Автор: Николоска Биљана
Post Views: 7 Светскиот ден на театарот годинава во знакот на 7 деценискиот јубилеј од Интернационалниот театарски институт УНЕСКО. Поради тоа, годинава наместо една, ќе се читаат пет светски пораки во театрите низ светот. Директорот на ЦК Стрезо Стаматоски кажа дека годинава има и една македонска порака, која ја напиша актерот и стендап-комичар Сашко Коцев, а која ќе се чита пред почетокот на вечерашната изведба на претставата Аналфабет. „Интернационалниот ден на театарот практично е ден кој ја одбележува важноста на театарот во општеството и служи да ги разбуди оние...
На улица против власта и струшките социјалдемократи
Post Views: 5 Два дена протестираат и струшките социјалдемократи. Го искажуваме својот револт за кршењето на демократијата, слободата и Уставот пред и во собранието на Р.М. од страна на актуелната власт, вели Ристе Ќушкоски актуелниот претседател на ОО на СДСМ – Струга.„Истовремено сакаме да ја информираме струшката јавност дека советничката група на СДСМ- Струаг не учествуваше во расправа на последната седница на Советот на општина Струга поради изгубената доверба на институциите на власта“ -истакна Ќушкоски.Ќушкоски го повтори ставот на нивната партија на централно ниво, дека...
Пазарот на трудот и новата сиромаштија
Post Views: 6 Сиромаштијата на 7000 јазици го има исто значење. Во земјава индексот на сиромаштија изнесува околу 30%, што значи дека секој трет Македонец е сиромашен. Денес во Хотелот Климетица во Охрид, синдикатите од земјава, и од ЕУ разговараа на оваа тема и разменаа искуства. Сиромаштијата е глобален феномен во светот, посебно кај нас, вели претседателот на УНАСМ Слободан Антевски. Додава дека од нивна страна се прави онолку колку што се може, во борба против овој феномен. „Имаме сиромашни и посиромашни од она што го имаме во одредени периоди меѓутоа неможеме во овој момент...
Спектакуларен концерт на гимназијалците од Охрид
Post Views: 6 Денот на пролетта во Охрид го донесоа младите музички таленти од охридската гимназија „Св Климент Охридски“. Во духот на младоста, среќата, љубовта тие синоќа во организација на Лајонс Клубот Охрид, а одлично подготвени од нивните ментори професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимоски приредија еден незаборавен концерт кој ја воодушеви публиката во преполнетата сала во ЦК „Григор Прличев“. Претседателот на Лајонс Клубот Охрид, Александар Гоџо сеуште е под голема импресија од синоќешниот концерт. Тој вели дека нивна работа било да обезбедат сцена со...
Охридските парламентарци во Трпејца
Post Views: 10 Во битката за профит, некој посегна по најсветите нешта, Македонската православна црква. Доказ за тоа е најновиот атак врз параклисот и светриот камен во туристичката населба Трпејца, реагираат пратениците на ВМРО – ДПМНЕ Александар Николоски и Харалампие Шокароски, како и претседателот Атанаско Михаилов и координаторот на ОК Дејан Паноски. Николоски вели дека згрозени се од најновите случувања во Трпејца и дека се тука меѓу мештаните за да го решат проблемот.„Дополнително да биде иронијата уште поголема, тој кој што посегнал по оваа работа, е истиот кој што...
Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид
Post Views: 7 Зголемен е бројот на невработени лица во Охрид. Според последната евиденција на Центарот за вработување, во нашата општина има 6573 лица од кои 3619 се активни баратели на работа. Директорката на Центарот Маја Ташова Биткоска појасни на што се должи зголемениот број на невработени лица. „Во моментот со опцијата за аплицирање за материјалното обезбедување, невработеноста се зголеми во бројка, бидејќи луѓето кои што не се пријавувале а сега имаат право да го искористат и да го обноват тоа барање за материјално обезбедување по основ на стечај и на технолошки вишок...
Усвоен буџетот за 2013 во Струга
Post Views: 8 Општина Струга во 2013 година на располагање ќе има околу 12 милиони евра. Толку е тежок струшкиот буџетот. Истиот, на денешната редовна 47 ма по ред седница на Советот на Струга, беше усвоен експресно, без поголема дебата. Повеќето од струшките советници се изјаснаа позитивно по предлог буџетот, бидејќи сметаат дека истиот е реален. Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко вели дека годинава одлучиле да бидат поскромни во проектирањето на буџетот, бидејќи според него, домашниот есап кој го планирале од продажба на неизградено градежно земјиште не излегол на...
Од „Совест“ остварија средба со Комисијата за односи со верските заедници
Post Views: 6 Здружението на граѓани „Совест “ на средба со Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи. Средбата била на барање на директорот на Комисијата,Даријан Сотировски. Од здружението „Совест“ го поздравуваат гестот на Комисијат која е првото тело на централната власт кое што досега покажало интерес дирекно да ги слушне реакциите на граѓаните околу реконструкцијата на Али Пашината џамија. Претседателот на „Совест“ Михаил Трендафилов Нанче, смета дека новиот директор на Комисијата ќе трасира една нова насока во текот на настаните околу градежните...