Автор: Николоска Биљана
Post Views: 68Фреските во Црквата Св. Ѓорѓија во Струга, сепак ќе се чистат. Првиот човек на Музејот „Др. Никола Незлобински“, Др Сашо Цветкоски потврдува дека околу реализацијата на проектот за конзервација на иконостасот на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Струга, постоеле одредени несогласувања со Завод и Музеј Охрид, но дека истите се надминати. Како што е познато проектот е одобрен од страна на Министерството за култура и веќе се екипираат и луѓето за реализација на овој значаен проект и од јуни очекуваме да се отпочне со чистење на фреските, додава Цветкоски.„Имаше некои мали недоразбирања...
Уличните кучиња, биолошка закана за Охрид
Post Views: 57 Надлежните претставници на градската власт, итно да преземат соодветни мерки за справување со уличните кучиња, повикуваат стручните лица од областа на медицината. Д-р Никола Филев истакнат педијатар загрижен за состојбата, смета дека институциите крајно сериозно треба да се постават во надминување на овој горлив проблем со преземање на мерки согласно закон, бидејќи во прашање се нашите деца, туристите, но станува збор и за имиџот на градот. „Во парковите има глутница кучиња кои што изметот го уставаат тука а исто така и уринираат, а преку нив се шират и многу заразни...
Со свечена академија економското училиште од Охрид го одбележа својот патрон
Post Views: 56 Средното стручно Училиште „Св Кирил и Методиј “, Охрид го одбележа својот патрон. Директорката Славица Костоска, синоќа во ЦК „Григор Прличев“ на свечената академија истакна дека во изминатото четири годишно напорно работење во скромни услови, со ограничени средства, успеале да навлезат во најновите методи на воспитно образовниот процес, вклучувајќи ги тука и учениците, со цел да создадат квалитетни личности кои ќе бидат подготвени да чекорат низ животот. „За првпат оваа година имавме повеќе запишани ученици од оние што завршиле . Инаку од нашето основање секогаш имаше...
Иста програма, исти проблеми
Post Views: 49Поставувањето на урбаната опрема, хроничен проблем во Струга. Изминативе 4 години во оваа сфера владее хаос во вистинска смисла на зборот, реагираат од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Години наназад укажуваме на пропустите кои се прават од страна на Локалната самоуправа, од каде не убедуваа дека имаат капацитет да се справат со проблемот, дававме наши забелешки, но досега не се најде начин проблемот да се реши, вели Јулијана Зуноска, советничката на ВМРО – ДПМНЕ. Таа додава дека програмата за поставување на урбана опрема за 2013, е копија на онаа од минатата година, и да...
Охрид го одбележа денот на пожарникарството
Post Views: 69 Охрид го одбележа денот на пожарникарството. Градоначалникот Јован Стојаноски, претседателот на Советот и директорите на јавните претпријатија го посетија објектот на територијалната противпожарна единица и извршија увид во нивната работата. Градоначалникот на охридските пожарникари честитејќи им го денот, се заблагодари за нивната пожртвуваност и професионалност во извршувањето на нивните обврски и им посака помалку работа . Командирот на ТППЕ, Спасе Прентоски ја истакна важноста за одбележувањето на денот на пожарникарството, кој во нашата земја се прославува од нејзиното...
На охриѓани не им гори под нозе
Post Views: 61Ценовниот удар на струјата ги погоди и охриѓани. Но нашиот град очигледно слабо реагира на ударот бидејќи во Охрид сеуште нема индиции за штрајк против поскапувањето на електричната енергија. Поголемите градови во земјава Скопје, Битола, Прилеп, Тетово и Куманово се приклучија кон граѓанската иницијатива на здружението Аман, од каде најавија одржување на протести секој вторник. Да се надеваме дека нема да поминат многу вторници. Охриѓани ги поддржуваат протестите и доколку би имало би се приклучиле кон нив, но очигледно нема кој да ги организира.Атмосферата во Битола е далеку...
Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода
Post Views: 60 Нема повеќе паушално плаќање и аконтација за потрошена вода. МЈП „Проаква“ од неодамна отпочна со реализација на нов проект, односно на сите водомери ќе бидат монтирани картички со бар кодови. Со еден ваков проект првиот човек на водоводното претпријатие Владимир Алексијоски смета дека ќе ги реши сите проблеми кои досега се јавуваа со паушалното и аконтативно плаќање на потрошена вода. „Согледувајќи ги досегашните аномалии во врска со внесувањето на состојбите на броилата од потрошувачите, одлучивме да воведеме новина а тоа е поставување бар кодови на самите броила преку...
Директорите на струшките училишта потпишаа меморандум за мир и толеранција
Post Views: 93Младинскиот Центар од Струга ги собра сите директори на струшките јавни и приватни образовни установи. Целта на средбата беше потпишување меморандум, со кој директорите треба да се залагаат за мир и толеранција во училиштата во престојниот предизборен период. Меморандумот значи отпочнување на една значајна соработка помеѓу струшките училишта, вели Бранкица Затаракоска од МЦ Струга.„Иницијативата покрената од директорите на училиштата, поддржана од граѓанските организациии и општина Струга, дојде до идеа да оформи меморандум за зедничко делување кој што сите директори на ниво...







