Автор: Николоска Биљана
Post Views: 9 Тесниот и стрмен пат кој води до Скребатно ќе се асфалтира. Стариот, пропаднат, руиниран и крпен коловоз во должина од 10 километри, кој води со Скребатно, ќе биде целосно реновиран, покриен со нов асфали, па дури и проширен. Ваквите најви доаѓаат од градоначалникот на Охрид Александар Петрески. Тој потенцира дека зафатите на терен веќе се отпочнати од страна на градежната фирма Илинден од Струга, за што се обезбедени и средства.„Следнава недела отпочнува асфалтирање на патот до Скребатно. Тоа значи проект што ние го изгласавме на совет и аплициравме до светска...
Охриѓани не се вознемирувајте, МВР подготвува показна вежба во Охрид
Post Views: 9 По повод 7 ми мај, Денот на македонската полиција за прв пат во Охрид ќе се одржи показна вежба на 5 ти мај. Подготовките за истата веќе почнаа. Уште денес охриѓани слушаат татнежи кои доаѓаат од градското пристаниште, во тој дел парадира и хеликоптер а таму и небото е обоено со жолто црвен чад. „СВР почнувајќи од денес па се до 5 ти мај годинава на градското пристаниште во Охрид ќе ги реализира подготовките за показна вежба.Од СВР Охрид соопштуваат граѓаните да не се вознемируваат бидејќи во текот на подготовките ќе се употребуваат техничко тактички средства и...
Охрид е безбеден
Post Views: 12 Во пресрет на туристичката сезона Охрид е безбеден. Денес на оваа тема се расправаше во Локалната самоуправа, пред повеќе релевантни претставници на надлежните институции. Актуелните проблеми на градот пред и за време на туристичката сезона повторно се најдоа на менито на дискусија пред присутните на состанокот. Тоа се бучавоста, нелојалната конкуренција на станоиздавачите, плажите и нивната намена, продавањето на храна на отворено, питачењето и друго. Градоначалникот Александар Петрески смета дека од нивна страна се презеле многу мерки во насока на подобрување...
И годинава во Цер, кичевско се одржа панихида на вечното почивалиште на големиот охридски револуционер Христо Узунов
Post Views: 8 На спомен обележјето во селото Цер, Кичевско, каде пред 113 години се случи херојската саможртва на војводата Христо Узунов и неговата чета, денеска се одржа панихида, проследена со пригодна програма. По панихидата, пред присутните, за ликот и големото дело на војводата Христо Узунов, зборуваше проф. Виолета Петкоска, историчар. „Треба да сме среќни зошто имаме од кого да учиме. Ова е мигот кога зататнило оружјето, а затаил разумот. Секоја година ми доаѓаат помислите како и е на секоја мајка која не можела да го сврати своето чедо од идејата да биде пример за...
Машините за сечење дрва ќе заминат во историјата
Post Views: 13 Висока глоба од 500 евра заработија некои од охридските сечачи на дрва. Тие се крајно револтирани од односот на институциите кои брцнаа во нивниот и онака плиток џеб. Од 50 луѓе кои со машина за сечење дрва заработуваат за живот, малкумина се охрабрија јавно да проговорат за нивната незавидна состојба. Ибраим Али вели дека не се престапници и не бегаат од обврските кон државата. Додава дека во денешно време 500 евра се голема сума на пари и тие не можат да ја платат, бидејки и не заработуваат толку.„Тие 500 евра ние сиромасите кај да ги најдеме, како прво не сме...
Проф. Марина: Постоењето регионална депонија е насушна потреба
Post Views: 14 Изградбата на регионална депонија во атарот на село Годивје не само што ја крена јавноста од овој регион туку по ова прашање се изјаснија и експерти од архитектонскиот факултет од Скопје. Деканот на овој факултет професор Огнен Марина вели дека за жал како установа не биле вклучени во процесите, бидејќи и во тој дел има планирање, но смета дека постоењето регионална депонија е насушна потреба. „Собирањето на различни видови на отпад има суштинско значење на квалитетот на живеењето во градовите. Во однос на потребите за регионални депонии јас би рекол со една...
И оваа сезона улицата „Македонија“ ќе биде сообраќајница
Post Views: 9 Улицата „Македонија“ и престојнава туристичка сезона останува сообраќајница, открива првиот човек на градот, Јован Стојаноски. Денес во Охрид беше презентирана тренинг програмата за адаптирање на оваа улица во пешачка зона. Градоначалникот кажа оваа програма сеуште е во рана фаза која се состои од размислување и проектирање на идниот изглед на улицата „Кеј Македонија“, додавајќи дека општина Охрид досега го завршила само тендерот за изработка на режимот за сообраќај. “Во рамките на тренинг програмата за урбан холистички пристап, понатаму треба да предизвика и...
Охрид одбележува 140 години од раѓањето на војводата Христо Узунов
Post Views: 9 Охридскиот војвода Христо Узунов е еден од македонските великани чии идеали се пренесуваат од колено на колено, од генерација на генерација, од востание на востание се до конституирањето на слободна независна и самостојна Р. Македонија. Денес училиштето кое го носи неговото име, со низа свечености го одбележува патрониот празник, а општина Охрид одбележува 140 години од раѓањето и годишнината од херојската погибија на војводата Христо Узунов. „Се поклонуваме пред славниот охридски војвода Христо Узунов и неговото револуционерно дело и чинот и саможртва. Во...