Автор: Николоска Биљана
Post Views: 213 Прекрасна галерија на торти од охридските вешти домаќинки. Синоќа во хотелот Нова Ривиера во Охрид се одржа 21 та по ред „Тортијада“. Оваа манифестација која што е во организација на здружението на жени „Бисера“, е традиционална и од година во година мајсторијата на професионалките и аматерките се повеќе доаѓа до израз. И оваа година Мирјана Тодоровска наша иселеничка во странство беше покровител на Тортијадата, која обезбеди парични награди за првите три места во категоријата „Професионалки“ и исто толку и за втората категорија „Аматерки“, пренесува претседателката...
Урбанистичкиот развој на Охрид ќе го уредуваат врвни експерти од Архитектонски факултет
Post Views: 169 Идниот урбанистички развој на Охрид, во рацете на врвни експерти од Архитектонскиот факултет од Скопје. Општина Охрид, односно првиот човек на градот Јован Стојаноски, со оваа институција потпиша мемеорандум за соработка, ценејќи дека тоа ќе претставува основа за изработка на идната програма за урбанистичкиот развој на Охрид. Тоа подразбира сеопфатна и одржлива програма, појаснува портпаролоот на општина Охрид Томе Џамтоски. „Се разбира дека стана збор за соработка на повеќе нивоа, за соработка на различни проекти, беше разгледана една идеја, односно изработка на...
Легализацијата во Охрид бавно оди
Post Views: 238 Поголем дел од барањата на граѓаните за легализација на нивните бесправно изградени објекти се нерешени. Законот за третман на бесправно изградени објекти се применуваше во 2 фази, првата во 2011, втората од 2016 година. Многу е слаб процентот на решени предмети во втората фаза од примената на Законот за третман на бесправно изградени објекти, односно некаде околу 4 посто. Портпаролот на општина Охрид Томе Џамтоски информираше дека во втората фаза биле поднесени 3263 а биле решени 135 предмети. Одреден временски период се почуствува и застој во решавање на барањата...
Советот на Дебрца нема да подржи иницијатива за изградба на депонија во Годивје
Post Views: 270 Советот на општина Дебрца нема да ја подржи иницијативата за изградба на регионална депонија во атарот на Годивско поле. Градоначалникот на Дебрца Зоран Ногачески, појаснува дека во Законот за управување со отпад постојат одредби во кои јасно стои, за да се воспостави еден организиран систем за управување со отпад потребна е согласност од сите општини кои влегуваат во Југозападниот плански регион. „Треба да се склучи спогодба и со таа спогодба понатаму треба да се дефинира како ќе се менаџира како ќе се управува со тој систем, значи Советот на општина Дебрца на...
Две години од големата трегедија
Post Views: 159 Скулптурата претставува спомен за минатото и чест кон починатите, а воедно и порака за иднината. На трите плочи каскадно распоредени во вид на буквата „И“, со акростих на Венко Андоноски испишани се трите плочи така што секој стих започнува со почетната буква од имињата на настраданите. И денес после две години од трагичниот настан тешко може да се смири болката од загубата на тројцата другари, познати во струшката јавност, кои зад себе оставија белег како добри луѓе кои стружани сеуште ги паметат и спомнуваат. {loadposition content9}
Грданоски: Целосна ангажираност, посветеност кон работата и минимум време поминато во канцаларија, ќе бидат дел од моето секојдневие во ЈП
Post Views: 323 Повеќе приоритети се дел од програмата на новиот директор на ЈП „Охридски Комуналец“, Љупчо Грданоски. Тој вели после 15 години стаж на неколку позиции во ова ЈП добро му било познато како дише претпријатието и каде се концентрирани најголемите проблеми. Грданоски кажа дека возниот парк во делот на механизација потребно е од корен да се измени, односно да се набават неколку нови возила. „Околу проблемот со старата механизација веќе се соочуваме околу подготовката за зимско оддржување. Тука сме веќе дефицитарни со еден камион помалку во однос на претходните години....
Одложен судскиот процес за спорот – „Пливалиште“
Post Views: 215 Повторно одложен претресот за случајот Пливалиште, Струга. Поклопувањето на датумот со несреќата, 11 ти септември, најверојатно е причината поради која дојде до одложувањето. Дел од бранителите уредно се појавија на закажаниот претрес не знаејќи дека е одложен, бидејќи не биле информирани до овој момент, додека пак дел од нив не се појавија, веројатно знаејќи за одлагањето на претресот. Според Димитрија Цобоски адвокат на Гоце Јанески, на денешниот претрес главен збор требало да има вештакот Чундев, поточно да одговори на неколку прашања битни за расветлување на мистеријата,...
Стојаноски: Прекуграничната соработка со Грција ќе донесе реални вработувања на младите од Охрид
Post Views: 226 Реални вработувања посебно за младите од Охрид, ќе биде бенефитот од реализација на проектот за основање на нови претпријатија и зајакнување на постоечките, истакна првиот човек на градот проф. Јован Стојаноски. Тој денес во хотел Тино Охрид ја отвори Конференцијата за размена на искуства и Саемот за вработување Градоначалникот Стојаноски нагласи дека општина Охрид со овој проект покажала сериозна заинтересираност за зголемување на бројот на работни места во нашиот град, појаснувајќи во каква состојба се нашите претпријатија. „Постоечките претпријатија во моментот...
Зимата нема да ја изненади градската власт во Охрид
Post Views: 231 Општина Охрид годинава подготвена за делување и одржување на локалните улици и селски патишта во зимски услови. Томе Џамтоски, општинскиот портпарол открива дека пред една недела општинските служби заедно со претставници од ЈП „Охридски Комуналец“, СВР Охрид ЈП „Македонија Пат“,фирмите Илинден и Викторија Инвест како и претставници од општина Дебрца во пресрет на зимската сезона одржале координативен состанок на кој ги дефинирале активностите по однос на чистење на улиците и патиштата во зимски услови на териториите на двете општини. „Охрид веќе има изготвено оперативна...
Општина Дебрца во минусно салдо
Post Views: 196 Општина Дебрца во минусно салдо. Ваквата состојба ја наследил новиот градоначалник Зоран Ногачески според првите неофицијални податоци. Тој вели дека изминативе две недели неговиот тим детално ја скенира состојбата во општината и првичните подеатоци кои не се конечни, кажувале дека околу 8 милиони денари се доспеани обврски кон општината, неплатени. „Иако поранешниот градоначалник на самото примопредавање кажа дека општината ја остава во позитива со 800 илјади…тој само ја спомна моменталната состојба на сметката. Меѓутоа за да имате една целосна претстава...
Дали Струга се менува?
Post Views: 148 Како Струга, нема друга, но се чини како да станува друга, реагираат стружани. Пет општински куќи во старото градско јадро, деновиве на лицитација. Општината веќе три од нив продала. Стружани реагираат, бараат Завод и Музеј на Охрид да поведе малку грижа и за културното наследство на Струга, бидејќи малку куќи останаа да зборуваат за минатото.Првиот човек на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска, вели дека не држат коментарите на стружани оти во општината ништо не се прави за заштита на културното наследство. Признава дека неколку стари објекти го изгубиле статусот...
Децата низ жанровите на музиката, приредба на најмладите охриѓанчиња
Post Views: 200 Под мотото „Децата низ жанровите на музиката“, синоќа во СРЦ „Билјанини извори“, најмладите од детската градинка „Јасна Ристеска“ го прославија својот патронен празник 7 ми ноември. Со песни, музичко ритмички изведби, ора, дечињата се претставија пред присутните и покажаа како со песна и игра го поминуваат нивниот престој во градинката. Директорката на градинката Розе Костеска во оваа пригода истакна дека рерализирале бројни проекти, активности и оценува дека годинава што изминува била успешна. Таа потенцираше дека установата ја исполнувала основнта цел на нејзиното...