Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охридскиот театар со претставата „Аналфабет“ го одбележа Светскиот ден на театарот

Post Views: 165 Светскиот ден на театарот годинава во знакот на 7 деценискиот јубилеј од Интернационалниот театарски институт УНЕСКО. Поради тоа, годинава наместо една, ќе се читаат пет светски пораки во театрите низ светот. Директорот на ЦК Стрезо Стаматоски кажа дека годинава има и една македонска порака, која ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев, а која ќе се чита пред почетокот на вечерашната изведба на претставата Аналфабет. „Интернационалниот ден на театарот практично е ден кој ја одбележува важноста на театарот во општеството и служи да ги разбуди оние естаблишменти...

Продолжи со читање

На улица против власта и струшките социјалдемократи

Post Views: 185 Два дена протестираат и струшките социјалдемократи. Го искажуваме својот револт за кршењето на демократијата, слободата и Уставот пред и во собранието на Р.М. од страна на актуелната власт, вели Ристе Ќушкоски актуелниот претседател на ОО на СДСМ – Струга.„Истовремено сакаме да ја информираме струшката јавност дека советничката група на СДСМ- Струаг не учествуваше во расправа на последната седница на Советот на општина Струга поради изгубената доверба на институциите на власта“ -истакна Ќушкоски.Ќушкоски го повтори ставот на нивната партија на централно ниво, дека...

Продолжи со читање

Пазарот на трудот и новата сиромаштија

Post Views: 180 Сиромаштијата на 7000 јазици го има исто значење. Во земјава индексот на сиромаштија изнесува околу 30%, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Денес во Хотелот Климетица во Охрид, синдикатите од земјава, и од ЕУ разговараа на оваа тема и разменаа искуства. Сиромаштијата е глобален феномен во светот, посебно кај нас, вели претседателот на УНАСМ Слободан Антевски. Додава дека од нивна страна се прави онолку колку што се може, во борба против овој феномен. „Имаме сиромашни и посиромашни од она што го имаме во одредени периоди меѓутоа неможеме во овој момент...

Продолжи со читање

Спектакуларен концерт на гимназијалците од Охрид

Post Views: 210 Денот на пролетта во Охрид го донесоа младите музички таленти од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Во духот на младоста, среќата, љубовта тие синоќа во организација на Лајонс Клубот Охрид, а одлично подготвени од нивните ментори професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски приредија еден незаборавен концерт кој ја воодушеви публиката во преполнетата сала во ЦК „Григор Прличев“. Претседателот на Лајонс Клубот Охрид, Александар Гоџо сеуште е под голема импресија од синоќешниот концерт. Тој вели дека нивна работа било да обезбедат сцена со професионална...

Продолжи со читање

Охридските парламентарци во Трпејца

Post Views: 188   Во битката за профит, некој посегна по најсветите нешта, Македонската православна црква. Доказ за тоа е најновиот атак врз параклисот и светриот камен во туристичката населба Трпејца, реагираат пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, како и претседателот Атанаско Михаилов и координаторот на ОК Дејан Паноски. Николоски вели дека згрозени се од најновите случувања во Трпејца и дека се тука меѓу мештаните за да го решат проблемот.„Дополнително да биде иронијата уште поголема, тој кој што посегнал по оваа работа, е истиот кој што бесправно...

Продолжи со читање

Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид

Post Views: 184 Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид. Според последната евиденција на Центарот за вработување, во нашата општина има 6573 лица од кои 3619 се активни баратели на работа. Директорката на Центарот Маја Ташова Биткоска појасни на што се должи зголемениот број на невработени лица. „Во моментот со опцијата за аплицирање за материјалното обезбедување, невработеноста се зголеми во бројка, бидејќи луѓето кои што не се пријавувале а сега имаат право да го искористат и да го обноват тоа барање за материјално обезбедување по основ на стечај и на технолошки вишок...

Продолжи со читање

Усвоен буџетот за 2013 во Струга

Post Views: 183 Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на пазар.„Намаливме...

Продолжи со читање

Од „Совест“ остварија средба со Комисијата за односи со верските заедници

Post Views: 420 Здружението на граѓани „Совест “ на средба со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Средбата била на барање на директорот на Комисијата,Даријан Сотировски. Од здружението „Совест“ го поздравуваат гестот на Комисијат која е првото тело на централната власт кое што досега покажало интерес дирекно да ги слушне реакциите на граѓаните околу реконструкцијата на Али Пашината џамија. Претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче, смета дека новиот директор на Комисијата ќе трасира една нова насока во текот на настаните околу градежните зафати...

Продолжи со читање

Се регистрираат пловни објекти

Post Views: 202 Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е технички...

Продолжи со читање

Хуманитарен концерт по повод Денот на пролетта

Post Views: 161 Хуманитарен концерт по повод денот на пролетта. Настанот е во организација на Лајонс Клубот од Охрид. Младите музички таленти, соло изведувачи, хорот и оркестарот на охридската гимназија деновиве неуморно се подготвуваат под менторство на професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимовски. Сите настани кои се наменети за хуманитарни цели секогаш се предизвик, велат учесниците. Тие не открија детали со што ќе се претстават, освен што потенцираа дека со нетрпение го очекуваат утрешниот ден. „Подготовките досега течат супер, неуморно работиме веќе две недели“„Имаше...

Продолжи со читање

Седум децении од смртта на Незлобински

Post Views: 164 Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи.„Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на стружани...

Продолжи со читање

Мал пожар се гаси со чаша вода

Post Views: 183 Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та.  Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша вода.„Треба...

Продолжи со читање