Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Струга, прави напори да го врати пливањето

Post Views: 8 Подобри денови за пливањето во Струга очекува Ацо Ѓуроски, тренерот на ПК. Тој смета дека мора да се врати епитетот на „пливачака Струга“ некогашната лулка на овој спорт. Значењето на пливањето е огромно не само како спорт, туку и во превентивното делување врз деформитетите кои се јавуваат кај децата со рбетниот столб, но огромна е примената на пливањето и за рехабилитацијата појаснува Ѓуроски. „За едно општество најбитен е правилниот развој на децата. Тоа е за подобра иднина на сите. Затоа централната и локалната власт е многу заинтересирана за децата, за нашата...

Продолжи со читање

Конечно ќе се реконструира затворениот пливачки базен во Струга

Post Views: 25 Ќе се реновира некогашниот затворен пливачки базен во Струга. После едена деценија, за прв пат сигурни сме во намерата на Агенцијата за млади и спорт, која во буџетската програма за 2018 год предвиде средства за обнова на некогашниот репрезентативен објект, вели Ацо Ѓуроски, спортски работник од Струга. Тој пренесува дека во тек била постапката на докомплетирање на потребната документација која општина Струга треба да ја достави до Агенцијата. Ѓуроски истакна дека овој пат голема поддршка имале и од струшкиот градоначалник Рамиз Мерко. „Пред неколку дена и...

Продолжи со читање

Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга

Post Views: 13 Ресул Каба избран е за претседател на Совет на град Струга. Денес во оваа општина беше конституиран градскиот Совет. Верификациската комисија на сите 27 советници им ги врачи мандатите врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија. За новоизбраниот претседател на Советот Каба, доверената функција е можност да придонесе за развој, посветла иднина и просперитет на општината. Каба потенцира дека ќе работи во согласност со правилата и деловникот и со целиот свој капацитет за подобар живот на граѓаните на општина Струга, без разлика на...

Продолжи со читање

Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници

Post Views: 11 Во струшкиот Совет седнаа новите 27 градски избраници. Денес и официјално им беа врачени уверенијата за утврдување на мандатот од страна на Општинската изборна Комисија. Претседателот Блерим Зиба истакна дека се протекло во најдобар ред на еден демократски и цивилизациски начин, што било и очекувано. „Очекуваме овој Совет да работи за доброто на граѓаните, очекуваме дека ќе ги исполнат ветувањата за време на кампањата“ Во новата постава на советници во струшкиот совет, поголем дел од градските избраници се нови ликови, исправени на патот да ги остварат...

Продолжи со читање

Нов проект за заштита на природата

Post Views: 9 Со проект на УНДП и ЕУ во висина од над 4 милиони евра ќе се подобрува управувањето со заштитените подрачја во Р Македонија и ќе се поттикнува одржливото искористување на природните ресурси. Инвестирањето во заштитата на природата носи економски придобивки за општините, а точно во таа насока е и овој проект истакна Анита Коџоман раководителот на програма за животна средина, на денешниот Информативен ден во Струга. Очекувањата се дека НВО и локалните заедници ќе прават партнерства кои ќе помогнат не само да се зачува природата туку истовремено да се генерираат...

Продолжи со читање

Јолевски: Мора да ја вратиме препараторската дејност

Post Views: 14 Препараторската дејност во НУ Музеј „Д-р Никола Незлобински“ е замрена. Речиси 15 година под разни изговори оваа дејност како да е подзаборавена за ТВМ открива единствениот препаратор од оваа Установа, Васко Јолески, кој работи во Биолошкото одделение од музејот. Јолески со голем ентузијазам најавува дека подготвен е она што неколку години било прекинато да го возобнови, со цел струшкиот музеј повторно да стане туристичка атракција број еден како што тоа некогаш било во екс Југословенските простории. „Еве сега со нови сили и кадри ви природно научниот музеј се...

Продолжи со читање

Рестрикција на вода во Струга

Post Views: 6 Стружани повторно се соочуваат со проблем околу водоснабдувањето во градот. Тие посочија дека речиси една недела или нема вода или притисокот е слаб. Жителите велат проблемот со водоснабдувањето трае со години и лето и зима како и тоа дека секојдневно бараат од струшката локална самоуправа да изнајде решение, но од таму добивале само празни ветувања. Јонче Докоски, градежен инженер од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод Струга, вели дека постои проблем, но тоа не е од човек фактор туку од временските услови. Тој кажа дека намалена била издашноста на изворите од кои градот...

Продолжи со читање

100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка

Post Views: 6 Европската Унија за Македонија и Албанија остави на располагање 100 милиони евра од ИПА компонентата за прекугранична соработка. Во Струга денес се одржа Петтиот форум за регионална прекугранична соработка. Министерот за Локална самоуправа Сухејл Фазлиу истакна дека оваа прилика е добра можност за размена на искуства со другите корисници на ИПА компонентата за прекугранична соработка, со што би се подобрил капацитетот и во ресорното министерство, но и во државата како повеќе да се искористат ИПА фондовите од ЕУ. „Очекуваме дека ќе има добри проекти, соработката е...

Продолжи со читање