Skip to main content

Автор: Николоска Биљана

Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство

Post Views: 9 Охрид меѓу водечките градови во земјава по број на случаи на семејно насилство. Последниве 4 години има тенденција на зголемување на семејното насилство и според податоците на Центарот за социјална работа, само изминатата година, над 200 жртви го пријавиле истото. Експертите по оваа проблематика сметаат дека тоа се должи на се поголемата развиеност на свеста на жената односно жртвата да го пријави насилството. Во текот на вчерашниот ден во Охрид се одржа трибина на тема. „Семејно насилство и насилство врз жената“. Претседателката на Советот, Живка Ангелоска...

Продолжи со читање

Повисоката сметка за вода, актуелна во охридскиот Совет

Post Views: 12 Зголемувањето на цената на водата во целата држава сеуште актуелна тема. Охридските советници од опозициската ВМРО – ДПМНЕ на последната седница на Совет реагираа дека зголемувањето на сметките за вода по корисник е околу 130 денари, а не само за паушалните 70 денари. Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ Кирил Пецаков истакна дека зголемената сметка на водата претставува најголем удар врз најсиромашните. „Дојде нова Локална самоуправа и некако многу лесно прифатија….Еве имаме примери градоначалникот на Скопје и Велес жестоко се спротивставуваат и борат со оваа...

Продолжи со читање

Забранет бизнисот со метален отпад

Post Views: 9 Покрај сувото гори и суровото. Поради зачестените кражби на метални предмети кои се во општа употреба како капаци од шахти, контењери, делови од метални електрични столбови, Министерството за животна средина стави крај на бизнисот со старо железо. За сметка на прекршителите на законот настрадаа и оние кои од овој бизнис чесно заработуваа за леб. Ова е обид на уништување на големите фирми за секундарни суровини и поддршка на крадците, смета Љупче Славески, на кој собирањето и продавањето на старо железо му е животна егзистенција. Но импликациите не завршуват тука....

Продолжи со читање

Арнаудовски: Во програмата за управување со отпад нема да го реши проблемот со отпадот

Post Views: 8 Конкретни датуми за чистење на дивите депонии, како и утврдување на бројот на такви депонии на територија на општина Охрид, побараа од советничката група на ВМРО – ДПМНЕ, од изготвувачот на програмата на денешната седница на Совет. Илија Арнаудовски истакна дека точката која се однесува на Предлог планот за управување со отпад на општина Охрид за период 2018 – 2020 е само замајување на јавноста дека ќе се реши проблемот со отпадот и смета дека јавноста мора да биде запозната со тоа. Додаде дека предложената мерка за санација на депониите со воведување на...

Продолжи со читање

Заедно за едно

Post Views: 4 Заедно за едно. НВО „Езерка“, Струга во соработка со наставниот кадар од образовните институции како и со нивните родители, континуирано работат на проблематиката за заштита на децата.Драгица Павлеска Попеска претседателот на Езерка вели, одбележувањето на денот на детето е само уште еден настан во низата активности кои тие ги спроведуваат во врска со децата. Ни руралните средини не се поштедени од пороците на 21 век.-додава Попеска.„Затоа мораме да бидеме будни, имаме и најавувања на вакви случаи кои се кажуваат страмежливо во едно семејство, кај комшијата, кај...

Продолжи со читање

Охрид град на цвеќето

Post Views: 7 Трендафилите се враќаат во Охрид. Дел од граѓаните на Охрид, навраќајќи се во спомените, велат дека трендафилите како препознатлив декор на градов од минатото многу им недостасуваат. Разнобојните садници од ова цвеќе редовно се наоѓале на фотографиите на охриѓани и бројните туристи. Трендафилите посебно беа карактеристични за паркот околу споменикот на Св Наум. Одговорниот на паркови и зеленило во ЈП „Охридски Комуналец“, Трајан Љаткоски, кажа дека ќе има обновување со садници на трендафили но на други парковски површини. Тој смета дека сегашниот изглед на паркот...

Продолжи со читање

Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен

Post Views: 11 Планинскиот туризам во нашата земја сеуште не е доволно развиен. За неговиот развој потребна е професионализација и стандарди, посочуваат од Македонската асоцијација на Интернационални водичи во планина. Професијата водич во планина, е една од најтешките професии во светот. Водичите на планина сметаат дека потребно е да се направи разлика помеѓу спортска планинарска активност и туристичка активност на планина. „Во туризмот ние имамe едни стандарди, работиме многу често со луѓе кои што воопшто не се искусни за таа работа и одговорноста за организирање на целата...

Продолжи со читање

Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста

Post Views: 8 Охридските гимназијалци и основци се обоија во боите на реткоста. Деновивие учениците преку бројни активности, изработка на постери, обојување на лицето, и училишните ѕидови, испраќање на пораки, дадоа поддршка за заедницата на Ретките болести. Со тоа тие станаа дел од интернет кампањата за поддршка на лицата со ретки болести. Директорката Весна Цветкоска истакна дека со задоволство гимназијата заедно со наставниот кадар и учениците дале свој придонес , а исто така најави дека голем број на ученицитеќе учествуваат и на традиционалната трка која ќе се одржи на 28...

Продолжи со читање