Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид

Post Views: 7 Голема детска журка на градскиот плоштад во Охрид по повод Денот на шегата. Таму денес се пееше, се свиреше, а најмногу се слушаше детскиот џагор и смеа. Иако 1 Април се падна во недела , најмалите охриѓанчиња од градинката Јасна Ристеска на првиот работен ден продефилираа маскирани низ охридските улици. Главнот настан се случуваше на градскиот плоштад каде беа изведени посебни кореографии и музички точки. Децата на посебен начин го доживуваат музичкиот хепенинг. Тие се секогаш подготвени за шега, и тие со радост сакаат секој ден да се пошегуваат на овој ден, кој...

Продолжи со читање

Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии

Post Views: 8 Црквите и џамиите во Струга ослободени од комуналии. Струшките локални власти удоволија на барањето на Македонската православна црква и исламската верска заедница, сите верски објекти на подрачјето на општина Струга кои се предмет на легализација, да бидат ослободени од надоместокот за уредување на градежно земјиште. Секретарот на општина Струга Зоран Гулицоски прецизно појаснува за каква одлука станува збор.„Значи сите верски објекти кои што се изградени без одобрение а за кои што се доставени барања за легализација се ослободуваат од надоместок за уредување на...

Продолжи со читање

Охриски Комуналец се поднови

Post Views: 10 Охриски Комуналец се поднови. Механизацијата на ЈП од денес побогата за 4 возила, донесени од Германија, по релативно поволна цена. Предноста на овие специјални возила е тоа што тие слободно ќе можат да влезат во сокачињата и потесните улички, во кои досега пристапот беше тежок и тоа се изведуваше со трактори вели Сашо Алче, првиот човек на претпријатието.„Карактеристично за овие возила е што се релативно нови 2003 односно 2005. возилата се марка мерцедес со носивост 4 метри кубни пресован отпад еден спрема пет или 20 метри кубни отпад ќе собират тие возила“.Досега...

Продолжи со читање

Денес Власите празнуваа

Post Views: 9 Власите од цел свет денес слават. Во земјава празнувањето на Националниот ден на Власите бележи 21 година и има големо значење. Имено, како што кажа Јордан Трца од охридското здружение, Власите правото да учат на својот мајчин јазик во училиштата, црквите како и да поставуваат намесници во градовите каде што живеат, ги добиле со Ирадето потпишано од турскиот Султан Абдул Хамид 2 на 23.05. 1905 год.„И во Охрид има исполнување на тие права, поточно охридските власти успеале да отворат школи во двете Влашки цркви, Св. Никола во долна влашка мала и Св. Горѓи горна...

Продолжи со читање

Почина академик Цветан Грозданов

Post Views: 8 Синоќа на 82 годишна возраст во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Грозданов е роден на 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, академик...

Продолжи со читање

Матиловска: Димитар сеуште е дел од мојот живот

Post Views: 6 Драгица Матилоска ја објави својата втора книга под ист наслов како и првата „Мојот Живот после изгубен живот“. Мајката чие што момче свирепо беше убиено и оставено на ладната калдрма пред Табана, не престанува да пишува и твори, евоцирајќи ги спомените на својот 26 годишен син Димитар, кој премлад заврши на студените градски гробишта. Таа кажува дека живее за да ги исполни ветените обврски пред нејзиниот син, да има кој да ја отвори куќата и да го запали светлото, кој да го навади лимонот и да пие кафе на тераса во нивната куќа во Варош. „Живеам да живее и домот...

Продолжи со читање

Преработка на охридската староградска песна, идеја за нов проект на охридскиот театар

Post Views: 8 Охридскиот народен театар годинава во својата програма ќе има можност во својот репертоар да вметне претстава плус. Станува збор за соработка која што досега не е реализирана со Локалната самоуправа на општина Охрид, вели директорот Стрезо Стаматоски, кој појасна за што станува збор. „За прв пат оваа година од постоењето на театарот, оваа година во преговори со градоначалникот Јован Стојаноски сме за Локалната самоуправа да одобри одредени средства за да се направи уште една претстава, сега засега само е преговарано во однос за тоа имаме зелено светло“. Доколку...

Продолжи со читање

Бреинобреин генијалците од Охрид се сретнаа со градоначалникот Стојаноски

Post Views: 8 Охридските бреинобреин генијалци на средба со градоначалникот Јован Стојаноски. Тие пред првиот човек на градот се пофалија со постигнатите резултати од првиот Национален Бреинобреин натпревар „БОБ ФЕСТ Србија 2018“ кој се одржа на 18 ти март во Белград. „Освоивме се што може да се освои таму бидејќи навистина бевме вон конкуренција бидејќи другите центри околу нас се стигнати до 6, 7 ниво. Така да сме лидери и она што е многу важно и за општината и за нас како центар голема желба пројавија од Центарот во Виена во Австрија и од бреинобреин центарот во Сараево во...

Продолжи со читање