Советот на општина Струга. Тоа е дискриминација“. Даме Ложанкоски советникот на струшките социјалдемократи рече дека работите во струшкиот Совет конечно почнале да се придвижуваат и дека...

Продолжи со читање

Криза во струшкиот Совет

Post Views: 9 Криза во струшкиот Совет. Само што почна втората седница, на Советот на општина Струга советниците на ВМРО – ДПМНЕ ја напуштија. Според координаторот на советничката група Перо Петкоски, предлог точките на дневен ред биле обемни и тие немале време да се подготват за истите.  „Исто така Комисиите не беа формирани точките не беа разгледани па прво беше даден предлог да се формираат комисиите, а ние сметаме дека не треба да се избрзува околу формирањето на комисиите. Изненади тоа што советниците на СДСМ кои се во коалиција со ВМРО – ДПМНЕ останаа на седницата....

Продолжи со читање

Над 890 уметници на Вевчанско културно лето

Post Views: 6   Вевчани со забрзани чекори оди кон развој на туризмот. Oпштината културно ќе се издигнува преку организација на ВЕКУЛ, Вевчанското културно лето, кое започна на 14.07 и ќе трае до 08 ми септември годинава. „Ме радува силната поддршка од членството на културната манифестација „Печалбарски денови“ како и на членовите на КУД „Дримкол“ од Вевчани, кои своите програми ги обединија и за прв пат ќе ги презентираат на ВЕКУЛ“, истакана Цветомир Угриноски – градоначалникот на Вевчани.„Нашата општина Вевчани е прва и единствена од помалите општини во Р. Македонија, која...

Продолжи со читање

Средба со министерот Тодоров бараат вработените од дијализа

Post Views: 8 Згаснува ли струшкиот Завод за Нефрологија, прочуената Дијализа? Медицинскиот персонал на оваа болничка установа денес излезе со јавен повик до Министерот за здравство Никола Тодоров, со цел да побара изземање на дијализата од Владините планови за издавање лиценци за вршење на оваа здравствена дејност. Вработените за јавниот повик од ресорното министерство за доделување лиценци за вршење дијализа дознале од медиумите и во име на сите инсистираат на средба со министерот Тодоров.„Денес повторно во име на вработените во нашата болница и стручниот колегиум,здружението...

Продолжи со читање

Прегазена 24 годишна стружанка

Post Views: 8 Несреќата се случила синоќа во 21 часот на самиот влез во Струга, каде врз сега починатата удрило патничко моторно возило „Фиат пунто“ со струшки регистерски таблички управувано од 27 годишниот О.Ш, од Лабуништа. Според портпаролот на СВР Охрид, м-р Стефан Димовски причина за несреќата било неправилно преминување на улицата од регионалниот пат, од страна на починатата, во која, со левиот преден дел удрило возилото, од што таа на лице место им подлегнала на повредите. На возачот на патничкото возило одредена му е мерка притвор во траење од 15 дена. Тој возилото го...

Продолжи со читање

Препораки за капачите за Водици

Post Views: 7 Вкупно 8 тимови на спасители на вода од охридскиот Црвен крст, распоредени долж градското пристаниште и во спасителни чамци како и 4 нуркачки тимови ќе се грижат за безбедноста на капачите кои во вторник на 19-ти јануари ќе скокаат по Светиот Крст во водите на Охридското Езеро. Спасувачките екипи ќе бидат засилени и со 8 медицински тимови за укажување прва помош со едно амбулантско возило, помогнати со 2 медицински тима на Итната медицинска помош со две амбулантски возила.Со оглед на релативно ниската температура на водата во Охридското Езеро кај пристаништето ...

Продолжи со читање

Ачик несредени плажи на струшкото крајбрежје

Post Views: 6 На прагот од летната сезона струшките плажи кои не се издадени под концесија, се несредени. Неискосена трева, расфрлано ѓубре, недоизградени објекти, е само дел од сликата која боде очи не само на мештаните на туристичка Струга, туку и на секој посетител и гостин.Од секторот за урбанизам Ресул Хани, кажа дека проблемите во врска со плажите долж струшкото крајбрежје се наследени, но влева надеж и убедува дека сепак во интерес на градот и туристичката сезона ќе се заложат  за брзо време истите да се надминат. Инаку тој во брифинг за ТВМ потенцираше дека имаат...

Продолжи со читање

Села да прифати македонец за претседател на Совет

Post Views: 7 Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски уште еднаш го повика градоначалникот на Струга Зијадин Села, да не дозволи најсилниот политички субјект да биде игнориран во општина Струга. Тој инсистира, македонец од редовите на коалицијата „Заедно за Струга“ да застане на кормилото на струшкиот Совет.„Затоа упатуваме уште еден апел до градоначалникот Зијадин Села, добро да размисли пред да го предложи повторно неговиот фаворит за претседател на Советот на Општина Струга. Претседателот на Совет природно и припаѓа на Коалицијата „Заедно за Струга“ како најбројна и...

Продолжи со читање