Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дерби натпревар помеѓу Охрид и Пелистер

Post Views: 188 Ракометарите на на РК Охрид утре ќе играат против битолски Пелистер. На СРЦ „Билјанини извори “ ќе се игра последниот дерби натпревар од регуларниот дел од Супер лигата во 19 часот. Крсте Андоноски, капитенот на охридскиот клуб рече дека иако овој натпревар нема големо резултатско значење, како тим ќе го дадат својот максимум. „Ние сепак ќе играме за престиж и довоигрување на екипата, се надевам дека ќе апетитите на охридската публика и овој натпревар нака биде увертира за она што понатаму не следува во плејофот“ – вели Андоновски.  „Минатата сезона бев во...

Продолжи со читање

Ќе има, субвенции за струја

Post Views: 194 Субвенциите за струја доцнат и нередовно се исплатуваат. Оваа забелешка ни ја посочија дел од охридските социјалци. Тие прашуваат каде заглавила владината помош од 600 денари за покривање на трошоците за струја која на нив им следува и дали има селективен однос од страна на ЈУ Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи, кога се работи за исплата на истите. Оваа субвенција кај некои од корисниците доцнела повеќе месеци, па оттука расте и нивниот револт. Билјана Наумоска од Центарот за социјални работи Охрид, тврди дека редовно секој месец се врши исплата на субвенцијата...

Продолжи со читање

Продолжување на рокот на договорот за закуп бараат концесионерите на плажите

Post Views: 171 Досегашните и идните концесионери на охридските плажи денес одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Нивната оценка за средбата беше позитивна и очекуваат решавање на проблемите со кои се соочувале во изминатите години. Дел од нив укажаа, дека иако плажите на концесија се добиваат на 5 години, тие во рок од 10 години пет пати излегувале на јавни наддавања кои биле организирани од централната и од локалната власт. „Нашето главно барање е продолжување на концесиите на подолг период како и тоа да се има во предвид сите досегашни инвестиции за луѓето кои го...

Продолжи со читање

„Наша Струга“, ја продолжува традицијата

Post Views: 217 Денеска православните верници го одбележаа верскиот празник Пречиста Богородица. Стружани масовно собрани пред малата црквичка  посветена на оваа светица,  уште еднаш покажаа дека верата, а посебно големите христијански празници може на едно место, во голем број да ги соединат и младите и старите без оглед на која политичка опција припаѓаат. Тие во своите домови за здравје и ксмет однесоа крстена вода, а после богослужбата каснаа по малку нафора и пченица.Денешниот ден е посветен на Воведение на Пресвета Богородица и масовно се слави во Струга и струшко. На многу фамилии...

Продолжи со читање

ЕЛЕМ: Нивото на водата во Охридското Езеро е под контрола

Post Views: 190 Нивото на Охридското Езеро и реките кои се вливаат во него се следи и се преземаат потребните мерки во случај да продолжат ваквите временски услови, кажа Градоначалникот на Охрид, Јован Стојаноски Тој денеска оствари средба со раководните структури на АД ЕЛЕМ. „Нашата поголема будност се однесува на реките и каналите што се влеваат во Охридското Езеро. За жал, ние немавме тендер минатата година, и не беа исчистени каналите онака како што треба, но ние цело време ја следиме состојбата, среќа што досега немавме поголеми поплави беа преземени мали зафати на Коселска...

Продолжи со читање

Нема благодарам за мојот хуманизам

Post Views: 185 Интересна живота сторија на Дмитар Свилар. 178 кратниот крводарител кој цели 36 години живее и работи во Охрид, нема државјанство. Трнливиот пат до потребните документи започнува од распадот на Југославија, вели Свилар. И покрај регуларниот 12 годишен брак со македонка, кој завршил со развод и од кој има син, тој досега не успеал да се стекне со право на државјанство. Сите негови обиди да поднесе документи биле неуспешни и задоцнети. Барем така му кажувале претпоставените во надлежните служби.„Па јас ги поднесував документите, па ме одбиваа. Прв пат кога ги поднесов...

Продолжи со читање

Курајчани денес протестираа пред ЕВН

Post Views: 168 Курајчани денеска преку мирен протест го изразија својот револт кон ЕВН Македонија, поради зачестените прекини на електро снабдувањето во ова охридско село. Тие од ЕВН побараа, под итно да предложат план за неопходни инвестиции и изградба на нов систем за пренос на електрична енергија, исто така побараа ЕВН за секакви дополнителни планови да се консултира со месната заедница како и тоа, за понатамошниот тек на работите мештаните писмено да бидат известени. Претседателот на М.З. Горан Ангелоски укажа на застареноста и неодржливоста на системот на пренос на постоечката...

Продолжи со читање

Објавена програмата за рурален развој

Post Views: 193 Струшките земјоделци на истекот на оваа календарска година ја дочекаа програмата за рурален развој за 2012. Станува збор на популарната програма „педесет проценти“, вели Слаѓана Калајџиеска Бебекоска, од  Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството во Струга. Таа појасни дека програмата се однесува на набавка на земјоделска механизација.„Набавка на трактори и друга опрема во земјоделството, за која што најпрво земјоделците конкурираат односно бараат да им биде одобрена набавка, а ако склучат договор после тоа добиваат 50% од инвестираните средства“-вели Бебекоска.Интересот...

Продолжи со читање

Михаилов во домот на Размоски

Post Views: 174 Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена. Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош. „Тоа го правиме навистина...

Продолжи со читање

Многу хумани гестови за Велигден

Post Views: 172 Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден. Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува...

Продолжи со читање

Чифлиганец и за Велигден во Охрид

Post Views: 256 Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на  најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година. „И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и вљубеноста...

Продолжи со читање

Намалени се површините на плажите на Охридското крајбрежје,

Post Views: 325 Врнежите од дожд и топењето на снеговите што го зголемија нивото на Охридското езеро, на површина ги извади и првите проблеми во делови на охридското крајбрежје. Концесионерите на дел од плажи стравуваат дека ќе ги изгубат плажите. Тие укажаа дека површината на дел капалиштата се половина под вода и се загрижени поради ваквата состојба. „Границата веќе е критична. Како што може да видите половина од плажите веќе се под вода. Конкретно на мојата плажа е нешто повеќе. Првиот посериозен бран ќе направи уште поголеми штети. Ние сме навикнати ова не е прв пат. Во последните...

Продолжи со читање