Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Заев во Охрид го претстави законот за јазиците

Post Views: 154 Помина предлог законот за употреба на јазиците во Р. Македонија од страна на Владата. Денес пред ресторанот „Лихнидос“ во Охрид премиерот Зоран Заев и Хазби Лика заменик претседател на Владата, задолжен за спроведување на Рамковниот договор и политички систем, ги презентираа деталите од тој Закон. Заев истакна, дека со Законот за употреба на јазиците ја унапредиле употребата на јазиците на сите заедници, како и тоа дека сите одредби во законското решение биле согласно Член 5 од Уставот од РМ. Додаде дека пакетот го пратиле на усвојување во парламентот, а откако ќе...

Продолжи со читање

Пчеларството во Охрид, пред колапс

Post Views: 166 Пчеларската бранша е исправена пред колапс, коментираат пчеларите од охридско. Причина за тоа се ниските температури кои го зафатија нашиот регион кон крај на месец април, кои не дозволија пчелите да излезат од пчелните сандаци во првите пролетни денови. Тони Јосифовски претседател на охридските пчеларски здруженија, вели дека се тоа доведе и до голема смртност на пчелната популација, што загрижува. „Годинешнава реколта е катастрофална, станува збор за катастрофа. Последните надежи можат да изумрат кај голем дел од пчеларите. Катастрофални се приносите. Оваа година...

Продолжи со читање

Благослов за новиот муфтија

Post Views: 157 Екс муфтијата Ферат Полиси при донесувањето на одлука за  рушење на дел на џамијата бил свесен за последиците. Како што веќе информиравме, тој потег го чинеше, негово разрешување. „Ако не го преземев овој чекор на своја рака и покрај предупредувањата на повисоките структури на ИВЗ, како и разните притисоци, муслиманите од Струга ќе се збогуваа со идејата за изградба на голема џамија во градот и центар за клањање“, истакнува Полиси.  Додава дека и покрај огромниот притисок што го трпеле, тие си го направиле своето.„Но накрај ние го направивме она што требаше сметајќи...

Продолжи со читање

„Вивалдијано – град на огледала“ со настап на Охридско лето

Post Views: 145 Исправени пред предизвикот да се гради брендот на институцијата Охридско лето, за нас најважно е доследно да ја испочитуваме традицијата и домаќински да работиме. Денес кога престижниот фестивал Охридско лето го одбележува својот 57 роденден, продолжуваме да ја градиме вредноста на светското собиралиште на врвни уметници, истакна директорката на фестивалот Сузана Вренцовска. „Многу луѓе тука на оваа фестивалска сцена оставиле свој белег и се заслужни за успесите. Охридско лето носи околу 1000 уметници, актери, театарски работници, солисти, хористи, музичари од сите...

Продолжи со читање

Андреј Стојановски победник на Илинденскиот маратон

Post Views: 143 Андреј Стојановски прв доплива на целта на 38 то издание на Илинденскиот пливачки маратон 2017. Во конкуренција на шеесеттина пливачи од неколку домашни и странски клубови кои плива во водите на Охридското Езеро, поделени во две категории, тој успеа да ја понесе годинешнава победа. Стојановски вели дека имал мала криза после олимпијадата за глуви која се одржа во Турција, но желбата да плива на Илинденскиот маратон во Охрид била појака од се, така што воопшто не му било тешко без придружба да плива. „Андреј учествуваше на Олимпијадата за глуви што се одржуваше во...

Продолжи со читање

Спомен соба за Незлобински

Post Views: 149 Стружани скромно ќе го одбележат големиот јубилеј, 70 години од смртта на Д-р.Никола Незлобински. Неговото име е тесно поврзано со почетоците на музејската дејност во Струга, бидејќи тој е човекот кој ги отвора вратите на првата музејска збирка, со што биле поставени основите на музеологијата во Македонија. Финишираат подготовките за одбележување на овој јубилеј, вели директорот на Музејот, Сашо Цветкоски. Тој додава дека единствено Министерството за култура донирало средства за одбележување на овој јубилеј, а со дел од средствата била подготвена спомен собата на Д-р.Никола...

Продолжи со читање

Здравјето пред профитот

Post Views: 145 Прашањето за каменоломите во струшко Лабуништа никако да се најде на дневен ред на седниците на струшкиот Совет. Советникот од Нова Демократија, Абдула Ќазимоски во неколку наврати упорно ја наметнува оваа точка. Тој воедно ја образложува итноста од дискусијата на оваа тематика  и предупредува на сериозноста на проблемот.„Незнам ако ги делиме некои работи правењето профит е секундарна работа здравјето животот на човекот е примарна работа. Ми се чини дека со ингеренции на општина Струга со нашите можности да делуваме требаше денес да се стави тоа и да се бара одговорност...

Продолжи со читање

Топлотниот бран во Охрид го зголеми бројот на интервенции

Post Views: 136 Топлотниот бран кој деновиве го зафати охридскиот регион ги зголеми и интервенциите на медицинските тимови на интерното одделение при охридската општа болница. Колабирања, влошена здравствена состојба на хронично болни, се само дел од состојбите на кои се интервенира, вели началникот на интерно одделение д-р Виолета Милошеска. „Со високите температури и кај нас е зголемен бројот на прегледи, интервенции. Препораки се да не излегуваат на топлото време, да пијат доволно течности, да носат полесна и бела облека и доколку имаат проблем веднаш да се јават во Итната медицинска...

Продолжи со читање

Точков: Да се користат само безбедните капалишта

Post Views: 214 Крајно време е на Охридската ривиера комплетно да бидат воспоставени безбедни услови на капалиштата. Сите концесионери треба да ги почитуваат законските одредби од правилникот кој е донесен од страна на Капетанија на пристаништата на Македонија и Министерството за транспорт и врски, укажува претседателот на Црвениот Крст од Охрид, Сашо Точков. Засега, според Точков, на охридското крајбрежје небезбедни се 30% од капалиштата, додека пак во соседна Струга и Преспанскиот регион дури над 50% од капалиштата се небезбедни. „Имаме доста неодговорни концесионери, пробавме...

Продолжи со читање

ДУП-от за струшко крајбрежје-топ тема на седница на совет

Post Views: 153 Со задоцнување од еден час од закажаното време отпочна 39 тата седница на струшкиот Совет. Пардон за доцнењето немаше од страна на претседателот на Советот, но затоа пак, седницата почна со извинувања и забелешки на дел од советниците, во врска фамозниот ДУП за крајбрежниот појас. Мацески пред се од морален аспект, побара предлог одлука за поништување на предлог одлуката за НП на локалното крајбрежје. Крајна цел на ваквото барање би било да се изготви друг план кој ќе биде во  интерес на граѓаните, додаде тој.„Сакам да кажам дека ние како советничка група кои што гласавме...

Продолжи со читање

Општа болница Охрид доби ново санитетско возило

Post Views: 141 Општа болница Охрид доби ново санитетско возило. Тоа е донација од јапонската амбасада и е во вредност од 2 милиони и 370 000 денари. Секретарот на општа болница Охрид, Антонио Наумоски вели дека возилото е единствено од ваков тип во регионот, комплетно опремено и истото ќе обезбеди поквалитетна услуга, но ќе го олесни и работењето на установата.  „После 11 години се стекнуваме со ново комплетно воило со сите стандарди кое треба да ги има едно санитетско возило.  Пред се бевме зависни од службата на Брзата помош која многупати не покриваше бидејќи немавме возило,...

Продолжи со читање

Драмскиот дел на Охридско лето го отвара сараевската приказна „Жаба“

Post Views: 139 „Камерниот театар 55“, од Босна и Херцеговина утре во предворјето на црквата Св Софија ќе ја изведе театарската претства „Жаба“. Оваа култна претстава една деценија ги полни театрите ширум бившите југословенски простори, а изведби имаат и во Европа. Како што нагласи драмскиот селектор на Охридско лето Зоран Љутков оваа претстава има вкупно 233 изведби. „Веројатно е многу интересно да бидете дел од еден проект кој што опстојува 10 години на својата сцена. Јас најголемиот максимум што сум го имал во една претстава е некаде околу 100 изведби, со траење од 6 години“. Претставата...

Продолжи со читање