Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Ден на водни спортови“, празник за стружани

Post Views: 17 „Ден на водни спортови“. Втора година по ред градот на две води, Струга, го организира овој настан, кој прераснува во традиција. Ентузијазмот на младите е посилен од сите проблеми со кои последниве години се соочуваат водните спортови на нашиве простори, вели претставникот на организациониот одбор Иван Андрески, додавајќи дека енергијата, целта и успехот на младите спортисти веќе ја мапирааат Струга на Европската карта на водени спортови. Но Андреески открива дека ниту Локалната самоуправа на градот, ниту Агенцијата за спорт и млади не партиципира со никаква...

Продолжи со читање

Алиу: Некогашниот пливачки базен во Струга претставува опасност за учениците

Post Views: 11 Остатоците на некогашниот затворен пливачки базен во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга останува нерешен проблем, за градот но и државата. Сликата на овој своевремено репрезентативен објект каде се калеа многу пливачки имиња не само од Струга и Охрид туку и пошироко во моментов е најгрдата слика во туристичка Струга, место на наркозависници и депонија. Но најновo директорот на училиштето Шкелким Алиу предупредува дека овој објект е опасност за учениците. „ Веќе 4 години се обраќаме до Локалната и Централната Власт со цел да се најде решение за базенот, кој е...

Продолжи со читање

Месопреработувач – нов профил во „Нико Нестор“ Струга

Post Views: 33 Сеуште има слободни места во Средното општинско училиште Нико Нестор од Струга. Голем е бројот на ученици кои не се запишани во јунскиот и августовскиот уписен рок во струките кои се застапени во ова училиште открива новиот директор на оваа установа Миле Попоски. Тој додава дека сите тие имаат уште една шанса во слободниот упис кој ќе биде на почетокот на месец септември. „Имаме геодетска струка, техничар и архитектонска струка што се застапени само во нашево училиште од регионов и повеќето ученици се запишуваат од нашиов регион, малку доаѓаат од соседните...

Продолжи со читање

Ренџов: Наградата за мене е поклонение пред браќата Миладиновци

Post Views: 12 Михаил Ренџов е добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за 2017 за книгата „Јас. Елегии“. Од вкупно 38 изданија на Конкурскот распишан од СВП, членовите на жири комисијата се одлучија за делото на Ренџов по претходно направените критичко – аналитички согледби, изјави претседателот на комисијата Глигор Стојковски. „Новата поетска објава на Ренџов изобилува со извонредни креативни решенија што успешно составуваат формално стилска синергија. Високата, строга и ригорозна парадигма се гради на сите нивоа што доведуваат до одлични резултати чиј идеал е софицистирана...

Продолжи со читање

Почнаа Струшките вечери на поезијата

Post Views: 10 Денес во Струга со садење дрво и поетско читање на „Тга за југ “во чест на добитникот на „Златниот венец“, Чарлс Симиќ, почна фестивалот Струшки вечери на поезијата. На годинешново 56 то фестивалско издание ќе биде презентирано творештвото на Симиќ кој важи за еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти истакна директорот на СВП Мите Стефоски. „Се работи за една исклучителна творечка појава која не само во и американската туку и во светската поезија од поодамна е познат и на нашиите простори и многу преведуван. Тој потекнува од Србија и...

Продолжи со читање

Во 21 век, вода ни за лек во Струга

Post Views: 6 Под мотото „21 век, а нема вода за лек“, стружани денес пред зградата на МЈП Проаква Р.Е. Водовод, излегоа на протест. Тие пред дел од раководните структури го кренаа својот глас укажувајќи дека се редовни плаќачи на оваа комунална давачка и дека не ги интересираат проблемите со кои се соочува ЈП, од типот, слаба наплата, наводнување на ниви, бајпаси од куќа на куќа, дотраена мрежа итн. Тие бараат вода, за која ЈП законски е обврзано да им ја достави бидејќи редовно плаќаат секој месец. „Проблемот е заради недостигот на вода, што ни се случува секое лето, но оваа...

Продолжи со читање

Струга без вода на плус 40 степени

Post Views: 6 Слабиот притисок на водата за употреба или воопшто немање вода дури и по десет часови на ден е реален пробем со кој се соочуваат стружани години наназад. Проблемот за жал е присутен и оваа сезона, посебно во третиот и четвртиот реон на општина Струга, односно на потегот од Основниот Суд до факултетот ФОН. Од Р.Е. Водовод Струга, со оправдување, но не и со конкретно решение дека проблемот може да се надмине. „Изворите се драстично намалени посебно изворот во Шум и Горна Белица. Втор проблем е ненаменски користење на водата за поливање на зелени површини и миење...

Продолжи со читање

Слабиот притисок на вода негативно влијае врз туризмот во Струга

Post Views: 8 Струга и оваа туристичка сезона со слаб притисок на вода. Преку ден може да се начека по некој млаз, додека пак во вечерните часови се случува и воопшто да нема. Овој проблем кој неколку години се провлекува, сериозно влијае врз туризмот, опоменуваат струшките хотелско угостителски работници. Науме Угреновиќ, менаџерот и сопственик на Монтенегро Струга, вели дека странските туристи изразуваат поголем револт. „Посебно кај странските гости не можеме да се оправдаме, за нив малку е чудна таа појава сабаје рано наутро нема вода. Ние се правдаме дека тоа не е до нас...

Продолжи со читање