Автор: Николоска Биљана
Post Views: 14 Расте бројот на деца кои имаат говорен јазичен проблем, а недостасуваат логопеди во општина Охрид. Зорица Шикоска која работи како логопед во детскта градинка „Јасна Ристеска“, укажува дека било какво отстапување од некоја просечна рамка на појавување на говор може да претставува причина, родителот да се советува со логопед. „Јас сум логопед во оваа градинка и го пратам говорниот развој на дечињата од 0 до 6 годишна возраст. Најголем акцент ставам на дечињата од 4 до 6 годишна возраст, поточно на средните и големите групи бидејќи тие деца ги подготвуваме за во...
Офталмологијата во Охрид, напредува
Post Views: 8 Првата операција во Македонија на катаракта со ултра звук е изведена врз охриѓанка. Тоа го направи стружанецот Др Наум Трпеноски, офталмолог, вработен во јавното здравство во Скопје. Тој воедно е и првиот офталмолог кој успешно изведе операција на катаракта врз пациент кој има Даунов синдром.Трпеноски вели дека, „Тоа се пациенти кои често неможат да ја издржат општата анестезија а бидејќи имаат некои срцеви малформации и малформации во органите за дишење и тешко е на нив човек да се одлучи да даде анестезија. Се работеше за девојка со катаракта на двете очи наша...
Ќе ѕирне ли антички Мегалополис од Враништа
Post Views: 9 После 30 години се отвора поле за истражување на т.н. локалитет „Црквени ливади“, во струшкото село Враништа. Експертите по археологија очекуваат дека тука лежат клучните информации за конечно решавање на кубикацијата на античкиот Мегалополис за кој досега се сметаше дека е во Враништа, но неговата позиција била нејасна. Директорот на НУ Музеј Др Никола Незлобински, Сашо Цветкоски, рече дека во моментов на локалитетот Црквени ливади се изведуваат контролни истражувања каде во седумдесетите години веќе била завршена археолошка кампања и биле пронајдени одредени...
Се за „Галичица“
Post Views: 10 Отворени двата информативни центри на НП „Галичица“, во Охрид и Стење. Почесни гости на отварањето беа основците од ОУ. „Григор Прличев“ и ОУ „Братство Единство“, кои денес го одржаа првиот час по биологија, запознавање со вредностите на НП „Галичица“. Учениците задоволни и ова е новина за нив.„Искрено позитивно сум изненадена од овој музеј се беше во најдобар ред и имавме можност да се запознаеме со многу работи коишто претходно не сме се запознале посебно со убавините на Галичица, вели ученичката Марија. Нејзината другарка Сара Зафироска вели дека центарот е...
Продолжена лиценцата на „Две солзи“
Post Views: 9 Погребалниот оператор „Две солзи“ доби продолжување на лиценцата и во наредните 5 години да ја обавува својата дејност. Управителот на овој оператор Наум Мургоски, за ТВМ изјави дека откако работат на пазарот со оваа специфична дејност, ја постигнале својата цел, да стават крај на монополот во погребалните услуги и бизнис. „Погребалниот оператор „Две солзи“, работи 5 години на охридскиот пазар. Деновиве ја обновивме лиценцата, од Министерството за тренспорт и врски. Продолжуваме со нашата посветена одговорност кон работата по пристапни цени“ Мургоски истакна...
Што беше тоа организиран паркинг простор?
Post Views: 11 Голем број станбени објекти во Охрид без соодветен и неопходен паркинг простор. Зошто надлежниот инспекторат не ги санкционира инвеститорите, што не го обезбедуваат потребниот паркинг простор пред станбените објекти? Граѓаните на Охрид, ова прашање не ретко го поставуваат до нашиот медиум. Тие сметаат дека во општинава низ прсти се прогледува на една ваква се позачестена и незаконска појава, поточно дека инвеститорите кога се работи за обезбедување на потребните паркинг места пред зградите, манипулираат со тоа. Одлично поткован за проблемите во урбаната сфера е...
Божиноски: Вработените во градинките на удар на СДСМ
Post Views: 14 4 негувателки и 1 воспитувач од детската градинка „Јасна Ристеска“ се избркани од работа без никакви основи, на понижувачки и нечовечки начин, обвинија на денешната прес конференција од ОК на ВМРО – ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиноски, вели дека продолжуваат безидејните политики на партиски вработувања и реваншизам на СДСМ така што сега на удар се вработените во градинките. „По наставниците и полициските службеници, сега на удар се вработените во градинките. Зарем ова е животот кој го донесе СДСМ? Играње со човечки судбини преку давање отказни честитки најпрво за...
Никна современо училиште во Вевчани
Post Views: 11 Основците од Вевчани, најверојатно во второто полугодие од учебната година ќе стапнат во новата училишна зграда. При крај се работите околу изградбата на современото училиште Страшо Пинџур. Допрва треба да се изградат спортски игралишта, забавни паркови и пристапни патишта. Првиот човек на училиштето Марјан Костојчиноски, истакна дека изградбата на новиот училишен објект се должи на несебичниот ангажман на градоначалникот на Вевчани, Перо Илиевски, кој постојано лобирал до Владата на Р. Македонија поточно до ресорното министерство да одобрат средства за оваа...