Автор: Николоска Биљана
Post Views: 13 Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Св Стефан“ годинава се вклучува во одбележување на неделата на хипертензија односно висок крвен притисок, во соработка со фармацевтската куќа „Крка“. Директорката на Заводот, д-р Елена Коваческа Башуроска вели дека почнувајќи од утре 16 мај од 10 до 14 часот во кардиолошкиот центар ќе се вршат бесплатни прегледи на кои ќе се мери крвен притисок, ќе се прави ЕКГ а ќе се делат и здравствени совети од стручен медицински тим. „Предвидовме неколку дневни активности со цел подигнување на свеста на граѓаните за важноста на рано...
Слоу Фуд формира конвивиум во Охрид
Post Views: 8 Заштита од исчезнување на традиционалната и регионалните кујни, поттикнување на земјоделството со растенија, семиња и добиток карактеристични за локалниот екосистем и производство на храна чија технологија е базирана на знаењето на локалното население се целите на светското Слоу фуд движење кое 10 години е присутно и во Македонија. Своите цели за одржлива храна и промоција на локалните мали производители Слоу Фуд се обидува да ги реализира преку агенда, насочена против глобализација на земјоделсвото и гастрономијата. „Филозофијата е концепирана н атри клучни...
Еден дожд, извади на површина се
Post Views: 11 Во Охрид не е решено основното прашање, канализацијата и одводната мрежа во градот, реагираат од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Никола Митровиќ, портпаролот на партијата забележува дека општина Охрид 8 години се дави во неодговорноста и неспособноста на актуелниот градоначалник Александар Петрески, а тешките моменти и последиците од таквата погубна политика директно удира по грбот на народот.„Туристички центар како Охрид да се остави без изведба и без санација на одводната мрежа во централното градско подрачје е најголем грев на градоначалникот Петрески кон градот....
Покрај реката Црн Дрим се трупа смет
Post Views: 8 Купишта градежен шут, искршени плочки, цигли, остатоци од стари куќи, хартија, картони, ѓубре од домаќинствата, може да се види по течението на реката Црн Дрим, посебно на потегот од Мороишки мост спрема Струга. Згора на се, очигледно е дека овој потег долги години е неуредуван и личи на змијарник обраснат во грмушки и трева која навлегува во коритото на реката. После браната кај црквата Св Петка во Струга, реката Црн Дрим продолжува да тече на диво, иако минува низ населени места, кои исто така би требало да бидат заштитени од потенцијални поплавувања со...
Јапонците со реални намери
Post Views: 11 Реална е можноста јапонците да инвестираат во заштита на Охридското Езеро, смета Дејан Паноски од билатерaлниот секретаријат. Јапонската мисија која треба еден месец да престојува во Охрид, покажува сериозен пристап и интерес за доизградба на колекторскит систем, со средства од Јапонската Влада, објаснува Паноски. Додава дека интересот е обостран и веќе од наша страна биле изготвени апликациите. Ако се оди како што треба, парите за првата фаза може да ги очекуваме веќе во октомври, категоричен Паноски.„Сега очекуваме да се конкретизира финансиската помош. Она што...
Чистењето на езерото од цврст отпад дава резултат
Post Views: 14 Охридските нуркачи успешно ја спроведоа акцијата за чистење на дното на Охридското Езеро. Пред самиот почеток на летната туристичка сезона Клубот за подводни дејности „Охрид“ и членовите на НК Амфора вчера на потегот од градското пристаниште до Канео го чистеа езерото од од цврст отпад. „Секоја година од дното на езерото вадиме многу цврст отпад но можам да потенцирам дека последниве години имаме се помалку отпад, што значи дека овие акции и тоа како придонесуваат за подигнување на свеста кај граѓаните за зачувување на Охридскот Езеро“ – вели Милутин...
Заев: Не треба да се гради Али пашината џамија ако нема одобрение за градба
Post Views: 12 Без одобрение за градба, не може да се гради, никаков објект, категоричен премиерот на РМ Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање околу тоа, дали е запознат со реконструкцијата на Али Пашината џамија која се гради и покрај забелешките на надлежните институции кои констатираа прекршувања на прописи и други незаконитости. „Ако нема одобрение за градба не треба да се гради. Ако не постапи општинскиот инспекторат за градежништво ќе постапи државниот инспекторат. Во Македонија важат законите и тие мора да ги почитуваат сите. Јас исклучително испраќам порака да...
Отворен новиот луксузен хотел Unique Resort & Spa во Охрид
Post Views: 22 Нов луксузен хотел во Охрид. Unique Resort & Spa, лоциран во близина на Билјанини Извори синоќа ги отвори вратите на урбаното угостителство и хотелиерство во Охрид и пошироко. Даниел Јакимоски од менаџерскиот тим на хотелот истакна дека горди се на оваа инвестиција која е резултат на нивната напорна и визионерска работа, во која сите максимално се вложиле со цел на клиентите и гостите кои ќе ги посетат да им понудат бројни содржини во кои максимално ќе уживаат и ќе се опуштат. На отварањето се обрати Климентина Мартиноска член на одборот на директори од...