Автор: Николоска Биљана
Post Views: 166 Двајца наши сограѓани со посебни потреби од денес полесно ќе можат да ги извршуваат нивните тековни обврски, благодарение на ангажманот на Здружението за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС Балканмедиа“ од Охрид. Претседателот на здружението Сашо Денесоски рече дека вредноста на донацијата која тие како здружение ја обезбедиле е 15 илијади евра, а ја реализирале во соработка со Мобилност Македонија од каде го добиле списокот на лица кои најмногу имаат потреба од вакви помагала. „ Денес усреќивме две семејства. На 15 декември имаме најава...
Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните
Post Views: 169 Магистралниот пат Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големи дупки, уништен асфалт, застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се закрпува на одредени места. Ваквата состојба можеби е најлоша во населените места како што е тоа туристичката населба Пештани каде се почесто се случуваат сообраќајни незгоди. Мештаните бараат проширување на патот и...
Се празнува Мала Богородица
Post Views: 178 Десетици илјади верници синоќа го посетија манастирот Св. Богородица, во струшкото село Калишта, по повод 21 септември големиот христијански празни Мала Богородица или Рождество на Пресвета Богородица. И денес пред портата на манастирот можеше да се забележи река од народ кои дојдоа да запалат свеќа и да се поклонат пред светите икони за здравје и среќа. Верниците имаат голема почит кон овој празник и на овој ден доаѓаат од сите страни на земјава и надвор од неа. „Денес е еден од најголемите празници во православието. На денешен ден, сите верници мирот кој што го наоѓаат...
Само со долгорочно решение може да се надмине проблемот со кучињата скитници
Post Views: 157 ЈП „Охридски Комуналец“ е првата адреса за поплаки на граѓаните околу проблемот со кучињата скитници. Директорот на ова претпријатие Љупчо Грданоски, смета дека потребно е што поскоро да се изнајде соодветното решение за овој горлив проблем, но и поголем и посериозен ангажман на сите релевантни институции. Грданоски вели дека тие веќе почнале да се подготвуваат за преземање активности во врска со кучињата скитници. „Комбето за заловување сеуште постои во ЈП со тоа што не е во исправна состојба. Даден е веднаш налог до раководителите на Р.Е. Механизација да се стави...
Изградбата на театар во Охрид на стенд бај
Post Views: 184 Нова театарска зграда е повеќе од потребна во туристичкиот бисер. Инфраструктурните подобрувања во постоечките објекти каде се одвива драмската уметност мора да биде приоритет на Министерството за култура, посебно за Охрид, смета Стрезо Стаматовски актуелниот директор на ЦК „Григор Прличев“. „ Официјалниот став на министерството досега е дека не е блокирана туку дека е паузирана работата во однос на инфраструктурата, подобрување во Охрид, за реконструкција на постоечката зграда, временски не можама да ви кажам до кога. Освен 2-3 театри во Скопје кои што се привилегирани...
Уште еден Мауцкер во Охрид
Post Views: 153 Купишта отпад се трупаат на дел од патот во населба Бејбунар, Охрид на ул. АСНОМ и ул „Јордан Мијалков“. Откако патот што води до 110 ката остана само тампониран, а неасфалтиран, секојдневно, несовесни граѓани фрлаат секакво ѓубре, градежен шут и отпад. Во оваа населба каде што за краток временски период никнаа повеќе комплекси на станбени објекти, секоја уличка си има своја депонија, наместо уредно асфалтиран пристапен пат до влезовите на зградите. Жителите на овој потег ги повикуваат надлежните да реагираат час поскоро и сметаат дека создавањето на една ваквите...
Врвни резултати постигнаа младите танчери од „Соната“
Post Views: 175 Прекрасниот хип- хоп перформанс на десетгодишниот талентиран танчер Маркус Голев Мабуа, од студиото за танци Соната, му го донесе првото место на меѓународниот танцов натпревар „Dance fest Novi Sad 2017“. Маркус веќе две години учи професионален танц и смета дека во Соната и малку талентираните танчери можат да си го пронајдат своето место. Тој ги сподели впечатоците од неодамнешниот меѓународен натпревар кој се одржа во Нови Сад, Србија. „Да ви кажам не беше толку лесно, но јас немав трема бидејќи веќе сум научен и лесно ми е. Кога го кажаа моето име јас се чуствував...
Стружанец светски првак во кик бокс
Post Views: 385 Имињата на струшките спортисти се почесто на светската мапа на шампиони. Пред нецел месец титулата светски првак во полулесна категорија до 71 кгр, во кик бокс, ја понесе стружанецот Александар Наумоски. „Животот во Америка ми ги отвори портите кон успехот во кик боксот, успех со кој денес се гордеам“. Вака ја започна својата сторија светскиот првак во кик бокс, Наумоски. „Најдов една вежбална случајно во Америка и почнав да вежбам. Тренерот многу ме инспирира и така влагов во натпреварувачките води. Јас дури бев во Македонија се бавев со ракомет секогаш сум имал желба...
Куќата до Маларична дел по дел попушта
Post Views: 172 Дел по дел попушта објектот кој е во непосредна близина на Маларичната амбуланта во Охрид. Во оваа куќа живеат 4 фамилии, кои секој ден стравуваат дека таванот ќе им падне врз глава. Како што објасни Нафие Таир, условите за живот им биле катастрофално лоши, таваните и ѕидовите попуштале, имало огромна влага. Таа вели дека во овој објект се преселени од 1962 година, кога фатиле поплавте во Воска и до ден денес никој не ги прашал како живеат. Нафие посебно е револтирана што сеуште во строгиот центар на градот, односно во 21, кога врне, со чадор оделе во тоалет бидејќи...
Џамтоски: Инвеститорот може да отпочне со изградба на Дом за стари лица
Post Views: 161 Пристапен пат до парцелата за изградба на Дом за стари лица во Охрид е единствениот проблем поради кој сеуште не е отпочнато со градба на Домот за стари лица во Охрид. Како што соопшти Томе Џамтоски, портпаролот на општина Охрид средината на август месец годинава издадено било одобрение за градба, со кое инвеститорот односно градежната компанија АД Илинден, може да почне со реализација на овој капитален и долгонајавуван проект. „Најнов момент што треба да го посочам, она на што вие мислевте, е изградба на пристапен пат до самата парцела по кој ќе оди механизацијата...
Битрак: Охриѓани се повеќе се заинтересирани за бански туризам
Post Views: 181 Велинград, Бугарија е место за незаборавен спа и бањски одмор. Малку има земји во Европа кои можат да се мерат со бугарската „моќ“ на банскиот и спа туризмот. Исклучителната богата разноликост на термални минерални извори со лековита вода и блато со право ја сместува Бугарија во веле сила во областа на здравствениот туризам. Велинград не е нова дестинација за Туристичката Агенција „Елида турс“. Елида Битрак вели дека во последно време има се поголем број на клиенти кои што се заинтересирани за банскиот туризам и користење на спа центрите. „И практиката покажува...
Период на превенција на овошките
Post Views: 181 Во овој период годината, на охридската црешна и е потребно да се искапи со бакарни препарати, укажуваат експертите по аграр. Тоа пред се е превентивно делување во зимскиот период, со цел на пролет да може да очекуваме органски здрав производ. Премачкувањето на стеблата се однесува на коскестите овошки, праската кајсијата а особено за црешната. Ванчо Стојаноски и годинава го споделува рецептот на течноста која се препорачува за капење на овошките, а која може да ја подготви секој земјоделец. „За околу 15 литри течност потребно е 3 до 4 кгр вар неизгаснета. Варта...