Автор: Николоска Биљана
Post Views: 201 Струшките општински функционери за кратко ги соблекоа своите официјални оддела и облекоа дресови. Причина за тоа пријателскиот меч во фудбал помеѓу општината и екипата на УНДП, а повод за натпреварот реновирање на дел од општинската училишна сала на струшката гимназија „Нико Нестор“. Градоначалникот Рамиз Мерко рече дека во спортот нема пораз, само победа. Додаде дека реновирањето на салата било неопходно, за што и помошта од 700 000 денари од УНДП била добредојдена. „УНДП помогна со средаства а општината со работна рака“-вели Мерко.Екипата на УНДП, беше во добра ...
Трајановски: Нема да дозволиме да се постави антената
Post Views: 174 Протест на влашкамаалци. Синоќа мештаните од Горна Влашка маала излегоа на улица повикувајќи го мобилниот оператор ВИП да ја тргне базната станица која ја поставуваат на приватен објект во близина на училиште и градинка каде дневно гравитираат над 1500 ученици. Петар Трајановски очекува дека овој проблем ќе се реши на еден мирен и цивилизиран начин. Без да има потреба од преземање на дополнителни и порадикални мерки. „Нема да дозволиме да се постави антената. Ние бараме отстранување на конструкцијата, а да не зборуваме за поставување на антена“ . Јоне Станкоски...
Секој петок средби со Затуроска
Post Views: 154 Поплаките за невработеноста, најбројни во бележникот на пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска од Струга. Од досега остварените средби помеѓу граѓаните и пратеничката, стружани најмногу од неа бараат да им го реши егзистенционалниот проблем односно вработувањето. Затуроска кажа дека нејзината пратеничка кацеларија во овој дел не може да излезе во многу во пресрет, но работи на процесуирање на нивните барања до институциите надлежни за тоа. „Во изминатиот период начинот на кој што ги решававме нивните проблеми, беше, да ги земаме нивните проблеми,...
До средината на месец декември Охрид ќе добие јавни тоалети
Post Views: 152 Охрид конечно ќе добие јавни тоалети. На двете предвидени локации, едната во централното градско подрачје позади Амамот, другата кај Горна Порта, избраниот изведувач, фирмата „Тане 2007“, заедно со претставници од Центарот за развој на Југозападниот плански регион , деновиве извршиле увид на сите потребни инфраструктурни услови и придружни активности кои треба да се преземат. Мирјана Лозаноска, дирекоторот на Центарот вели дека во проектот за подобрување на туристичките услуги со поставување на јавни тоалети, свој удел има и Локалната самоуправа на Охрид. „И општините...
Протест против поставување на базана станица во Влашка маала
Post Views: 161 Преку протест жителите на Влашка маала ќе бараат отстранување на Вип антената за мобилна телефонија. Претседателот на Урбаната заедница Горна Влашка маала Томислав Голеишки, Трпе рече дека и покрај нивните напори и противења, мобилниот оператор ВИП продолжува со поставување на базната станица на приватен објект во нивната маала. Тој посебно нагласи дека од овој проблем засегнати се над 1500 млади пред се ученици во ОУ „Христо Узунов“ и деца од градинката „Јасна Ристеска“. „Воедно, ги повикуваме градоначалникот, пратениците од Охрид, советниците во советот на општина...
Ќе живне ли конечно колекторскиот систем
Post Views: 150 Јапонската Агенција и Влада, како и Македонската Влада влегуваат во сериозен проект за реконструкција на колекторскиот систем на Охридското Езеро. Деновиве Јапонската мисија изврши детален преглед на колекторскиот систем на охридско-струшкото тло. Познати по прецизност, тие во двете општини ги отворија сите шахти, ги прегледаа сите пумпи и ги посетија сите места кои се во тесна врска со колекторскиот систем, за да добијат реална слика за функционирањето на овој систем. Дејан Паноски од билатералниот секретаријат вели дека завршниот извештај веќе е на маса пред јапонците,...
Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври
Post Views: 227 Нивото на водата во Охридското Езеро е под просекот за месец октомври. Просекот за овој период е 11 сантиметри повеќе од минималното ниво и според Управата за хидрометеоролошки работи денешната кота на нивото на езерото изнесува 693.20 , што е за три сантиметри над природната кота од 693.17 метри надморска височина. Министерот за земјоделие шумарство и водостопанство Љупчо Николовски неодамна најави дека ресорното министерство заедно со Владата ќе ја разгледува состојбата со нивото на Охридското езеро. „Во претходиот период бев и во посета на Охрид особено заради...
Николовски: Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во пчеларство
Post Views: 148 Владата работи на решавање на сите отворени проблеми во секторот пчеларство. Ова доаѓа откако пчеларите упатија барање до министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за прогласување елементарна непогода во оваа гранка, поради неповолните влијанија од временските непогоди што се случија годинава, прво екстремно ниските температури, а потоа сушата, кои нанесоа сериозни штети во пчеларството. Ресорниот министер Љупчо Николовски неодамна изјави дека ќе бидат преземени и системски мерки за развој на пчеларството. Тој открива дека ресорното министерство...
Стојаноски ја презеде функцијата Градоначалник на Охрид
Post Views: 152 Денеска на новиот татко на градот, Јован Стојаноски од страна на претседателот на Општинскта изборна Комисија, Димитрија Вревезоски, му беше врачено уверението за избран градоначалник на локалните избори што се одржаа во Охрид на 15-ти октомври. На примопредавањето на функцијата, стариот градоначалник Никола Бакрачески и неговиот наследник испија кафе во кабинетот и остварија получасовен разговор. Новиот градоначалник на Охрид во својата прва изјава на функцијата вети дека ќе биде градоначалник на сите и побара од граѓаните трпение бидејќи работите нема да се одвиваат...
Модернизација на на земјоделското производсво најави Николовски
Post Views: 146 Земјоделството е еден од најважните сектори во вкупниот бруто домашен производ, истакна министерот за земјоделство водостопанство и шумарство Љупчо Николовски на третиот Меѓународен симпозиум за земјоделство и храна, кој денес и утре се оддржува во Охрид. Одржувањето на симпозиумот се поклопува и со оддбележувањето на 70 годишниот јубилеј од Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Николовски истакна дека Министерството ќе ја продолжи континуираната соработка со научните инстутиции при креирањето на новите аргарни политики...
Долга редица за вакцинација од сезонски грип во Охрид
Post Views: 164 Гужва пред охридското епидемиолошко одделение при Центарот за јавно здравје, во Охрид. Само денес, за нецел час откако почна имунизацијата над 50 пациенти ја примија вакцината против сезонски грип. Најголем број пациенти беа повозрасни граѓани, кои како најризична категорија бараат начин да се заштитат од вирусот што коси во зима. Докторите со апел, вакцината пожелно е да ја примат сите граѓани кои работат во институции каде има голема фреквенција на луѓе а не само лицата над 60 годишна возраст, што за жал кај нас тоа го покажува праксата. „Одзивот е голем, досега...
Параклисот на Св Богородица уште една црквичка на мапата на духовното наследство во Охрид
Post Views: 160 Мала црквичка односно параклис денес беше осветен во стариот дел на градот, Варош, во непосредна близина на саат кулата. Прекрасната икона на мајката Св. Богородица во златна боја изработена од рацете на нашиот сограѓанин Климе Митрески не случајно осамна денес на ова место. „Ова е по заповед на мајката Божја, Св Богородица и како што таа заповедуваше, откако таа ми се појави така правев, се со моите раце изградено, јас сум само нејзин слуга. Додека го направив јас си знам . Не сум некој богат човек не очекувам признание и слава, не сакам преку тоа да постигнам...