Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Отворена школата за млади лидери. Охрид по трет пат домаќин на овој проект, кој важи за еден од најуспешните едукативни проекти во земјава. Школата за млади лидери е лична идеја на претседателот на Р.Македонија Ѓорѓе Иванов, како би им овозможила на младите, талентирани и амбициозни луѓе од Македонија, да ги надградуваат и усовршуваат своите вештини, да ја развиваат својата креативност и менаџерски способности. „Со овој проект сакав да имам личен печат на извршувањето на мандатот на функцијата претседател на Македонија“-истакна Иванов. Додаде дека школата за млади...
Џафери: Разговорите во процесот „Жан Моне“ се одвиваат во конструктивна атмосфера
Post Views: 7 Денес во Охрид почна работниот дел од парламентарните разговори во рамки на дијалогот Жан Моне кој претставува клучен принцип на консензус за обединет пристап кон Евро-атлантските интеграции за граѓаните на РМ и институционално јакнење на Собранието како демократски столб на сите реформи. Средбата е иницирана од европратениците Иво Вајгл, Кнут Флекенштајн и Едуард Кукан. Клучните теми за кои се дискутираше на денешната дебата е Деловникот за работа на Собранието, Етичкиот кодекс, буџетската независност на македонското Собрание, како и други прашања насочени кон...
Струшкиот Совет ја одржа последната седница
Post Views: 7 Струшкиот Совет ја одржа последната седница. Обременета со повеќе точки истата помина напнато. Една од пожешките точки која ги разбранува политичките гледишта на советниците, беше легализацијата на бесправно изградените објекти покрај езерскиот појас. Никола Затуроски од ВМРО – ДПМНЕ истакна дека самото ставање на точка на дневен ред, Предлог одлука за утврдување потреба од донесување Планска урбанистичка документација односно усогласување на намената на градежното земјиште за бесправните објекти е невиден цинизам и мајтапење на законските прописи. Затуроски...
Се чека нов извршител
Post Views: 8 „Не знам каде веќе да се обратам“. Вака отпочна разговорот со Весна Петреска која се обрати до нашата редакција, немоќна да се справи со проблемот со кој се соочува веќе цели 5 месеци. Имено, како што кажа Петреска, поради долг на кредитна картичка, постапката стигнала до извршител. Година и два месеци, извршителот, секој месец повлекувал една третина од платата на нејзиниот сопруг, со цел да се исплати долгот кон Шпаркасе банката. Петреска вели дека тие го подмириле долгот кон банката но парите не стигнале до доверителот. Од вкупно 97 000 денари колку што му биле...
Презентација на проектот „Посвојте парк“
Post Views: 9 Со доделување на сертификатите на учениците, учесници во „Зелената Академија“ отпчна првата активност на проектот „Посвојте парк“. Станува збор за мошне важен преокт од областа на екологијата, чија што цел е да се развие свеста кај младите за еколошките проблеми со кои се соочува Македонија, како и тоа да се инспирираат сами да преземат активности за да ја подобрат лошата состојба во која се наоѓа замјава во насока на еколошка свест, вели Катерина Василеска проектниот координатор од „Локалната агенција за развој“. „После оваа активност, „Зелената академија“ која...
Платата во МЈП „Проаква“, доцни
Post Views: 14 МЈП „Проаква“ на вработените месец и половина им должи плата. Вработените се соживеани со судбината на претпријатието и се надеваат на подобро, вели првиот човек Златко Старкоски. Директорот се правда дека половина година ЈП е под рестриктивни мерки за да не дојде до негово згаснување поради големите долгови, од кои претпријатието никако да крене глава .„Можам да кажам најодговорно, со моето доаѓање во јануар месец, во јануар беше исплатена плата беа земени сини картони фебруар и се до последниот месец еднаш во месецот вработените земаат плата, нас ни остана...
Музиката во Охрид под контрола
Post Views: 9 Општинските инспектори работат двосменски во борба против бучавоста. Проблемот е евидентен, но во споредба со изминатите две години драстично е намален, објаснува Танас Танасоски, раководител на општинскиот инспекторат. Тој додава дека инспекторите кои се под негова капа, излегуваат на терен од 22 до 4 часот наутро, за да ги контролираат угостителските објекти и тоа допринело да се намалат проблемите околу бучавоста.„Но сепак морам да истакнам дека неколку кафичи и понатака не се придржуваат до законските прописи односно бучавата е над онаа нормала која што е...
Привилегирани советници
Post Views: 6 Гратис мобилни телефони и гратис картички за паркинг, за кого како. Според најновите сознанија кои деновиве за ТВМ јавно ги соопшти координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, Дејан Паноски, во Локалната самоуправа спроведени се активности за набавка на мобилни телефони и картички за гратис паркирање на советниците на мнозинството. Според него тоа е класичен обид за нарушување на демократскиот процес во општина Охрид, конкретно во Советот и ваквиот однос според Паноски трае подолго време. „Мојата порака и пораката на советниците од опозицијата е јасна, не...