Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дрвениот мост во Струга чека подобри времиња

Post Views: 205 Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес.Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со...

Продолжи со читање

Крводарителските акции ќе замрат

Post Views: 167 Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции. „За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во...

Продолжи со читање

Седма годишна истражувачка конференција на НРБМ во Охрид

Post Views: 227 Охрид е домаќин на седматa годишна истражувачка конференција во организација на НБРМ. На овој собир банкари дискутираат за посткризниот период и работењето на централните банки. Претставниците на централните банки на повеќе држави од ЕУ и пошироко, на Европската централна банка, на финансиски и државни институции, како и професори на академски институции од повеќе држави учествуват во работата на конференцијата насловена, „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Свое обраќање имаше гувернерот...

Продолжи со читање

Време е за советнички прашања

Post Views: 215 Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните. „Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за реалните...

Продолжи со читање

Димитров – Коѕијас: Напредок има но остануваат тешките прашања

Post Views: 241 Третата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Косијас се одржа во Охрид. Средбата траеше два часа. Димитров истакна дека разговорите биле отворени и искрени како и тоа дека за првпат разговарале за временската рамка, како ќе изгледа и како ќе се имплементира решението на спорот за името, под услов истото да се постигне. „Разговаравме за сите прашања кои што ја составуваат разликата околу прашањето со името за дел од тие прашања има напредок бидејќи се созреани за дел сеуште постојат разлики. Ова беше разговор...

Продолжи со читање

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 174 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Продолжи со читање

Димитрија Ашталкоски го фати крстот во Струга

Post Views: 340 Димитрија Ашталкоски го фати светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга. Здравје среќа и бериќет ќе го следат годинава 26 годишниот стружанец, според верувањата на постарите. Преголемата возбуда на Ашталкоски, кој за прв пат скока на Богојавление и тоа не случајно, беше очигледна.„Многу сум горд, чест е да се фати крстот во Струга. Годинава одлучив да скокам по светиот крст бидејќе пред две недели сонував сон“-вели Ашталкоски.Одбележувањето на Богојавление во Струга не може да се замени со ниту едно друго место, велат стружани. Додаваат дека денес се слави најубавиот...

Продолжи со читање

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 174 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Продолжи со читање

Со СМС или со грепка до паркинг место, во Охрид

Post Views: 166 До 1 ви мај ќе се знае која софтверска куќа ќе го вовде СМС паркирањето во Охрид . Во моментов сеуште тече тендерската постапка за пријавување на апликанти, која ја спроведува Бирото за јавни набавки. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска вели дека голем бил интересот за овој тендер, така што досега биле подигнати 12 тендерски документации. Таа открива кога ќе биде во функција новиот начин на наплата на паркнг. „До 1 мај најдоцна ќе се знае преку која софтверска куќа ќе оди СМС паркирањето, но монтирањето на информативни табли и обуките кои теба...

Продолжи со читање

Згасна уличното осветлување во Струга

Post Views: 223 Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат.„Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...

Продолжи со читање

„Жито Леб“, успешна компанија

Post Views: 517   Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите  претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат работните...

Продолжи со читање

Охрид продолжува во круг

Post Views: 190 Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми.„Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата...

Продолжи со читање