Автор: Николоска Биљана
Post Views: 218 Не е испочитувана една од една од клучните препораки на УНЕСКО: прогласување на мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, обвинија деновиве активистите на граѓанската иницијатива Охрид СОС. „Може да се забележи дека се продолжува со градењето и издавањето одобренија за градење на крајбрежјето, а легализацијата на бесправно изградени објекти се практикува во континуитет со што урбанизацијата во регионот слободно може да се констатира...
Преку Смарт Охрид концептот, до промоција на НП „Галичица“
Post Views: 203 Денес во општина Охрид беше промовирана пред-физибилити студијата за концептот Smart Ohrid или Охрид – паметен град. Станува збор за концепт во кој е предвидено како Охрид би можел да се развива на одржлив начин, со цел од тоа придобивка да има населението, општината и туристите, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко – свест“. „Идејата на концептот е да го намали притисокот од сообраќајот врз НП „Галичица“ односно врз биодиверзитетот и врз локалното население со тоа што сите автомобили или дел од нив би...
Не биди насилник
Post Views: 185 Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица.„Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...
Отпадот кој го исфрла езерото може драстично да се намали
Post Views: 194 Отпадот кој деновиве го исфрла Охридското Езеро може драстично да се намали доколку се постават решетки на сите водотеци, реки и суводолиции на подрачјето на нашата општина. Во моментов еден ваков проект кој го изготви Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ е во крајна реализација, информира Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. Тој кажа дека во рамки на овој проект во ЈП ќе биде формирана посебна служба која ќе се гижи околу одржувањето на решетките кои треба да се постават на устието на реките. „Ќе се намали повеќе од...
Таксистите на мета
Post Views: 162 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните превозници...
Гочева: Новиот албум „Извор“ го отсликува мојот музички израз последниве неколку години
Post Views: 226 Поп дивата, најдобриот македонски вокал, Каролина Гочева, најавува незаборавен концерт за кој долго време ќе зборува во Охрид. Концертите во Охрид секогаш се убави вели таа. Ветува дека атмосферата од неодамнешниот концерт кој го имале во Скопје ќе ја пренесат и вечерва во Охрид, каде ќе биде промовиран нејзиниот најнов албум „Извор“. Гочева открива колку време работеле на последниот албум „Го снимавме цела измината година се заедно…сепак тоае процес кој трае подолго од планираното, не сакавме да се ограничуваме во никакви временски рамки, сакавме тогаш кога...
Охрид кубури со дефектолози
Post Views: 196 Охрид кубури со дефектолози. На ова поле од ЛДП бележат поразителни статистички податоци. Од една страна тројца дипломирани дефектолози на подрачјето на општината, сеуште чекаат работа по нивната струка а од друга страна Локалната самоуправа и Централната власт вработуваат нестручни кадри. Ова е погрешна политика на двата субјекти вели потпретседателот на партијата Десанка Тасеска.„Денес во која и да било земја членка на ЕУ постојат утврдени правила, што значи на определен број на деца со посебни потреби треба да биде соодветно застапен и определен број дефектолози....
Здравствениот дом во Струга се поднови
Post Views: 269 Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа. „Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни. Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...
Деновиве Охридското Eзеро исфрла отпад
Post Views: 337 Депониите по коритата на реките завршија во езерото. Околу 40 метри кубни разновиден отпад, трска, шишиња, најлони, за само два дена е подигнат на потегот од Градското пристаниште до холандскиот парк. Количината на отпадот кој се најде на градскиот кеј е резултат на изливање односно високиот водостој на реките и речните корита, поради обилните врнежи на дожд и топењето на снегот од планините, вели Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. „Не се работи за отпад кој бил наталожен на дното од езерото и сега е исфрлен на самото крајбрежје,...
Жените во АРМ
Post Views: 223 Жените ги надминуваат стереотипите за некои професии кои порано се сметаа за исклучиво машки. АРМ е вистинска платформа за професионален развој на една амбициозна, храбра, издржлива, дисциплинирана, со еден збор жена која навистина го сака тоа што го работи односно вистински ја сака оваа за многумина повеќе „машка“ професија. Таков е примерот со Мишела Маркоска и Елисавета Димитриеска, вработени во Армијата на Р. Македонија во Центарот за обука на вода во Охрид. Мишела е старешина, а Елисавета работи во администрацијата, двете фамилијарни жени, мајки на две деца....
Кој да ја слушне маката на Митреви?
Post Views: 196 Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот...
Пензионерите ќе добијат сместувалиште
Post Views: 180 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...