Автор: Николоска Биљана
Post Views: 175 Се продава дел од локацијата на МЈП „Проаква“. Старата зграда на ул. „Кеј 8 ми Ноември“, бб Струга веќе е на тендер, информира првиот човек на општина Струга Рамиз Мерко. Тој додава дека постапката е согласно програмата на Локалната за 2012 та година, која е помината на совет и веќе има заинтересиран, бизнисмен од струшкото село Радолишта. Градоначалникот Мерко не го откри името на компанијата, но ја потенцира според него важноста од продавањето на објектот.„Ние мислиме дека тоа е позитивно за Локалната самоуправа, бидејќи тоа место треба да се изгради. Со продажба...
Протест во струшката детска градинка „Сонце“
Post Views: 293 11 вработени со договор на дело, во понеделник, својот револт заради непридржување кон договорот, како и поради три неисплатени плати, ќе го искажат со протест. Градоначалникот на Струга во врска овој проблем со свој став. „Тука се работи за вработени кои биле долго време по 7, 10 години, со договор на дело кои ги плаќала градинакта со сопствени средства или со средства од МТСП. Ние помагаме но не можеме во целост да се носиме со тој терет бидејќи во буџетот на општина Струга не е предвидено. Револтот е оправдан, бидејќи тој број во градинката е неопходен за извршување...
Стојаноски: Бадниковата литија, почит кон традицијата
Post Views: 190 Утрово низ охридските улици одекна гласот на над 400 дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, најавувајќи го рождеството Христово. Децата пеејќи ја божиќната песна, носеа и божиќни ѕвезди што ја симболизира ѕвездата која ги водела тројцата мудреци до местото каде што бил роден Исус. Во нивни раце беше и специјално украсената пештера на кои е претставено Рождеството Христово. Нивната радост и возбудата беше неизмерна и за нив Бадниковата поворка била посебно доживување кое духовно ги исполнувало. „Јас сум задоволна што учествував на Бадниковата поворка и чест ми...
Проектот за изградба на марина, сеуште само на хартија
Post Views: 216 Години наназад се дискутира дека во главниот туристички центар неопходна е изградба на марина. Моменталното паркиралиште на пловните објекти е каналот Студенчишта, каде се вкотвени пловила кои никогаш и не запловиле во Охридското Езеро. Капетанот на Капетанија на пристаништата на РМ, Горан Устијаноски, има своја визија што треба да се направи за градот конечно да добие современа марина онака како што доликува на Балканскиот Ерусалим. „Марина треба да има. Треба да се изградат краците на охридското пристаниште, тоа е една од сугестиите и нормално прилагодување на...
Божиноски: Со молк се признава вината
Post Views: 189 Брутално кршење на законот и носење незаконски одлуки извршувајќи криминал, стана одлика на СДС и градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски, обвинија на денешната прес конференција од ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски рече дека молкот од СДСМ во однос на јавно поставените прашања од ВМРО – ДПМНЕ е само признавање на вината. „Зошто градоначалникот Јован Стојаноски не презема мерки за ставање вонсила на противзаконските донесени одлуки за управни и надзорни одбори, знаејќи дека по поднесена претставка до Државниот инспекторат за локална самоуправа, тој е должен...
Јованоска: Развојот на спортот во градов е мојот главен приоритет
Post Views: 170 Развојот на спортот во градов е основен приоритет на директорката на СРЦ „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска. Нејзиниот впечаток е дека последниве години младите се повеќе се присутни на спортските терени. Поради тоа, таа смета дека треба да се овозможат услови за секој спортист да може да го тренира она што го сака. „Освен фудбалот, ракометот и кошарката имаме мала сала во која што имаме вештачка карпа на која може да се развива алпинизмот и тоа сега во моментов го прават активистите од Црвениот крст, имаме клуб за Теквондо и останатите боречки вештини и најново...
Питачењето како проблем може да се надмине
Post Views: 194 Околу 2000 деца низ градовите во Македонија питачат низ улиците, за да се прехранат. Главниот проблем за питачењето е исклучувањето на децата од училиште, посочува основачот и директорот на првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, Драги Змијанац. Тој смета дека Министерствата за образование и за труд и социјална политика, мораат да најдат механизми, на овие деца да им дадат одредени бенефиции, како би можеле и тие да одат во градинка, уште од нивната трета година, со цел да стекнат правилни животни навики и вештини. „Министерството за труд и социјална политика...
Ќе има ли огрев за струшките ученици?
Post Views: 162 Струшкото образование се дави во големи долгови. Според информациите до кои дојде ТВМ, а ги потврдија од Локалната самоуправа, неисплатените наменски дотции за греење и транспорт од Министерството за образование, уште од 2009 та година, допринесува за да се влоши и онака незавидната состојба во која се наоѓа струшкото образование.„1.200 000 илјади евра е моменталниот долг, со кој Локалната во Струга не може да се справи. Проблемот е посебно изразен во основните училишта“, вели раководителот на Секторот за образование Џеми Хајредини. Тој сериозно е загрижен дека овој...
Трговците со луѓе делуваат на нов начин
Post Views: 176 НВО „Езерка“- Струга активни во борбата против трговија со луѓе. Трговијата со луѓе е присутен проблем кој што не може да се искорени но мора да се ублажи, потенцира Драгица Павлеска Попеска од оваа организација. Таа додава дека загрижува фактот што Македонија од земја на транзит, стана земја на потекло, посебно, со млади личности од источниот во западниот дел на државата.„Претежно жртвите на трговија со луѓе се до 14 години, бележани случаи од околината на Велес и Кочани во западните делови на Македонија. Но има уште една појава против која Езерка се бори со превенција...
Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид
Post Views: 144 Трка на Дедомразовци по кејот Македонија во Охрид. Денес во рамките на проектот „Од 20-ти до 20-ти СИТЕ ВО ОХРИД“, за прв пат се одржа една поинаква трка во која учество зедоа повеќе од триесет Дедомразовци. Најдобар меѓу нив беше Христијан Јованоски кој си доби подарок таблет компјутер. „Сакам да го поздравам овој навистина убав настан кој се одржува во нашиот град. Јас имам 18 години и на трката ме пријави мојата мајка. Сакам да ги поздравам одговорните во општината и град Охрид и порачувам овој настан да продолжи и во иднина“ Стартот беше од пред хотелот City...
После 5 и пол години, вработените на МЈП Проаква ќе имаат здравствено осигурување
Post Views: 373 Редовна плата и придонеси за МЈП Проаква е главен приоритет за 2018 на директорот на ова претпријатие Владимир Алексиоски. Директорот вели дека жалосно е што неколку години имиџот на претпријатието е под потребното ниво. Алексиоски ветува дека со добро менаџирање претпријатието ќе го донесе на здрави нозе а проблемите со кои се соочува претприајтието еднаш засекогаш ќе заминат во историјата. „Жалосно е кога ќе се каже дека вработени сме во Водовод а немаме плата. Првиот приоритет со самото добивање на функција е да успееме да ги стигниме заостанатите плати, односно...
Точков: Охридскиот Црвен Крст бележи година на стабилизација и надеж
Post Views: 152 Успешна година бележи Црвениот крст од Охрид. Со традиционален коктел на кој присуствуваа бројни граѓани и соработници, активистите на Црвениот Крст од Охрид ја заокружија 2017 година. Претседателот Сашо Точков изрази задоволство од сработеното, односно реализацијата на бројните хуманитарни акции кои најчесто се во знакот за помош на ранливата категорија на граѓани. Неговите очекувања за наредната година се дека ќе имаат доста работа, а меѓу приоритетите на општинскиот Црвен крст за 2018 година е воспоставување на систем за спасување. „Изразувам големо задоволство...