Автор: Николоска Биљана
Post Views: 161 Охридското Езеро има капацитет за развој на риболовен туризам. Се поголем е бројот на странски туристи кои се заинтересирани за спортскиот рекреативен риболов на Охридското езеро. Но и воопшто, во нашата земја со сигурност може да се каже дека постојат страствени вљубеници во овој спорт, кои на рибарење доаѓаат подготвени со соодветна опрема, вели Љупчо Стојкоски, риболовен водич. Тој додава дека покрај спортскиот риболов на најстраствените риболовци им даваат можност да се запознаат и тајната на ловење со блинкер, која е мошне специфична и многу стара. Праксата...
Здружението „Инклузија“ бара Комисија за односи меѓу заедниците
Post Views: 189 Денес на едно место етничките заедници беа дел од дебатата „Унапредување на правата на заедниците и улогата на комисиите за односи меѓу зедниците во локалните самоуправи.“ Претседателот на Здружението „Инклузија“ Вахид Мемед, истакна дека досега немало ваква дебата на која се говори за правата и можностите на етничките заедници, како и за механизмот на Агенцијата за остварување на правата на заедниците, во однос на подобрување на правата и културниот идентитет. „Мислам дека на некој начин малку се заборавени етничките заедници. Да не заборавиме дека на пописот од...
Колку чинат новогодишните пакетчиња за струшките советници
Post Views: 193 За градот 600 000 денари, а за советниците 800 000 денари. Советот на општина Струга на последната седница даде зелено светло за искористување на средства во висина од 1 400 000 илјади денари само за Новогодишниоте празници. Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко уште пред да се изглсаат точките кои се однесуваа за овие средства ги поддржа советниците.„Сигурно ние сме дале предлог ќе видиме што ќе одлучи советот и што ќе побараат советниците тоа ќе го направиме се надевам дека ќе има добро расположение“-вели Мерко.Двете предлог барања беа на претседателот на Комисијата...
Пензионерките денес славеа
Post Views: 161 Со оро, песна, каранфил за сите жени, како и збор два за значението на празникот на жената, во Хотел „Силекс“, Охрид се одржа традиционалната прослава по повот празникот. Одбележувањето на денот на жената е во организација на Активот на пензионерки при Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца со Активите на пензионерки од Југозпадниот регион. Претседателката на пензионерките Ружа Балеска вели дека овој ден има посебно значење за нив и дека за достојно одбележување во многу принесува Здружението на пензионерите од Охрид. Празникот на сите жени им го честита...
На жената и треба реална помош
Post Views: 184 Жената е мета на различни притисоци и деградирања. Бројните реклами за подобро на жената посебно оние за семејното насилство, и нејзината политичката застапеност, во реалноста покажуваат контра ефект, посебно во Охрид, обвинуваат од ОО на ЛДП и женскиот форум. Тие порачаа наместо каранфили и лицемерни изјави, празникот да се честита со конкретни акции за подобро утре на жената.Даниела Ангелоска од ЛДП, вели „секое насилство врз жената да биде строго казнувано. Секторите во кои работат жените посебно текстилната индустрија да добијат повисоки примања, поголемо учество...
Божиновски: СДСМ и Министерството за култура направија културна деградација на Охрид
Post Views: 203 За СДСМ и министерот Роберт Алаѓозовски не се важни граѓаните и во кои рамки ќе се движи културниот живот во Охрид. Тие не сакаат Охрид и охриѓани, како и сите граѓани на Република Македонија и бројните странски посетители да го спознаат бисерот на културата преку бројните афирмирани културни манифестации, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. „Во Годишната програма за култура за 2018 година, на Националната установа фестивал „Охридско лето“ од Министерството за култура и се доделени 23 милиони денари, наместо предвидените 53 милиони...
Оштетена патеката Лабино – Канео
Post Views: 245 Оштетен дел од пешачката патека Лабино – Канео, во стариот дел на градот. Непознатите сторители очигледно знаеле што прават бидејќи од заштитните огради отштрафиле дел од штиците, а истото тоа го направиле и на дел од клупите. За состојбата запознати се од Локалната самоуправа на Охрид. Томе Наневски од Секторот за комунални дејности вели дека секогаш ќе интервенираат онаму каде што има потреба, но сепак повика на поголема свеснот кај граѓаните и им порача да водат сметка, за патеката која е една од најпосетуваните, не само до охриѓани туку и од бројните гости. „Локалната...
Нова градба крај езеро
Post Views: 159 Финишира постапката за изградба на нов објект покрај езерото. На само 53 метри од крајбрежјето на Охридското Езеро, на дел од туристичкиот комплекс Св. Стефан, планирано е изградба на објект за времено сместување А-4. Со цел навремено да се согледаат можните негативни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето, како и социо – економските аспекти од реализација на овој план се наложило потреба за спроведување на Стратегиска оцена, велат од Локалната. Денес на јавна расправа беше разгледана нацрт верзијата од планот и Извештајот за стратегиската оцена. Љупчо...
Иницијатива за вракање на Аџовата чешма во Струга
Post Views: 203 Стружани покренаа иницијатива за обновување на Аџовата чешма. Некогаш оваа чешма постоела на почетокот на Струшката чаршија на главната раскрсница, точно на аголот каде што денес се наоѓа дуќанчето за изработка на клучеви на фамилијата Чурковци.Некогаш во Струга постоела Аџовата чешма. Денес ја нема. Но постојат сведоци кои се сеќаваат на неа, кога како деца тука се собирале да ја згаснат жедта, а и да погледнат некоја убава стружанка која од тука полни вода. Еден од нив е Абаз Цаноски, кој своите сеќавања за Аџовата чешма за да не ги заборави, ги ставил на хартија.„Што...
Новинарите и обвинителите ја подобруваа соработката
Post Views: 191 Новинарите и обвинителите два дена во Охрид расправаа како да се подобри комуникацијата на овие две професии што е предуслов за поголема заштита на човековите права и слободата на изразување. Претседателот на ЗНМ Насер Селмани посочи дека, само добро обучени и информирани новинари за своите права и одговорности можат професионално да ја обават новинарската професија. Тој додаде дека праксата на Европскиот суд може да им помогне да не прават грешки и да не ги прекршуваат правата на другите. Селмани рече дека работилницата во Охрид е во насока на зајакнување на започнатиот...
МЈП „Проаква“ почна да го решава проблемот со загубата на техничката вода
Post Views: 221 Загубите на вода во охридско струшкиот регион се големи. Тоа пред се се должи на застарениот цевковод, но одредени проблеми има и во новоизградениот систем. Проблемот со неприходната вода во водоснабдителните системи е еден од најголемите предизвици со кои се соочува МЈП „Проаква“, вели директорот Владимир Алексијоски. Тој посочува дека податокот за количината на неприходна вода од 50-60% во просек од произведената и внесена вода во водоснабдителните системи во Охрид е алармантен и јасно укажува на тоа дека неопходно е да се преземат итни мерки за намалување на неприходната...
Епилог за настанот Пливалиште
Post Views: 213 Затворен случајот Пливалиште. Денес во Основниот суд во Струга од страна на судијата Живко Аврамоски кој го водеше претресот за случајот Пливалиште беа изнесени завршните зборови за овој настан. Ослободени од обвинение се Гоце Јанески и Климе Миладиновски, бидејќи не се докажало делото за кое се теретат. Единствен кој го понесе цел терет на свој грб околу несреќата, а кој воедно е прогласен за виновен е Цвете Вранишкоски. Нему струшкиот суд му изрече затворска казна во траење од 3 години, за сторено кривично дело тешки дела против општата сигурност на луѓето, поради...