Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Македонските таеквондисти се вратија со врвни резултати од Талин

Post Views: 10 Македонските таеквондисти повторно се закитија со медали постигнувајќи врвни резултати на Европското првенство во Талин, Естонија. Тие од таму се вратија со два бронзени медали. Во една голема конкуренција од 1200 натпреварувачи од 33 земји од Европа, нашите таеквондисти се изборија за медал кој иако е бронзен свети како злато, вели претседаделот на македонската репрезентација Маријанчо Лазарески, поранешниот светски вицешампион. „После долги години повторно успеавме да се качиме на Европскиот пиедестал, со што го кренавме и рејтингот на нашата држава во...

Продолжи со читање

Неправдите врз жените да запрат

Post Views: 11 Денес, во организација на Националниот Совет за родова рамноправност и Невладината отганизација „Езерка“, во Струга се оддржа трибина, поточно промоција на концептот феминистичка правда, односно родов концепт и справување со неправдите и дискриминацијата направени во транзициониот период, почнувајќи од деведесеттите до сега. Светлана Јанева од Националниот совет за родова еднаквост истакна дека време е да запрат неправдите кои се вршат врз жената. Додаде дека со реализација на иницијативата на Женскиот суд ќе се отвори простор каде ќе можат жените јавно да сведочат...

Продолжи со читање

Приватните станoиздавачи лути на општината

Post Views: 11 Охридските станоиздавачи го подигнаа својот глас. Тие денес пред претставниците на ОК на ВМРО- ДПМНЕ, како и пред јавноста, се пожалија дека во екот на туристичката сезона, останале со бадијала подготвени соби за туристи и празни раце. За тоа вината ја гледаат во пренагласената урбанизација, како и несредената сообраќајна  состојба во градот посебно во делот на паркирањето. Во името на станоиздавачите на Охрид зборуваше Зоран Зафироски, кој истакна дека ова што му се случува на туризмот во градов не е коректно.„Самата урбанизација која дојде во Охрид од сопственици...

Продолжи со читање

Комунално – Струга, во тајност чува информации

Post Views: 9 На последната седница, Советот на општина Струга даде зелено светло за Одлуката за усвојување на извештајот и одобрување на склучување на договор за Јавно приватно партнерство на ЈП „Комунално“, Струга. Договори се склучени со доелите „Бени Маркет“ и Албафох“, и двете од Велешта и „Сити логистик“, од Скопје, како единствени фирми понудувачи. Но од ЈП по се изгледа во тајност ги чуваат информациите за текот на спроведување на самата постапка за јавно приватно партнерство.„Раководителот на одделението за набавка и комерција Васко Лазороски, преку кое одделение течела...

Продолжи со читање

И од ОК на ВМРО – ДПМНЕ, за јавни тоалети

Post Views: 12 Општина Охрид има пари, но нема воља за изградба на јавни градски санитарии или тоалети. Денес на оваа тема се огласија од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Овој проблем  години наназад се провлекува, а надлежните никако да го решат, истакна Горан Патчев, претседателот на Комисијата за урбанизам. Патчев вели дека во неколку наврати било укажувано на службите во Локалната самоуправа за големата потреба од изградба на јавни санитарни јазли, пред се поради големата фрекфенција на гости не само за сезоната туку и воопшто. „На инсистирање на туристичките водичи во градов кои се...

Продолжи со читање

Се, за туризмот во Охрид

Post Views: 10   Се, за туризмот во Охрид. Од утре екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ ќе пристапат кон чистење од градежен шут и друг вид на отпад, покрај магистралниот пат од охридскиот аеродром до влезот на градот. Иако тоа не е во нивна надлежност, директорот на ЈП  Сашо Алче вели, ако се погледне од страните на патот, состојбата е очајна и го нагрдува лицето на влезот на балканскиот бисер, градот под Самоиловите тврдини, Охрид. Тој е категоричен дека веќе е даден налог од страна на Петрески за да се исчисти овој потег, бидејќи на туристите не ги интересираат надлежностите и...

Продолжи со читање

Студенчишкото Блато мора да се заштити

Post Views: 11 Светските експертите по блатни системи порачаа: Охридското Езеро и Студенчишкото блато кои се природно богатство со огромен потенцијал, соодветно да се вреднуваат и искористат, а притоа да се внимава да не биде нарушен екосистемот. Тие деновиве се во Охрид, и учествуваат на Меѓународната конференција, која е во организација на Европскиот огранок на Друштвото на научници од областа на блатните екосистеми, Здружението за заштита на животните и животната средина Е.Д.Е.Н. и Граѓанската иницијатива „Охрид ЅОЅ“. Истакнатиот експерт, професорот Јос Верховен, истакна...

Продолжи со читање

Муслиманската капела ќе се гради со средства од ЈП „Градски Гробишта“

Post Views: 14 Нашиот град сеуште нема капела за погреб на починатите муслимански верници. За изградба на овој објект пред околу 7 години на охридските градски гробишта беше поставен само камен темелник и од тогаш па се до денес се чека донесување на деталн урбанистички план за тој дел. Новиот директор на ЈП „Градски Гробишта“, Ванчо Костоски за ТВМ открива дека на негово инсистирање остварил разговор со претставници на исламската верска заедница, за повеќе проблеми кои треба престојниов период да се решат. „Имав некој добар разговор, веќе некои запоставени работи во минатите...

Продолжи со читање