Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Со СМС или со грепка до паркинг место, во Охрид

Post Views: 12 До 1 ви мај ќе се знае која софтверска куќа ќе го вовде СМС паркирањето во Охрид . Во моментов сеуште тече тендерската постапка за пријавување на апликанти, која ја спроведува Бирото за јавни набавки. Директорката на ЈП „Билјанини Извори“ Гордана Јованоска вели дека голем бил интересот за овој тендер, така што досега биле подигнати 12 тендерски документации. Таа открива кога ќе биде во функција новиот начин на наплата на паркнг. „До 1 мај најдоцна ќе се знае преку која софтверска куќа ќе оди СМС паркирањето, но монтирањето на информативни табли и обуките кои...

Продолжи со читање

Згасна уличното осветлување во Струга

Post Views: 9 Неколку улици во Струга деновиве останаа без улично осветлување. Не станува збор само за улиците каде сеуште се врши замена на старото улично осветлување со ново, туку темно е и на влезот од градот и на неколку фрекфентни улици, каде веќе се поставени новите штедливи светилки. Првиот човек на градот Рамиз Мерко, признава дека постои проблем, но исто така вети дека за кратко време истиот ќе биде надминат.„Тоа не е по вина на приватниот партнер туку да речеме во наводници кажано вината е во општината бидејќи на неколку места треба да се отстранат старите бандери и да...

Продолжи со читање

„Жито Леб“, успешна компанија

Post Views: 15   Високи претставници на Стопанската комора на Македонија, денес во посета на две охридски компании, „Жито Леб“ и „ЛТХ Леарница“.Тука се со цел да ги слушнат конкретните проблеми, како и тоа да понудат помош. Директорот на Комората Бранко Азески, рече, пред компаниите  претстои тежок период на поразителни бројки и тешкотии низ кои ќе треба да поминат. Азески напомена дека некогаш стопанството и помагаше на државата, сега се бара државата да му помогне на стопанството и дека биле во постојан дијалог со Владата на Р.М. за да се изнајде начин и мерки да се задржат...

Продолжи со читање

Охрид продолжува во круг

Post Views: 8 Раскрсницата кај стара Охридија, ќе се модернизира. Таа е прва од седумте раскрсници кои Локалната планира да ги уреди со кружен тек. Денес официјално отпочнаа градежните зафати. До почетокот на шпицот од туристичката сезона, потегот кај раскрсницата Охридија ќе биде готов, за што биле обезбедени сите согласности кои се потребни за уредување на овој магистрален пат, вели градоначалникот Александар Петрески. Додаде дека паралелно со уредувањето на раскрсниците ќе се решаваат и сите останати инфраструктурни проблеми.„Тука имаме два проблеми со водата, еден со водата...

Продолжи со читање

Што со џамијата Мустафа Челеби?

Post Views: 12 Урнат дел од познатата струшка џамија „Мустафа Челеби“. Овој верски објект кој веќе пет века тежи на тлото во централното градско јадро во Струга, незаконски се руши алармираат од Завод и Музеј, Охрид. Дел од граѓаните на Струга кои сакаа да останат анонимни, велат дека тие случајот го пријавиле веднаш откако започнале активностите за рушење и се чудат зошто толку доцна реагирале полициските служби. Додека пак други не знаеа за што станува збор, но ја подржуваат иницијатива да се направи ново и подобро.Бесправни се сите активности кои изминативе два дена се...

Продолжи со читање

Охрид преполн од гости за Велигден

Post Views: 7 Балканскиот Ерусалим, преполн од туристи за големиот христијански празник Велигден. Традиционално гостите од Србија, Бугарија и Грција и годинава воскресението Христово ќе го чествуваат во охридските цркви и ќе ги разгледаат убавините на градот. Туристичките работници се потрудија на гостите да им обезбедат пристапни цени, квалитетна услуга и незаборавен престој со организирана програма. „Цените воглавно се како и минатата година, двокреветните соби со доручек и вечера се движат до 40 евра а вип апартманот 70 евра. Имаме агенда почнуваме од четврток, завршуваме...

Продолжи со читање

Николовски: Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица

Post Views: 10 Измена на риболовната основа за Охридското Езеро со цел заштита на охридската пастрмка и белвица, најави Љупчо Николовски, министерот за земјоделие шумарство и водостопанство. Тој кажа дека во моментов се работи ревизија на риболовните основи, како и тоа дека во тек се постапките на изработувачите односно научните институции. „Ние со министерот од Албанија разговаравме за засилените контроли кои ќе следат и од албанската страна, не информираше дека веќе има преземенп мерки и активности и разговори со задругата која што управува во делот на охридското крајбрежје...

Продолжи со читање

Прес без реакции

Post Views: 7 Градоначалникот Александар Петрески не реагираше  на обвинувањата на портпаролот на ОК ВМРО – ДПМНЕ изнесени во вторникот на прес, во врска лошата локaлана патна инфраструктура. Но само ден подоцна не одолеа на нашето прашање зошто не реагирале од Локалната.„Сигурно дека ВМРО – ДПМНЕ држи секојдневно прес конференции и во нив не се пресметува со нивниот политички противник него стално ме има мене за цел како градоначалник. Јас сум градоначалник на сите, и партиите меѓу себе нека се расправаат а мене да ме остават на мира. Ако тие се без работа, ако тие немаат идеи и...

Продолжи со читање