Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Солиден буџет за проект

Post Views: 7 Општините Струга и Дебрца, на само чекор до искористување на   средства во висина од околу 80.000 евра. Средствата се наменети за реализација на 1 од 5 те капитални проекти кои се однесуваат на Управување со цврст отпад. Изминативе три месеци (октомври, ноември и декември), во 24 општини се одржаа 60 – ина форуми каде што граѓаните дискутираа на различни теми, проекти, буџети, доставуваа свои идеи, предлози и препораки, вели Владислав Жупан од струшкиот ЛЕР. Тој додава дека денес во хотелот Димитрија, охридско, се одржа четвртата сесија на која стана збор за...

Продолжи со читање

Заврши европското во параглајдинг

Post Views: 10 На само ден пред прогласување на најуспешните параглајдеристи од Третото европско првенство во прецизно слетување, кое деновиве од 1-8ми јули се оддржува во Охрид на НП Галичица, се сумираат резултатите, но и импресиите. Организаторот на натпреварот Златко Спиркоски вели дека постигнат е максимумот и сите 77 пилоти успеале да изведат по 12 слетувања. Додаде дека се знаат и фаворитите, а нашата репрезентација во екипна конкуренција од 15 земји учеснички е на средина по постигнати резултати. „Од фаворитите земји се Словенија, Чешка Бугарија и Србија“, нагласи...

Продолжи со читање

Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник

Post Views: 9 Ракометарите на Охрид утре ќе играат против битолски Еурофарм Работник. Нашата ракометна екипа ги продолжува натпреварите во Супер лигата, во четвртото плејоф коло. Капитенот на РК Крсте Андоноски, оптимист дека утре ќе слават и покрај тоа што смета дека нивниот противник е добра екипа со солидни играчи на секоја позиција, додека пак охридскиот тим бил со ограничен ростер на играчи. „Дека се моќна екипа покажа и нерешениот резултат во Битола со екипата со Металург кој успеа да се спаси од пораз во последните секунди од натпреварот. Ние сме со ограничен ростер, но...

Продолжи со читање

Меморијален Атлетски Митинг во чест на проф. Влатко Димитров

Post Views: 9 Во чест на врвниот атлетичар и истакнат проф. Влатко Димитров, утре, 28ми април ќе се одржи првиот Меморијален Атлетски Митинг. Основната цел за организација на овој настан е да се отпочне со уште една нова традиција со која барем малку ќе му се оддолжиме на професорот Димитров за неговите дела и неговата посветеност на атлетиката, рече претседателот на охридскиот атлетски клуб Пецо Неданов. „Нашата иницијатива наиде на големо рабирање од страна на АФМ и со нивна значајна помош решивме да ја започниме оваа традиција. Настанот ќе започне утре околу 12 часот со...

Продолжи со читање

Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите

Post Views: 8 Слаб одзив на родителите на децата од предучилишна возраст за предавањето кое се однесува на вакцинациите. Во рамки на неделата на имунизација, секоја година експерти од Центарот за Јавно здравје во детската градинка Јасна Ристеска, вршат едукативни предавања за важноста на имунизацијата која што тема во последно време е многу актуелна. Д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека загрижувачки е тоа што родителите не се заинтересирани да слушнат едно стручно предавање на кое се дава одговор на многу прашања. „Кај многу од родителите има поделба, оние кои што се...

Продолжи со читање

„Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите

Post Views: 11 „Градски Гробишта“ ги намалува цените на дел од услугите кои ги врши ова претпријатие, открива директорот Ванчо Костоски. Ова е само една од многуте мерки кои менаџментот на ова ЈП ќе ги преземе во насока на подобрување на нивните услуги, а од друга страна, корисниците на услугите ќе заштедат дури 50% од досегашната давачка. „Една од поголемите ставки е нивелирање на површините какви што ги имаме, ако досега за оваа услуга корисниците плаќаа по 12 000 денари таа ќе се спушти на околу 6000 денари. Ги намалуваме бидејќи цената е повисока а имаме доста такви гробни...

Продолжи со читање

Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“

Post Views: 10 Брзо се вози низ ул. „Карпош Војвода“. Преминувањето по таа улица, на патот кон  детското игралиште,  контењерите за одлагање смет и до најблиските продавници, претставува секојдневно изложување на опасност. Тука се вози со неприлагодена брзина на условите на патот, а посебна опасност се тешките товарни возила.  Оваа состојба ни ја посочија загрижени родители од ова маало кои сметаат дека под итно надлежните треба да преземат превентивни безбедносни мерки како би се изолирала опасноста од прегазување на пешаците, имајќи предвид дека оваа улица најмногу ја...

Продолжи со читање

Мултиетничка интеграција преку проектот „Мулти Зборко“

Post Views: 11 Мулти Зборко претставува дигителен едукативен ресурс наменет за деца од 5 до 10 годишна возраст. Станува збор за повеќејазична визуелна апликација која се применува во основното образование. Во овој проект се вклучени повеќе училишта во земјава, но ОУ „Григор Прличев“ е во главните три пилот училишта во кои што се реализираше, продуцираше и се правеа истражувањата за оваа апликација, вели професор Марина Танасоска. „Училиштата беа избрани според неколку критериуми односно се вклучени групи од повеќе етнички групи, освен од македонската етничка група вклучени се...

Продолжи со читање