Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени

Post Views: 4 Голем дел од градилиштата во Охрид не се заштитени. Граѓаните укажуваат дека истите се несоодветно оградени и не се обезбедени според прописите. Нивниот страв да поминат покрај објектите кои се во градба е оправдан. Во нашата редакција се пожалија граѓани за објектот кој што е во изградба, а е во непосредна близина на општинскта зграда наспроти средното училиште Св Кирил и Методиј. На балконите од тој објект имало градежен материјал, кој поради мало невнимание може многу да ги чини минувачите. Граѓаните бараат поголема одговорност од општинскиот градежен...

Продолжи со читање

Одложено продавањето на објект на МЈП Проаква – Струга

Post Views: 6 Одложена е продажбата на вториот објект на МЈП Проаква, во Струга. На последната седница на струшкиот Совет не помина  точката за оттуѓување на недвижниот имот на МЈП Проаква Р.Е. Струга. Истата беше одложена за наредната седница. Сепак, градските власти и раководниот тим на  претпријатието, гледаат оправданост од една ваква постапка. Градоначалникот Рамиз Мерко смета дека продажбата на зградата би била во интерес на нови инвестиции за градот, а со самото тоа и ќе порасне и приливот на средства во општинската каса.„Во тој дел на градот има ДУП кој предвидува градба...

Продолжи со читање

Раскопани улици и кал до колена

Post Views: 11 Состојбата со раскопаните улици во Велгошти е од лоша полоша, реагираат мештаните. Тие се загрижени поради неодговорниот пристап на надлежните, кои три години со малиот прст не мрднале да го санираат патот, кој тие го раскопале за поставување на канализација. Велат, „со поставувањето на канализацијата повеќе ни се направи зијан отколку ќар“.„Неможиме да поминиме, вртиме правиме по неколку кимолометри, заобиколница правиме за да стигниме до дома овде нема услови за врвење.Овде поминуваат и туристи и се ова го гледаат бидејќи често ги посетуваат црквите“. Други пак...

Продолжи со читање

Како се прославуваше Денот на младоста?

Post Views: 12 Почитувачите на ликот и делото на Ј.Б.Тито од Охрид, потсетуваат на значењето на 25 мај. Овој датум некогаш се одбележуваше како Ден на младоста и роденден на доживотниот претседател на СФРЈугославија, Јосип Броз Тито. Димитрија Стојчески секоја година во очи на овој ден потсетува на чинот на носењето на штафетата која имаше единствена цел, преку спорт и слетови, да се дружат, да се сакаат младите и сите граѓани на државата.„За време на СФРЈ, чест и задоволство беше да бидеш пионер, младинец, ученик, студент, спортиста, земјоделец, работник, агроном, учител,...

Продолжи со читање

Николовски ќе ја унапредува соработката со Албанија во делот на трговската размена

Post Views: 10 Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, на денешната средба со албанскиот министер за земјоделство и рурален развој Нико Пелеши, истакна дека итно е потребно на формирање на работни групи со надлежни институции помеѓу двете земји со цел унапредување на трговската размена. „Овде во Охрид се одржува нашата прва средба. За месец дена договоривме средба во Корча или во Тирана во Албанија. Драго ми е што отворивме повеќе прашања кои што со години стојат во нашата соработка како држави. Она што првин го дискутиравме е трговска размена...

Продолжи со читање

Трпејчани на средба со институциите

Post Views: 22 Судар на два закони, едниот за градба, другиот за легализација. Во тоа лежи основниот проблем поради што состојбата со двете дивоградби во Трпејца ескалира. Денес во малата општинска сала, советодавна група на граѓани од Трпејца одржа состанок со претставници од охридската полиција и ОБСЕ. Целта е надминување на проблемот што го имаат со сопственикот на дивоградбите Сребре Петрески, поради што во неколку наврати беше загрозена безбедносната состојба во оваа месна заедница. „Секоја од надлежните институции да си го заврши својот дел од работата“, порача Јавниот...

Продолжи со читање

Нема интернет во основните училиштата во Охрид

Post Views: 8 Охридските школи од почетокот на второто полугодие немаат интернет. Овој проблем не е присутен само во Охрид, туку во сите училишта во Македонија. Наставниците не можат да реализираат настава според ИКТ-програмата, па така добар дел од обврските како што е тоа е- дневникот тие го завршуваат дома. Директорката на ОУ „Христо Узунов“, Оливија Пирузева Јанева вели дека немаат информација од Министерството за образование за што точно се работи, дали доцни тендерот или воопшто не е распишан, но тие како училиште се снашле на свој начин. „Нашето училиште има интеренет...

Продолжи со читање

Комеморација по повод смртта на Цветан Грозданов

Post Views: 6 Денес во општина Охрид се одржа комеморација по повод смртта на академикот Цветан Грозданов. На неа, се обрати градоначалникот Јован Стојаноски, кој рече дека со денешната комеморација, се оддолжуваме кон ликот и делото на Грозданов изразувајќи ја нашата искрена и огромна почит кон човекот кој животот му го посвети на овој древен град и прецизно го позиционира на врвот на светските цивилизациски вредности. „Во ова време на тага, кога физички академикот Грозданов не е меѓу нас, неопходно е да собереме сила и со отворен ум и срце, да му ја оддадеме должната почит и...

Продолжи со читање