Автор: Николоска Биљана
Post Views: 161 Прославите на плоштадите и добро украсените градови, отсекогаш се смета дека привлекуваат поголем број туристи посебно за Новогодишните празници. Туристичкиот бисер Охрид, деновиве блесна во ново, празнично руво. Но градот доцни со конципирање на новогодишната програма која треба да ја понуди пред бројните туристи, забележуваат туристичките работници. Хотелиерите сметаат дека Локалната валст треба да дефинира каква прослава сака, бидејќи сепак станува збор на најголемиот туристички центар во земјава. „Кога станува збор за Нова Година треба и тоа како многу дополнителни...
Охриѓани ќе почекаат за изградба на театар
Post Views: 165 Охриѓани ќе почекаат за изградба на театар. За идната година Владата за култура издвои 4 милјарди 268 милиони и 497 илјади денари, односно 69 милиони и 406 илјади евра што споредено со лани, тоа е зголемување за 4,48 отсто. Но по се изгледа во нив не се предвидени средства за изградба на Охридскиот театар. Министерот за култура Роберт Алаѓозовски викендов во рамки на неговата работна посета на културните институции во охридско – струшкиот регион во изјава за медиумите нагласи дека приоритет на министерството ќе биде надминување на проблемите со кои се соочуваат театрите...
Новогодишна магија во дворот на Гигерови
Post Views: 159 Новогодишна магија во дворот на Гигерови. И годинава семјното катче на брачниот пар Иванка и Бруно е како да живеете во вистинска бајка. Без разлика на годините, генерациите, начинот на живот и статус сите подеднакво се радуваме на моментите кога подаруваме и кога примаме подароци, а најмногу кога украсуваме за Нова Година, кој настан сам по себе ја носи магијата на среќата и празнувањето. Иванка Гигер, и годинава ја продолжува семејната традиција за новогодишно украсување на нејзиниот дом која ја започнала од Швајцарија. Заедно со нејзиниот сопруг Бруно, неуморно...
Алаѓозовски: Проектот за реконструкција на Али пашината џамија во охридската чаршија ќе се стопира
Post Views: 157 Ќе се стопира реконструкцијата на Али пашината џамија во Охрид, тврди министерот за култура Роберт Алаѓозовски. Како што е познато неодамна од граѓанското здружение „Совест“ кажаа дека овој проект се реализира без одобрение за градба. „Ќе го стопираме проектот за да видиме за да најдеме заедничко решение значи не би дозволиле таму да се гради а самото градење да предизвикува етнички тензии а тоа да биде надвор од законските процедури така што во таа смисла сме јасни“ – вели Алаѓозовски. Министерот истакна дека тие како ресорно министерство немаат ништо против...
Кривична пријава за поранешната директорка на Завод и Музеј, Охрид
Post Views: 168 Поради голема финансиска штета на буџетот на Р.Македонија, Министерството за култура поднесе кривична пријава против поранешната директорка на Завод и музеј Охрид. Министерот за култура Роберт Алаѓозоски кој денес беше во посета на охридските институции за култура, открива дека од остварените разговори со раководителите, најгорливо прашање било блокираната сметка на Завод и музеј Охрид, настанато поради непостапување по судски спор во случајот за потпорните ѕидови до музејскиот комплекс Куќата на Робевци меѓу установата и еден од соседите. „Станува збор за еден...
Добар дел од охриѓани за Нова година ќе патуваат надвор од својот град
Post Views: 169 Добар дел од охриѓани за Нова година ќе патуваат надвор од својот град, главно во места од соседството и во земјите на поранешна Југославија. Јаким Маленко од ТА „Вис Пој“, вели дека аранжмани има многу, но сепак изборот се сведува на буџетот што го одвојуваат граѓаните кои сакаат да патуваат до посакуваната дестинација. Маленко открива кои дестинации се сигурно реализирани за дочекот на 2018 година. „Најпродавани аранжмани со поаѓање од Охрид се Будва, Белград, Атина, Милано, тоа се организирани групни аранжмани и со пристапни цени со почетна цена од 3400 денари...
Охридската противпожарна единица доби донација од Холандија и Англија
Post Views: 190 Униформи, чизми и заштитни шлемови доби Територијалната единица на Противпожарна служба од Охрид. Станува збор за странска донација која е резултат на меѓународната соработка на општинскиот Црвен крст со институции и организации, со Противпожарни единици од Холандија и Англија, вели Сашо Точков претседателот на ОО на „Црвен крст“ Охрид. „Изразувам благодарност и од името на донаторите со кои што претходно се слушнавме за доделување на оваа донација од Локалната самоуправа од градоначалникот за нивниот сенз и слух за прием на ваква донација и за поттикнување на потенцијалните...
Слаб интерес на охриѓани за јавните дебати
Post Views: 159 Големата општинска сала на општина Охрид каде што денес требаше да се одржи јавната расправа по однос нацрт буџетот и развојните програми за 2018, остана празна. Присутен беше првиот човек на градот Јован Стојаноски како и раководителите на општинските сектори и одделенија, кои за жал немаа можност да ги презентираат програмите за работа на Локалната самоуправа за 2018. „Како одговорна Локална самоуправа денес ние тоа и го направивме,но како што и сами се уверивте немаше заинтересираност од правни и физички лица кои би учествувале на оваа јавна расправа. Но морам...
Се реновираат соблекувалните на СРЦ „Билјанини Извори“
Post Views: 162 Се реновираат дел од просториите на СРЦ „Билјанини Извори“. По најавата дека неколку фудбалски екипи од нашата земја но и од Србија и Албанија, зимските подготовки ќе ги прават на СРЦ. Дирекотрката Гордана Јовановска вели дека потребата од реновирање на соблекувалните се наметнала поради лошите услови за престој на спортистите. „Соблекувалните беа во крајно незавидна состојба, руинирани со мувла, влага…се обидуваме до некој степен да ги оспособиме да излгледаат уредно чисто за зимските припреми кои што ги очекуваме да се одвиваат на СРЦ „Билјанини Извори....
Спорен киоск, ниту работи, ниту е отстранет
Post Views: 231 Катанец на врата на киоскот, „Кај тетка Русе“. Ученици, родители и дел од професорите на струшките гимназии, прашуваат зошто киоскот „Кај тетка Русе“, сместен во дворот на СОУ „Нико Нестор“, е под клуч. Телевизија ТВМ во интерес на јавноста како и да одговори на прашањето на засегнатите се сретна со сопственикот на киоскот, како и со директорот на училиштето. Сопственикот Боро Симјаноски вели дека неговиот времен објект цели 20 години работи во дворот на гимназијата. Додава дека поминале скоро пет генераци кои се хранеле во нивниот киоск и целиот тој период не се соочиле...
Краљ: Охрид би можел да прересне во мала Анталија
Post Views: 165 Поранешниот чувар на мрежата на Партизан и југословенската репрезентација, Ивица Краљ деновиве престојуваше во работна посета на Охрид. Легендарниот голман за прв пат е во Охрид. Тој за ТВМ кажа целта на неговата посета е да го промовира Охрид на најдобар можен начин, што впрочем според него нашиот град тоа и го заслужува. „Бидејќи сум претседател на Ф.К. „Мачва“ од Шабац, и член на извршниот одбор на Фудбалскиот Сојуз на Србија, целта е да видиме какви се условите во Охрид. Да се обидеме да организираме подоготовки за мојот клуб така да можеби и за сите селекции...
Д-р Мицкоска: Конзумирање на антибиотик само со препорака на доктор
Post Views: 393 Злоупотребата на антибиотици не го одминува Охрид. Неконтролираното земање на антибиотици без консултација на доктор, односно конзумирање на своја рака, по препорака на сосед, роднина или пријател не е препорачливо, апелираат докторите. Д-р Виолета Мицкоска вели постои начин со кој се утврдува дали е потребно да се зема или не антибиотикот. „Антибиотикот има дејство онаму каде што треба да се лечи бактериска инфекција. Значи на вирус воопшто не само што не делува, туку може да го загрози здравјето да го намали имунитетот и да предизвика влошување на состојбата несакани...