Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Заедно за едно

Post Views: 162 Заедно за едно. НВО „Езерка“, Струга во соработка со наставниот кадар од образовните институции како и со нивните родители, континуирано работат на проблематиката за заштита на децата.Драгица Павлеска Попеска претседателот на Езерка вели, одбележувањето на денот на детето е само уште еден настан во низата активности кои тие ги спроведуваат во врска со децата. Ни руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век.-додава Попеска.„Затоа мораме да бидеме будни, имаме и најавувања на вакви случаи кои се кажуваат страмежливо во едно семејство, кај комшијата, кај пријателот...

Продолжи со читање

Охрид град на цвеќето

Post Views: 165 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот кај...

Продолжи со читање

Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен

Post Views: 180 Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен. За неговиот развој потребна е професионализација и стандарди, посочуваат од Македонската асоцијација на Интернационални водичи во планина. Професијата водич во планина, е една од најтешките професии во светот. Водичите на планина сметаат дека потребно е да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина. „Во туризмот ние имамe едни стандарди, работиме многу често со луѓе кои што воопшто не се искусни за таа работа и одговорноста за организирање на целата тура...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста

Post Views: 172 Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста. Деновивие учениците преку бројни активности, изработка на постери, обојување на лицето, и училишните ѕидови, испраќање на пораки, дадоа поддршка за заедницата на Ретките болести. Со тоа тие станаа дел од интернет кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Директорката Весна Цветкоска истакна дека со задоволство гимназијата заедно со наставниот кадар и учениците дале свој придонес , а исто така најави дека голем број на ученицитеќе учествуваат и на традиционалната трка која ќе се одржи на 28...

Продолжи со читање

Био гориво ќе се произведува во близина на Мауцкер

Post Views: 207 Сеуште не е склучен договор со соседна Р. Грција за проектот„ Одржливо управување и третман на био отпад со користење методи за производство на био гориво “, за кој ЈП „Охридски Комуналец“ доби средства во висина од 513 000 евра. Во моментов донесена е одлука за имплементација на проектот за производство на био гориво од страна на ЈП, информираше Стефан Маслов. Тој додеде дека ЈП активностите околу реализација на проектот ги отпочнале предвремено со цел да бидат подготвени за потпишување на договорот. „ Во меѓувреме бидејќи сеуште не е склучен договорот ЈП за да...

Продолжи со читање

Охриѓани докажани крводарители

Post Views: 165 Охриѓани докажани крводарители. Рекордот од 178 подарени единици на крв на ниво на општината го држи Димитар Свилар. За него тоа претставува обновување на живот, се чуствува помлад и кај него сеуште постои желба да дарува крв. Свилар кажува дека не знае колку животи досега спасил, бидејќи понекогаш од својата драгоцена течност давал и повеќе од потребната количина. Тој е крводарител четири децении, а во Охрид живее 36 години.„Крводарител станав уште како војник  од 1968 год. Потоа редовно давав нон стоп, по еднаш во месецот. Добив златна плакета и многу други републички...

Продолжи со читање

Корегирана одлуката за надоместокот за урбана опрема

Post Views: 175 На денешната средба на градоначалникот Јован Стојаноски и дел од неговите соработници со претставници на угостителскиот еснаф беа усогласени ставовите околу наплаќањето на комуналната такса и надоместокот за поставување на урбана опрема. Овие предлог – одлуки ќе бидат ставени на дневен ред на наредната седница на Советот на општина Охрид. На средбата повторно дискутабилна беше законитоста на ставката за краткотраен закуп, која според претставниците на угостителскиот еснаф не била правно неиздржана. Од таму посочија дека нивните сознанија и консултации со другите...

Продолжи со читање

Фалат средства од општинскиот буџет

Post Views: 150 Советничката група на ВМРО – ДПМНЕ укажува за низа пропусти во врска со трошењето на средствата од минатогодишниот буџет. Тоа не влијаеше врз ставот на останатите советници за да ја изгласаат точката, Предлог Одлука  за усвојување на Извештајот за остварените приходи и извршените трошоци на  буџетот и завршната сметка на буџетот  Општина Охрид  за 2011 година. Советникот Паноски рече дека има недостаток на капитални инвестиции и во никој случај интервенциите за зафати од комуналната сфера неможат да се препишат како капитални проекти. Тој побара отчет од Локалната...

Продолжи со читање

Родителите разочарани од проектот „Бејби бум“

Post Views: 155 Без паричен надомест за четвртото дете остана Фатмире Ибраимоска, за малата Мевлана од Охрид. Таа, година и седум месеци тропа од врата на врата по институциите, барајќи ги своите права за користење на надоместок за четврто дете. Но, до ден денес ништо од тоа. Ибраимоска вели дека ги исполнува условите за паричен надомест кој и следува за нејзината ќерка, но таа е крајно разочарана од односот на луѓето од надлежните институции кои треба да и го овозможат тоа право.„Уште од првиот ден одам по институции да го барам правото на моето дете кое му се следува. Одам кај Лилјана...

Продолжи со читање

Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема

Post Views: 220 Угостителите и општина Охрид на чекор пред конечен договор за утврдување на надоместокот за поставување урбана опрема. Вчера во големата општинска сала претставниците од Здружението на угостители „Охридски еснаф“ одржаа средба со градоначалникот Јован Стојаноски на која беа отворени повеќе прашања од угостителската проблематика, посебно во делот на надоместокот за поставување на урбаната опрема. Градоначалникот истакна дека оваа средба можеби требало да се случи порано, со цел да се избегнат сите недоразбирања, додавајќи дека на истата се постигнало доближување до...

Продолжи со читање

Додевски: Обучените водичи за планина се гаранција за безбедност на клиентите

Post Views: 173 Македонската асоцијација на интернационални водичи во планина, изминативе 4 дена беше под мониторинг од експертска група на Меѓународната Унија на интернационални водичи во планина. Тие вршеа увид врз работењето на македонската асоцијација, а истовремено биле присутни за време на спроведувањето на обуката со новата генерација кандидати за водичи на планина што се одржа на Шар Планина, како што појасни претседателот Константин Циривири. Тој кажа кои се очекувањата од оваа посета. „Тие ќе дадат свое објаснување за организацијата за професијата интернационален водич...

Продолжи со читање

Филипче најави надградба на „Мој Термин“

Post Views: 173 Министерот за здравство Венко Филипче при неодамнешната посета на Оштата болница во Струга најави надградба на „Мој термин“. Тој појасни дека со надградбата на овој електронски систем ќе бидат воведени нови функции, а ќе биде унапреден и досегашниот систем. Според Филипче со новата надградба министерството ќе има централна контрола и увид во се со што располага ресорното министерство во секој момент. „Да не биде само систем со кој што само ќе се упатуваат пациентите туку да биде вистински електронски систем кој што ќе ги интегрира сите здравствени институции во...

Продолжи со читање