Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Post Views: 234 Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро.Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се изведуваа...

Продолжи со читање

Охрид преполн од гости за Велигден

Post Views: 179 Балканскиот Ерусалим, преполн од туристи за големиот христијански празник Велигден. Традиционално гостите од Србија, Бугарија и Грција и годинава воскресението Христово ќе го чествуваат во охридските цркви и ќе ги разгледаат убавините на градот. Туристичките работници се потрудија на гостите да им обезбедат пристапни цени, квалитетна услуга и незаборавен престој со организирана програма. „Цените воглавно се како и минатата година, двокреветните соби со доручек и вечера се движат до 40 евра а вип апартманот 70 евра. Имаме агенда почнуваме од четврток, завршуваме...

Продолжи со читање

Николовски: Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица

Post Views: 156 Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица, најави Љупчо Николовски, министерот за земјоделие шумарство и водостопанство. Тој кажа дека во моментов се работи ревизија на риболовните основи, како и тоа дека во тек се постапките на изработувачите односно научните институции. „Ние со министерот од Албанија разговаравме за засилените контроли кои ќе следат и од албанската страна, не информираше дека веќе има преземенп мерки и активности и разговори со задругата која што управува во делот на охридското крајбрежје...

Продолжи со читање

Прес без реакции

Post Views: 184 Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната.„Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи...

Продолжи со читање

„Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место

Post Views: 375 „Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место. Отвори нов home centar на ул. „15 ти Корпус“ на патниот правец Охрид – Битола. Оваа компанија е една од најуспешните во градов која годинава веќе станува полнолетна со 18 годишно постоење на охридскиот пазар. Како фирма сто веќе долги години е присутна на пазарот целта ние да им овозможиме на нашите сограѓани да имаат уште едно пријатно место за пазарење, вели Надица Јолакоска менаџерот по продажба во оваа фирма. „Во home centar ја имаме цела опрема за домаќинство, исто така имаме постелнини, бела техника, играчки од...

Продолжи со читање

Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера

Post Views: 164 Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера или на паркингот кај киното како што милуваат да кажат охриѓани. Деновиве сопствениците на овој плац местото го оградија со столбчиња. Со овој паркинг досега стопанисуваше ЈП „Билјанини извори“, а години наназад на ова место се најавуваше и изградба на катна гаража која ќе го реши проблемот со паркирањето во централнот градско јадро. Дирекотрката на ЈП Гордана Јованоска, ја открива причината поради тоа. „Тој дел што е заграден е во приватна сопственост и ние како ЈП не можевме да се договориме затоа што цената која што...

Продолжи со читање

Нови постојки во Струга

Post Views: 260 Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000 евра,...

Продолжи со читање

Каде е демократијата?

Post Views: 188 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на нарушувањето...

Продолжи со читање

Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Post Views: 185 „За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за минатото...

Продолжи со читање

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 185 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај...

Продолжи со читање

Загрозен крвотокот на градот

Post Views: 171 Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на...

Продолжи со читање

Велигденски базар во Охрид, по петти пат

Post Views: 249 Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден петта година по ред на плоштадот „Крушевска Република“ се одржува Велигденски базар. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски Пазар “ и годинава преку овој настан покажува солидарност, еднаквост, поттикнување на социјалната вклученост на лицата во социјален ризик, како и промоција на автентичните македонски специјалитети кои се подготвуваат за време на големите пости но и за самиот ден Велигден. Вештите раце на вредните излагачи и годинава понудија интересни велигденски украси и специјалитети. „На нашата...

Продолжи со читање