Автор: Николоска Биљана
Post Views: 5 Бериќетно, со женско бебе почна Новата 2013 година на гинеколошкото одделение во Стуга. Родилката се вика Билјана Мартиноска. Таа на само една минута по полноќ ја доби втората ќерка, после 13 години. Мартиноска се породи со царски рез и двете се чуствуваат добро.„Добро се чуствувам, утрово многу подобро, пресреќна сум што годинава ми започна вака не можев ниту да сонувам“ – вели Мартиноска.Имаме плодна година во струшкото гинеколошко одделение, вели доктор Станислав Буклиески. Бројката надминува над 1300 новородени, но сепак првороденото бебе во Новата година...
Градските улици во Охрид полни со ударни дупки
Post Views: 7 Возиме по раскопани градски улици, се жалат охриѓани. Тие сметаат дека состојбата со коловозите е очајна и посочија дека речиси и да нема улица во градов без дупка или крпеница. Дел од нив се загрижени и поради неодговорниот пристап на надлежните, кои дополнително ги раскопуваат улиците за поставување на канализација, а потоа со години прекопите не се санираат односно улиците не се враќаат во првобитната состојба. „Ова е проблем не е мал туку е голем и страмота е не верувам дека некаде го има ова во Македонија а камо ли во странство. дупките не се...
Тешка сообраќајна незгода кај црквата „Св Еразмо“
Post Views: 8 Тешка сообраќајна незгода се случи утрово околу 8 часот и 30 мин, на магистралниот пат, Охрид – Кичево, во близина на црквата Св Еразмо. Во незгодата се повредени три лица У.Б.(38) од Охрид, возачот на патнички автомобил „Ауди“ со струшки регистарски ознаки и И.Д. од Охрид, совозач во истиот автомобил како и А.Б. (37) од Струга, која го управувала патничкиот автомобил марка „Опел мерива“ со струшки регистарски ознаки. „Овие возила се движеле во спротивен паравец на магистралниот пат и при нивното меѓусебно разминување случена е сообраќајната незгода при тоа двете...
Потстанари од Охрид, останаа на улица
Post Views: 12 Катинар на вратата за потстанарите во куќата на Лаброски Никола на ул. „Даме Груев“, бр 49. До неодамна таму под наем таму живееше семејството Мустафови од Охрид. Зад затворената врата остана се што поседуваат, а тие на улица. Иако потпишале договор на 3 години, тоа не било испочитувано од страна на станоиздавчот, кој во неколку наврати, преку негови блиски, испраќал луѓе да им се закануваат, како што кажа Миранда Мустафоска, која утрово со нејзиното млолетно дете дојде до нашата редакција да ни ја раскаже драмата која неодамна се случувала. Мустафоска кажа дека...
Струга одбележува 71 година од македонската химна
Post Views: 5 Струга одбележува 71 година од првото изведување на македонската химна. Агатија Мандоска од Струга сеуште ја памети игранката како да била вчера, кога за прв пат стружанецот Владо Малески на дочекот на Новата 1942 ја испеал „Денес над Македонија се раѓа“. „Тогаш бевме ние поканети за Нова година да ја дочекаме 1942 год, кај Сотир Шута куќата. Бевме повикани таму заедно со мојот сопруг, таму беше Нико Нестор кој беше главен организатор на КПЈ. Беше и Владе Мале кој ја испеа „Денес над Македонија“-раскажува Мандоска. Утре во Струга се одбележува еден важен историски...
Поефтинува мобилната телефонија
Post Views: 10 Поефтинува мобилната телефонија. Тоа се очекува од први јуни според најавите на првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски. Цените веќе се намалени во фиксната телефонија, додека пак кај СМС пораките сеуште нема корекција бидејќи ќе се чека на регулативата на ЕУ.„За СМС воведовме пазар на СМС, но тој пазар се уште не е прифатен во Европската унија, каде што ние учествуваме. Покрај нас само уште две-три земји го имаат дефинирано овој пазар како релевантен. Ние чекаме да тој пазар да се прифати како релевантен и го усвои Европската...
Осветлен пристапниот пат до хотел Далјан
Post Views: 8 Одмаралиштето за лицата со посебни потреби, хотел Далјан, Охрид се подготвува за престојната сезона. Локалитетот на хотелот, на влезот во градот, сеуште важи за едно од ретките места на охридското крајбрежје каде што природата е недопрена, но за жал на неколку места нагрдена од човечкиот фактор. Менаџерот на хотелот, Славица Стефаноска вели дека и годинава се сретнуваат со старите наталожени проблеми, но открива дека сепак новата градска власт направила исчекор во решавање на еден од горливите проблеми. „Осветлувањето на пристапниот пат до хотел Далјан е конечно...
Охридското Езеро на 1 см до излевање
Post Views: 8 Метеоролозите најавуваат период на стабилно, суво, релативно топло и сончево време. Температурите на воздухот ќе бидат во значителен пораст, а тоа пак ќе влијае на топењето на снегот од планинските предели. Денешното ниво на Охридското Езеро е дваесет и четири сантиметри повеќе од дозволеното или според табелата на ЕЛЕМ е на 693,99степени метри надморска висина. Останува уште 1 см до критичната точка од 694. Трајче Талевски од Хидробиолошкиот Завод смета дека ако продолжи да се покачува нивото тоа сигурно ќе направи штети на крајбрежните објекти и населби. „Ова е...