Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Негрижа за спомениците

Post Views: 466 Пропаѓа споменикот на револуцијата во Струга. Малку остана од она што значи спомен и почит кон паднатите борци од НОБ. Надлежните ова место го запоставиле и малку водат грижа за да се зачува вредното, велат стружани. Додаваат дека секој ќош во општината има свое значење.„Треба да се води повеќе грижа за историските споменици. Во Струга се е од голема важност и треба тоа да се негува“Денес тука пред споменикот на револуцијата може да се забележи дека човечката рака само го доуништува она што забот на времето веќе одамна го прави. Искршени скалила, откорнати столови,...

Продолжи со читање

За прв пат „Охридско лето“ отворено со џез музика

Post Views: 139 Древниот Охрид, креативното духовно жариште и прекрасна приказна, останува мост за духовно поврзувње и негување на културните и духовни вредности но и патоказ за еден поубав и похуман свет. Тоа се потврди и синоќа на отварањето на 57 издание на најпрестижната културна манифестација „Охридско лето“. Светската атракција, џез составот „Форплеј“, со својот настап ја воодушеви публиката во преполнетиот амфитеатар. Американските џезери придружувани од Македонската филхармонија под диригенската палка на маестро Емин Џијан, приредија незаборавен концерт кој долго ќе се памети....

Продолжи со читање

Шпаркасе Банка донираше медицинска опрема

Post Views: 209 Донација вредна околу 400.000 денари доби Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“, Охрид од Шпаркасе Банка Македонија. Преку реализација на донации оваа банка активно ги поддржува проектите од областа на здравството. Целта на овие донации е да се овозможат современи и подобри услови за користење на здравствените услуги во специјалните здравствени институции во државата, истакна Зоран Дически, регионален директор на Шпаркасе Банка Македонија. „Денеска Шпаркасе Банка уште еднаш покажа дека е општествено одговорна банка, која се грижи за општествената...

Продолжи со читање

Криза за вода

Post Views: 253 На стружани им се заканува криза за вода. Тоа ќе се случи доколку Министерството за земјоделие не ја преиспита својата одлука за давање под концесија на акомулацијата Шум. „На последната седница на Советот на општина Струга се донесоа заклучоци каде што се бара веднаш да се прекине со понатамошни градежни зафати во акомулацијата Шум, затоа што претставува важен објект за снабдување на граѓаните на оштина Струга. Исто така општина Струга постапи со барање на времена мерка на суд, вчера и денеска судот треба да излезе на терен, така да постои голем ризик ако не се реши...

Продолжи со читање

Неколку нови инструменти за мерење на силни земјотреси поставија во Охрид

Post Views: 137 Институтот за земјотресно инженерство и сеизмологија деновиве на неколку локации во Охрид постави инструменти за мерење силни земјотреси. Еден од нив е поставен на 9 катница во Охрид, во подрумот на објектот на општина Охрид и на уште неколку витални места во градот, пренесува директорот на ИЗИИС д-р Михаил Гаревски. Тој вели дека овие инструменти за нив како сеизмолози се драгоцени, во следење на земјотресите. Додеде дека од утре во нашиот град ќе престојуваат триесеттина експерти од нивниот институт кои ќе вршат увид на оштетените објекти. „Јас очекувам не повеќе...

Продолжи со читање

Јама во Струга, прелива со години

Post Views: 168 Со гумени чизми до канцалариите на државниот инспекторат. Тежок е пристапот до подрачните единици на Министерството за Образование, Министерството за Труд и социјална политика и неколкуте инспекциски служби во Струга. Причина, јамата која прелива и од каде се шири неподнослива реа, пред самиот влез на спомнатите институции. Проблемот е стар колку што е и стар и објектот, бидејќи оваа зграда не е приклучена во канализациониот систем. Водата од шахтата која прелива, ја има постојано и веќе си има оформено и свој басен, па уште малку треба да постане мала баричка. Но...

Продолжи со читање

Крводарителот Димитар Свилар 4 децении живее без вода

Post Views: 157 Три фамилии од Долно Лакочереј Охрид, 4 децении живеат без вода во своите домови. Тропајќи од врата до врата по надлежните институции, тие освен како што велат омаловажувања не добиле никаква надеж ниту некое ветување дека некој ќе се нафати да го реши проблемот. Димитар Свилар, кој е познат крводарител и кој досега дарувал 188 пати крв, за ТВМ раскажа како е да се живее без вода и што се направил за да донесе вода во неговиот скромен дом. „На сите им дадоа вода мене и на комшиите не. Незнам зошто, само велат дека сме дојденци и ништо не сме допринеле за селото...

Продолжи со читање

СДСМ под пенџере кај ВМРО – ДПМНЕ

Post Views: 225 Струшките социјал демократи, предлагаат конкретни мерки за стопирање на урбанистичкиот хаос. Тоа го направија пред влезот на ОК на ВМРО – ДПМНЕ од Струга. Наташа Пинтоска Беќароска, советничката на  СДСМ, деновиве е во прва борбена линија против уништувањето на струшкото крајбрежје. Таа го повика челнството на ВМРО ДПМНЕ да донесат две важни одлуки.„Прво, веднаш да ја напуштат владеачката коалиција која ја имаат со Рамиз Мерко и ДУИ на локално ниво во Струга. Второ, да го повикаат Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски во ниту еден случај да не го одобрува...

Продолжи со читање

Струга-Бејрут

Post Views: 187 Грда слика на струшкиот пазар. Насекаде расфрлан отпад, хаос од возила, се продава и се нуди се и сешто, се гради плански и неплански, насекаде се шири непријатна реа од скапаниот пазарски отпад, и на се тоа нема кој да воведе ред. Купувачите, па и пазарџиите, веќе подолго време се соочуваат со овој проблем и нередот кој што владее тука, упатија критика до надлежните.И невладиниот сектор од Струга има забелешки за струшкото пазариште. Велат дека се секојдневно ги слушаат бројни забелешки од граѓаните. Нивната констатација е дека Струга е на прво место по неред и нехигиена...

Продолжи со читање

„Сага за Охрид“ – книга за историското минато во Охрид

Post Views: 189 Промовирана книгата „Сага за Охрид“. Станува збор за дело во кое авторот, познатата новинарка Валентина Нелоска, низ 35 наслови ја открива својата душа, вткаена во Охрид, градот во кој живее и твори. Дел по дел, авторот, многу стрпливо, концизно и умешно, ја доловува секоја ситница од минатото на луѓето кои имаат своја приказна врзана со историјата, традицијата и постоењето на Балканскиот Ерусалим. Со оваа прва книга Нелоска, како што и сама истакна, остава нешто вредно зад себе, за градот кој и е на дланка, и секојднево се повеќе и повеќе ја инспирира да пишува...

Продолжи со читање

„Off Road“ викендов во Охрид

Post Views: 167 Викендов во Охрид „Оф Роуд“ авантура. Учесници од цела Европа престојниов викенд, односно 1 и 2 јули ќе бидат дел од незаборавната авантура по Илинска планина. Настанот е во организација на здружението „Off Road Ohrid“. Претседателот Александар Илоски пренесува дека изненадени биле од големиот одзив и интерес на љубителите на авантуристичкото возење во природа по тешко пристапни патишта и се очекува на настанот да има 350 учесници, 200 теренски Оф роад возила, 40 крос мотори и 20 четириточкаши. „Нови сме во оваа работа, овој спорт во странство е познат, кај нас...

Продолжи со читање

Погубен нацрт план

Post Views: 159 Напната атмосфера во Струга. Причина, носењето на нацрт урбанистичкиот план од страна на Советот на општината, за измена на струшкото крајбрежје. Новиот координатор на ОК на ВМРО – ДПМНЕ, Перо Петкоски ја отпочна својата прва задача и во име на партијата ја побара поддршката на сите стружани, во одбрана на граѓанските интереси. „Силно го осудуваме актот за уништување и разнебитување на струшкото крајбрежје, осмислен од страна на општинската администрација, поддржан од советниците на СДСМ“, рече Петкоски.„ОК на ВМРО- ДПМНЕ Струга заедно со граѓаните на Струга ќе се...

Продолжи со читање