Автор: Николоска Биљана
Post Views: 10 Радикални мерки за нелиценцираните такси превозници. При редовна контрола на државниот и општинскиот инспекторат за патен сообраќај одземени се 7 авто такси возила, од кои 5 на релација Охрид-Струга и 2 на релација Охрид Битола. Државните инспектори при Министерството за транспорт и врски ја потврдија оваа информација .Од општинскиот инспекторат кажаа дека имаат одлична соработка со државниот инспекторат за патен сообраќај. Раководителот Танас Танасоски согласен дека време било да се настапи со радикални мерки, поточно со одземање на возилото на не лиценцираните...
Гочева: Новиот албум „Извор“ го отсликува мојот музички израз последниве неколку години
Post Views: 7 Поп дивата, најдобриот македонски вокал, Каролина Гочева, најавува незаборавен концерт за кој долго време ќе зборува во Охрид. Концертите во Охрид секогаш се убави вели таа. Ветува дека атмосферата од неодамнешниот концерт кој го имале во Скопје ќе ја пренесат и вечерва во Охрид, каде ќе биде промовиран нејзиниот најнов албум „Извор“. Гочева открива колку време работеле на последниот албум „Го снимавме цела измината година се заедно…сепак тоае процес кој трае подолго од планираното, не сакавме да се ограничуваме во никакви временски рамки, сакавме тогаш...
Охрид кубури со дефектолози
Post Views: 10 Охрид кубури со дефектолози. На ова поле од ЛДП бележат поразителни статистички податоци. Од една страна тројца дипломирани дефектолози на подрачјето на општината, сеуште чекаат работа по нивната струка а од друга страна Локалната самоуправа и Централната власт вработуваат нестручни кадри. Ова е погрешна политика на двата субјекти вели потпретседателот на партијата Десанка Тасеска.„Денес во која и да било земја членка на ЕУ постојат утврдени правила, што значи на определен број на деца со посебни потреби треба да биде соодветно застапен и определен број...
Здравствениот дом во Струга се поднови
Post Views: 9 Две возила за итна медицинска помош пристигнаа во Струга и чекаат на повик. Тие се дел од програмата на Министерството за здравство со која се обезбедија 69 возила за потребите на Здравствените домови во државава. Тригодишното лобирање за овие возила на првиот човек на струшкиот Здравствен дом д-р Вера Попоска, конечно вродија со резултати, стружани да добијат квалитетна услуга доколку се наложи потреба од тоа. „Тоа е нешто врвно кое што е неопходно во денешно време да функционира и ние сме многу среќни. Возилата располагаат со се и сешто и замислени се да делуваат...
Деновиве Охридското Eзеро исфрла отпад
Post Views: 18 Депониите по коритата на реките завршија во езерото. Околу 40 метри кубни разновиден отпад, трска, шишиња, најлони, за само два дена е подигнат на потегот од Градското пристаниште до холандскиот парк. Количината на отпадот кој се најде на градскиот кеј е резултат на изливање односно високиот водостој на реките и речните корита, поради обилните врнежи на дожд и топењето на снегот од планините, вели Стефан Маслов раководителот на јавна хигиена во ЈП „Охридски Комуналец“. „Не се работи за отпад кој бил наталожен на дното од езерото и сега е исфрлен на самото...
Жените во АРМ
Post Views: 11 Жените ги надминуваат стереотипите за некои професии кои порано се сметаа за исклучиво машки. АРМ е вистинска платформа за професионален развој на една амбициозна, храбра, издржлива, дисциплинирана, со еден збор жена која навистина го сака тоа што го работи односно вистински ја сака оваа за многумина повеќе „машка“ професија. Таков е примерот со Мишела Маркоска и Елисавета Димитриеска, вработени во Армијата на Р. Македонија во Центарот за обука на вода во Охрид. Мишела е старешина, а Елисавета работи во администрацијата, двете фамилијарни жени, мајки на две...
Кој да ја слушне маката на Митреви?
Post Views: 10 Импровизирана колиба во месноста Велгошти на патот кој води кон селото Рамне е новиот дом на семејството Митреви. ТВМ две години во континуитет ја следи нивната животна приказна, каде се јавија многу јунаци за помош, но од тоа останаа само празните ветувања. Она што сеуште го држи ова семејство, кое живее во голема беда и сиромаштија, без елементарни услови за живот, е надежта. Аце Митрев вели дека подготвен е да оди дури до претседателот на РМ Горѓе Иванов и да му каже за неговата мака, бидејќи надлежните од Охрид досега не мрднале со малиот прст.„Градоначалникот...
Пензионерите ќе добијат сместувалиште
Post Views: 7 Пензионерите од Охрид па и пошироко ќе добијат Дом за стари лица. Иницијативата на пензионерите како и нивната четиригодишната битка да се обезбеди престој за старите лица, по се изгледа резултира со позитивен епилог. Портпаролот на Здружението на Пензионери на Охрид и Дебрца Крсте Спасески, вели дека надминати се сите проблеми околу имотно правната состојба за местото каде треба да никне овој објект и во најскоро време очекуваат да се удри камен темелник на Домот за стари лица.„Сега со влегувањето на Локалната самоуправа во втората фаза на децентреализација од нова...