Автор: Николоска Биљана
Post Views: 11 Задолжителна регистрација на пловени објекти. Тоа деновиве се регулира во капетанија. Во евиденцијата на Охридска капетанија пријавени се над илјада пловни средства кои имаат механички двигател, а регистрацијата во зависност од категоријате се движи од 250 до 2 750 денари. За тоа која е постапката за да може пловното средство да се пушти во вода, кажа Капетанот на Охридската капетанија, Љупчо Настоски.„Прво и основно е да има доказ за сопственост на пловниот објект, а тоа се, фактура, царинска декларација доколку е самоградба изјава за самоградба. Наредна фаза е...
Хуманитарен концерт по повод Денот на пролетта
Post Views: 6 Хуманитарен концерт по повод денот на пролетта. Настанот е во организација на Лајонс Клубот од Охрид. Младите музички таленти, соло изведувачи, хорот и оркестарот на охридската гимназија деновиве неуморно се подготвуваат под менторство на професорите Александар Димоски и Љупчо Аслимовски. Сите настани кои се наменети за хуманитарни цели секогаш се предизвик, велат учесниците. Тие не открија детали со што ќе се претстават, освен што потенцираа дека со нетрпение го очекуваат утрешниот ден. „Подготовките досега течат супер, неуморно работиме веќе две недели“„Имаше...
Седум децении од смртта на Незлобински
Post Views: 8 Грандиозното дело на д-р Никола Незлобински, после 70 години ставено на хартија. Неслучајно годинава, кога се навршуваат 7 децении од смртта на големиот доктор, хуманист, биолог и музеолог Др. Никола Незлобински излегува од печат монографијата „Никола и Марија Незлобински“. „Ова е наш генерациски долг“, вели првиот човек на музејот д-р Сашо Цветкоски. Тој додава дека монографијата произлегла од оргинални документи.„Еднаш да излеземе со едно заокружено дело, односно наше видување кон Незлобински и се она што беше негов легат негова оставштина да го презентираме на...
Мал пожар се гаси со чаша вода
Post Views: 9 Температурите растат. А со тоа расте и ризикот од пожари. Вниманието насочено кон НП Галичица за заштита на ова природно национално богатство за да не ни се повтори опожарувањето од големи размери во 2007та. Изминативе четири години состојбата во паркот од аспект на пожари е стабилна, а тоа будно се следи, вели раководителот на заштита од пожари Наумче Новески. Тој потенцира дека паркот има посебна стратегија за преземање на сите неопходни мерки да се изолира и најмалата причина поради која настанува пожарот и додава дека брзо откриен пожар се гаси со чаша...
ВМРО- ДПМНЕ и бројните проекти
Post Views: 7 Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ, активен партнер во зачувување и унапредување на правата на работниците. Денес честитајќи го меѓународниот ден на трудот, жените од владеачката гарнитура се пофалија со нивните заложби во работењето како и за постигнатите резултати во социјалната сфера и унапредување на правата на жената.„Наша идеолошка и програмска цел е да останеме активен партнер во борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Тоа го правиме чесно искрено и посветено. Од нас нема да слушнете нереални ветувања, како она на опозицијата дека ќе...
„Напиши стих – купи кафе“
Post Views: 9 „Напиши стих – купи кафе“ . Под ова мото денес во Тераса Аквариус љубителите на пишаниот збор го одбележаа Светскиот ден на позеијата. Организаторот Дамјана Видическа вели дека оваа иницијатива е резултат на следење на светските примери каде што ваквите настани се одржуваат години наназад. „Одлучивме да ги натераме граѓаните на Охрид да бидат креативни и да им се приклучиме на ваквите настани и да го одбележиме Светскиот ден на поезијата. Многу сум среќна што дојдоа студентите и повозрасни граѓани и очекуваме и повеќе“ Еден од иницијаторите на денешната...
Светскиот ден на поезијата одбележан во Охрид
Post Views: 15 Со цел да не се заборави класичната уметност и современата литература, денес во Охрид беше одбележан Светскиот ден на поезијата. Роднокрајните поетеси во НУ Библиотека „Григор Прличев“, денес презентираа дел од своите творби. Познатиот охридски писател Тоде Илиески истакна дека годинава денешниов ден е троен празник, што е ден на поезијата, е и ден на екологијата и пролетта. „За да направиме врска со светската поезија ќе биде претставен Шеј Маскини, ирскиот поет нобеловец од 1995 година кој е познат и на македонската публика бидејќи беше учесник на Струшките...
Кафето може скапо да ве чини
Post Views: 8 Времето затопли и нормално е луѓето да го искористат тоа за да излезат од дома. Кафулината преполни, а улиците, уличките затка од коли. Еден таков хаос од возила се создава на дел од улицата Коста Абраш. А само на неколку метри, помеѓу двете рампи кај градскиот плоштад има огромен паркинг. Граѓаните кои што живеат во тој дел од градот и секојдневно минуваат од тука, реагираат и во континуитет укажуваат дека надлежните треба сериозно да пристапат кон надминување на проблемот. И од СВР Охрид признаваат дека на оваа улица постои сериозен проблем а со самото тоа и тие...