Автор: Николоска Биљана
Post Views: 179 Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик...
Матиловска: Димитар сеуште е дел од мојот живот
Post Views: 174 Драгица Матилоска ја објави својата втора книга под ист наслов како и првата „Мојот Живот после изгубен живот“. Мајката чие што момче свирепо беше убиено и оставено на ладната калдрма пред Табана, не престанува да пишува и твори, евоцирајќи ги спомените на својот 26 годишен син Димитар, кој премлад заврши на студените градски гробишта. Таа кажува дека живее за да ги исполни ветените обврски пред нејзиниот син, да има кој да ја отвори куќата и да го запали светлото, кој да го навади лимонот и да пие кафе на тераса во нивната куќа во Варош. „Живеам да живее и домот...
Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар
Post Views: 151 Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор. „За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“. Доколку...
Бреинобреин генијалците од Охрид се сретнаа со градоначалникот Стојаноски
Post Views: 190 Охридските бреинобреин генијалци на средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Тие пред првиот човек на градот се пофалија со постигнатите резултати од првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој се одржа на 18 ти март во Белград. „Освоивме се што може да се освои таму бидејќи навистина бевме вон конкуренција бидејќи другите центри околу нас се стигнати до 6, 7 ниво. Така да сме лидери и она што е многу важно и за општината и за нас како центар голема желба пројавија од Центарот во Виена во Австрија и од бреинобреин центарот во Сараево во...
Во Струга првото бебе, женско
Post Views: 211 Бериќетно, со женско бебе почна Новата 2013 година на гинеколошкото одделение во Стуга. Родилката се вика Билјана Мартиноска. Таа на само една минута по полноќ ја доби втората ќерка, после 13 години. Мартиноска се породи со царски рез и двете се чуствуваат добро.„Добро се чуствувам, утрово многу подобро, пресреќна сум што годинава ми започна вака не можев ниту да сонувам“ – вели Мартиноска.Имаме плодна година во струшкото гинеколошко одделение, вели доктор Станислав Буклиески. Бројката надминува над 1300 новородени, но сепак првороденото бебе во Новата година...
Градските улици во Охрид полни со ударни дупки
Post Views: 198 Возиме по раскопани градски улици, се жалат охриѓани. Тие сметаат дека состојбата со коловозите е очајна и посочија дека речиси и да нема улица во градов без дупка или крпеница. Дел од нив се загрижени и поради неодговорниот пристап на надлежните, кои дополнително ги раскопуваат улиците за поставување на канализација, а потоа со години прекопите не се санираат односно улиците не се враќаат во првобитната состојба. „Ова е проблем не е мал туку е голем и страмота е не верувам дека некаде го има ова во Македонија а камо ли во странство. дупките не се безбедни….на...
Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“
Post Views: 173 Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. „Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете...
Потстанари од Охрид, останаа на улица
Post Views: 160 Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека...
Струга одбележува 71 година од македонската химна
Post Views: 246 Струга одбележува 71 година од првото изведување на македонската химна. Агатија Мандоска од Струга сеуште ја памети игранката како да била вчера, кога за прв пат стружанецот Владо Малески на дочекот на Новата 1942 ја испеал „Денес над Македонија се раѓа“. „Тогаш бевме ние поканети за Нова година да ја дочекаме 1942 год, кај Сотир Шута куќата. Бевме повикани таму заедно со мојот сопруг, таму беше Нико Нестор кој беше главен организатор на КПЈ. Беше и Владе Мале кој ја испеа „Денес над Македонија“-раскажува Мандоска. Утре во Струга се одбележува еден важен историски...
Поефтинува мобилната телефонија
Post Views: 169 Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ.„За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската комисија...
Осветлен пристапниот пат до хотел Далјан
Post Views: 196 Одмаралиштето за лицата со посебни потреби, хотел Далјан, Охрид се подготвува за престојната сезона. Локалитетот на хотелот, на влезот во градот, сеуште важи за едно од ретките места на охридското крајбрежје каде што природата е недопрена, но за жал на неколку места нагрдена од човечкиот фактор. Менаџерот на хотелот, Славица Стефаноска вели дека и годинава се сретнуваат со старите наталожени проблеми, но открива дека сепак новата градска власт направила исчекор во решавање на еден од горливите проблеми. „Осветлувањето на пристапниот пат до хотел Далјан е конечно...
Охридското Езеро на 1 см до излевање
Post Views: 162 Метеоролозите најавуваат период на стабилно, суво, релативно топло и сончево време. Температурите на воздухот ќе бидат во значителен пораст, а тоа пак ќе влијае на топењето на снегот од планинските предели. Денешното ниво на Охридското Езеро е дваесет и четири сантиметри повеќе од дозволеното или според табелата на ЕЛЕМ е на 693,99степени метри надморска висина. Останува уште 1 см до критичната точка од 694. Трајче Талевски од Хидробиолошкиот Завод смета дека ако продолжи да се покачува нивото тоа сигурно ќе направи штети на крајбрежните објекти и населби. „Ова...