Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

„Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место

Post Views: 11 „Ангел Тренд“ изненади со ново продажно место. Отвори нов home centar на ул. „15 ти Корпус“ на патниот правец Охрид – Битола. Оваа компанија е една од најуспешните во градов која годинава веќе станува полнолетна со 18 годишно постоење на охридскиот пазар. Како фирма сто веќе долги години е присутна на пазарот целта ние да им овозможиме на нашите сограѓани да имаат уште едно пријатно место за пазарење, вели Надица Јолакоска менаџерот по продажба во оваа фирма. „Во home centar ја имаме цела опрема за домаќинство, исто така имаме постелнини, бела техника, играчки...

Продолжи со читање

Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера

Post Views: 13 Нема повеќе паркирање позади хотел Ревиера или на паркингот кај киното како што милуваат да кажат охриѓани. Деновиве сопствениците на овој плац местото го оградија со столбчиња. Со овој паркинг досега стопанисуваше ЈП „Билјанини извори“, а години наназад на ова место се најавуваше и изградба на катна гаража која ќе го реши проблемот со паркирањето во централнот градско јадро. Дирекотрката на ЈП Гордана Јованоска, ја открива причината поради тоа. „Тој дел што е заграден е во приватна сопственост и ние како ЈП не можевме да се договориме затоа што цената која што...

Продолжи со читање

Нови постојки во Струга

Post Views: 28 Десет илјади евра, за нови автобуски постојки во Струга. Средствата стигнаа од компанијата Т-Мобиле. Ги испочитувавме сите законски прописи за наменското искористување на парите, а делото е пред граѓаните на Струга и струшко, вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.„Имавме една донација од Т-Мобиле од 10 илјади евра. Распишавме тендер, кој го доби фирма од Струга и денес ги гледате и поставени автобуските постојки не само во градот туку и во руралните средини“-изјави Мерко.Пред година и пол Локалната самоуправа со средства на Прокредит банка во висина од 5000...

Продолжи со читање

Каде е демократијата?

Post Views: 7 Најнедемократски чин во Охрид. Вака во кратки црти беше опишана 47 та седница на охридскиот совет, од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ. Причина,  неподржувањето на двете предлог точки на оваа советничка група.  Едната, која се однесуваше на неспроведување на одлуката за рушење на дивоградба во Трпејца и другата, интерпелацијата на претседателот на Советот Душко Јаковчески. Координаторот Дејан Паноски, потенцира дека немале основ да присуствуват на седницата бидејќи не се разгледуваат критичните прашања кои ги засегаат граѓаните на Охрид. „Ова е врвот на...

Продолжи со читање

Четри во едно – „За демократска Македонија“.

Post Views: 7 „За демократска Македонија“. Ова е паролата под која од синоќа делува коалицијата на ВМРО – НП, ЛДП, Обединети за Македонија и Достоинство. „Различни по идеологија, платформата и друго, но единствени кога се работи за Македонија, е она што не спои“, истакна Андреј Жерновски, лидерот на либералите. Тој синоќа од Охрид му порача на Груевски, дека влегуваат во фронт со него и неговата фамилија и дека од овде отпочнува одбројувањето на деновите од неговиот последен мандат. Додаде, дека не се плашат и оти отворено се спротивставуваат на политиката која се води за...

Продолжи со читање

Егзибиционист во Охрид

Post Views: 10 Егзибиционист во Охрид .Тој е забележан вчера во попладневните часови кај комплексот „Расадник“. Од СВР Охрид велат дека кај нив тоа не е пријавено, но апелираат доколку се забележи, веднаш во најкраток можен рок да се пријави на 192. „Средовечен маж на возраст од педесетина години, облечен во бело, ме следеше, ми зборуваше недолични и вулгарни зборови и го откопчуваше патентот од панталоните, на сред бел ден, пред мојот влез од зградата“, раскажува малолетна девојка. Таа згрозена од глетката, преплашена и целата во солзи, заминала кај другарка и за да се јави кај...

Продолжи со читање

Загрозен крвотокот на градот

Post Views: 9 Катастрофално лоша патна инфраструктура во Охрид. Оваа забелешка беше изнесена на пресот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Вината нормално, на локалната и лажните ветувања на градоначалникот Александар Петрески. Портпаролот Никола Митровиќ порача да се стави крај на омаловажувањето на здравиот разум на сограѓаните, на кои постојано им се пласираат таквите лажни ветувања. „Во Охрид се поголем е бројот на неасфалтирани и уништени улици. Ако се земе во предвид дека станува збор за главни улици како: Јане Сандански, Пити Гули, Абас Емин кои преставуваат крвоток на сообраќајот на...

Продолжи со читање

Велигденски базар во Охрид, по петти пат

Post Views: 11 Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден петта година по ред на плоштадот „Крушевска Република“ се одржува Велигденски базар. Локалната самоуправа во соработка со ЈП „Градски Пазар “ и годинава преку овој настан покажува солидарност, еднаквост, поттикнување на социјалната вклученост на лицата во социјален ризик, како и промоција на автентичните македонски специјалитети кои се подготвуваат за време на големите пости но и за самиот ден Велигден. Вештите раце на вредните излагачи и годинава понудија интересни велигденски украси и специјалитети. „На...

Продолжи со читање