Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Дрвениот мост во Струга чека подобри времиња

Post Views: 9 Струга градот на мостовите, сеуште чека изградба на нов премин. Само темел од метална конструкција на двата кеја од реката Црн Дрим, останаа како неми сведоци за мостот кој постоеше тука. Жителите на Струга, потсетуваат дека на местото каде пред година и пол беше демонтиран дрвениот пешачки мост, од памтивек постоел премин и сметаат дека тоа така треба да остане. Тие исто така велат дека мостот е само уште една жртва на не грижата на градските власти како во минатото така и денес.Стружани очигледно како да ја изгубиле надежта дека ќе се изгради нов бетонски мост со...

Продолжи со читање

Крводарителските акции ќе замрат

Post Views: 7 Се потешко се организираат крводарителски акции. Министерството за зрадвство не ги обезбедува потребните средства за тоа а кои се планирани со програмата за унапредување на крводарителството. На овој сериозен проблем денеска на светскиот ден на крводарителството укажа Претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точко. Според него, занемарена била мотивацијата на крводарителите и одржување на крводарителските акции. „За жал причините за тоа незнам кои се и несакам да навлегувам но последиците можам и ги разбирам и ги гледаме и ги чуствуваме секојдневно не сме во...

Продолжи со читање

Седма годишна истражувачка конференција на НРБМ во Охрид

Post Views: 7 Охрид е домаќин на седматa годишна истражувачка конференција во организација на НБРМ. На овој собир банкари дискутираат за посткризниот период и работењето на централните банки. Претставниците на централните банки на повеќе држави од ЕУ и пошироко, на Европската централна банка, на финансиски и државни институции, како и професори на академски институции од повеќе држави учествуват во работата на конференцијата насловена, „Речиси една деценија по кризата: На патот кон новиот глобален циклус и нормализирање на монетарната политика“. Свое обраќање имаше гувернерот...

Продолжи со читање

Време е за советнички прашања

Post Views: 11 Година дена Советот на општина Охрид нема одржано седница посветена на советнички прашања. Реалните проблеми на охриѓани, никако да дојдат на дневен ред пред нивните избраници. Дејан Паноски, координаторот на советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, вели дека повеќе од очигледно е дека не функционира механизмот со кој граѓаните доаѓаат до одговор на проблемот од кој се засегнати. Додава дека имаме себични седници каде се разгледува се, само не она што е од интерес на граѓаните. „Нормално е дека оваа Локална власт барем според тоа како се однесува не води сметка за...

Продолжи со читање

Димитров – Коѕијас: Напредок има но остануваат тешките прашања

Post Views: 9 Третата рунда разговори меѓу шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Никола Димитров и Никос Косијас се одржа во Охрид. Средбата траеше два часа. Димитров истакна дека разговорите биле отворени и искрени како и тоа дека за првпат разговарале за временската рамка, како ќе изгледа и како ќе се имплементира решението на спорот за името, под услов истото да се постигне. „Разговаравме за сите прашања кои што ја составуваат разликата околу прашањето со името за дел од тие прашања има напредок бидејќи се созреани за дел сеуште постојат разлики. Ова беше...

Продолжи со читање

Скутерџиите непожелни на Охридското езеро

Post Views: 7 Почна дивеењето на скутерите на вода, по охридските плажи. Граѓаните сметаат дека тоа не е добро за имиџот на градот, бидејќи посетителите треба да ги привлечеме со гостопримство, а не да ги одвраќаме со несовесните постапки на поединци. Вчера на една од атрактивните охридски плажи, посетителите меѓу кои и гостите од Холандија, имаа можност некаде околу 11 часот да гледаат 10 минутно дивеење на вода со скутер. Овој настан не само што го привлече вниманието на туристите, со бранувањето на езерото, туку тивката музука на угостителскиот објект беше заменета со бучавата...

Продолжи со читање

Димитрија Ашталкоски го фати крстот во Струга

Post Views: 6 Димитрија Ашталкоски го фати светиот крст од водите на Црн Дрим во Струга. Здравје среќа и бериќет ќе го следат годинава 26 годишниот стружанец, според верувањата на постарите. Преголемата возбуда на Ашталкоски, кој за прв пат скока на Богојавление и тоа не случајно, беше очигледна.„Многу сум горд, чест е да се фати крстот во Струга. Годинава одлучив да скокам по светиот крст бидејќе пред две недели сонував сон“-вели Ашталкоски.Одбележувањето на Богојавление во Струга не може да се замени со ниту едно друго место, велат стружани. Додаваат дека денес се слави...

Продолжи со читање

Тодоров на увид, во болницата

Post Views: 8 Министерот Никола Тодоров, во посета на Охрид и Струга за да види како функционира здравството. Задоволен е од досегашниот тек со изградба на Општата болница во Охрид. Тој смета дека Охридската болница не само што ќе биде регионална, туку ќе ги отвори вратите и за пациентите од соседните земји. „Рекунструкцијата оди да ви кажам искрено и побрзо од тоа што јас очекувам, да не се урочиме сега, но, очекувам да заврши пред крајот на оваа година. Тоа ќе биде во рамки на она што имаме со договорот. Во договорот ни беше предвидено 8 месеци, разговаравме со изведувачот тој...

Продолжи со читање