Автор: Николоска Биљана
Post Views: 8 Претседателот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Михаилов, денес со солзи беше дочекан во домот на Размоски. Домаќинката, 10 години парализирана лежи во кревет и вели дека за прв пат некој се сетил и на нив. Скромни средства од нега на болен влегуваат во нивниот дом и оваа помош за нив беше добредојдена. Не сакаа да коментираат пред нашата камера, поради тешкиот момент и криза во која се наоѓаат, но на претседателот и членовите им изразија голема благодарноат.Михаилов рече дека и годинава традиционално се во посета на семејства на кои им е неопходна помош. „Тоа го правиме...
Многу хумани гестови за Велигден
Post Views: 8 Без разлика на верска, национална припадност или политичко убедување, секогаш треба да се помага на сиромашните. Ова е главната цел на новоформираното Здружение, Македонско турско пријателство. Нивната прва активност е хуман гест, поточно скромно внимание на ранливата категорија во очи на големиот христијански празник Велигден. Претседателот Илкер Мустафа и останатите членови на здружението, претставници на турците, албанците македонците, египќани и власи ги сослуша социјалците, секој со својата мака. Кујтим Усеини рече дека времето стои пред нас и за да се негува...
Чифлиганец и за Велигден во Охрид
Post Views: 9 Уште еден хуман гест на кумот на Водици, Ванчо Чифлиганец. Тој за Велигденските празници реши на најзагрозените семејства од Охрид да им подели 50 хуманитарни пакети со прехранбени и хигиенски производи. Потпретседателот на здружението „Богојавление“, Димитри Пендо, рече дека тука сме благодарение на кумот и неговата желба да помага преку целата година. „И ова е уште една потврда дека не згрешивме со изборот на годинешниот кум, напротив со ова се покажа и докажа неговата добрина и големина и неговата вљубеност кон христијанството и православните празници и...
Намалени се површините на плажите на Охридското крајбрежје,
Post Views: 21 Врнежите од дожд и топењето на снеговите што го зголемија нивото на Охридското езеро, на површина ги извади и првите проблеми во делови на охридското крајбрежје. Концесионерите на дел од плажи стравуваат дека ќе ги изгубат плажите. Тие укажаа дека површината на дел капалиштата се половина под вода и се загрижени поради ваквата состојба. „Границата веќе е критична. Како што може да видите половина од плажите веќе се под вода. Конкретно на мојата плажа е нешто повеќе. Првиот посериозен бран ќе направи уште поголеми штети. Ние сме навикнати ова не е прв пат. Во...
Охрид СОС: Продолжува издавањето на одобренија за градење на охридското крајбрежје
Post Views: 7 Не е испочитувана една од една од клучните препораки на УНЕСКО: прогласување на мораториум на сите градежни модификации на крајбрежјето и урбаното подрачје во рамките на Светското наследство, сè додека не се изработат сите релевантни плански документи, обвинија деновиве активистите на граѓанската иницијатива Охрид СОС. „Може да се забележи дека се продолжува со градењето и издавањето одобренија за градење на крајбрежјето, а легализацијата на бесправно изградени објекти се практикува во континуитет со што урбанизацијата во регионот слободно може да се констатира...
Преку Смарт Охрид концептот, до промоција на НП „Галичица“
Post Views: 6 Денес во општина Охрид беше промовирана пред-физибилити студијата за концептот Smart Ohrid или Охрид – паметен град. Станува збор за концепт во кој е предвидено како Охрид би можел да се развива на одржлив начин, со цел од тоа придобивка да има населението, општината и туристите, вели Ана Чоловиќ Лешоска од Центарот за истражување и информирање за животната средниа Еко – свест“. „Идејата на концептот е да го намали притисокот од сообраќајот врз НП „Галичица“ односно врз биодиверзитетот и врз локалното население со тоа што сите автомобили или дел од нив би...
Не биди насилник
Post Views: 6 Расте бројот на жртвите на семејно насилство. Месечно од Струга за помош се јавуваат по 4 жртви на СОС линијата 15 700, додека пак многу поголем број на пријави на СОС линијата дури 480 се однесуваат за насилство на работното место и непочитување на човековите права, вели претседателот на „Езерка“, Драгица Павлеска Попеска. Таа додава дека од ден на ден расте бројот на жртвите кои се охрабруваат и зборуваат за насилството што го трпат и тоа најчесто жените и постари лица.„Имаме доста пријави на семејното насилство и граѓаните веруваат во невладиниот сектор. Но наше...
Отпадот кој го исфрла езерото може драстично да се намали
Post Views: 10 Отпадот кој деновиве го исфрла Охридското Езеро може драстично да се намали доколку се постават решетки на сите водотеци, реки и суводолиции на подрачјето на нашата општина. Во моментов еден ваков проект кој го изготви Локалната самоуправа и ЈП „Охридски Комуналец“ е во крајна реализација, информира Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. Тој кажа дека во рамки на овој проект во ЈП ќе биде формирана посебна служба која ќе се гижи околу одржувањето на решетките кои треба да се постават на устието на реките. „Ќе се намали повеќе од...